Живее во кралскиот двор, а јаде ваква храна?

Британскиот принц Вилијам, кој се труди да биде пример за сите, особено за младите, призна дека умее да погреши кога е исхраната во прашање.

Тој се труди да се храни здраво, но одвреме-навреме јаде брза храна. Ова предизвика неверување кај нутриционистите кои ваквата храна ја опишуваат како забранета.

Принцот Вилијам признал дека пие и по неколку шолји чај на ден бидејќи коефеионот му е потребен да остане буден, бидејќи навечер не спие доволно поради децата.

Во разговор со нутриционистката Моник Хајланд за време на неговата посета на Корнвол, принцот од Велс открил како изгледа неговата секојдневна рутина кога е исхраната во прашање.

Како што пренесува британски „Сан“, принцот Вилијам рекол дека денот го започнува со две јајца и интегрален тост намачкан со путер. Потоа пие сок од јаболко и шолја чај со млеко и шеќер. За ручек, барем така било тој ден, јадел брза храна, поточно сендвич, за кој нутриционистите велат дека е неупотреблив. На крајот, испил чаша вода. За вечера јадел бела риба со печурки, додека за ужина се засладил со колач со банана и чаша вино. Освен чај, тој пие и три шолји кафе во текот на денот.

Според нутриционистката Моник, принцот од Велс бил доста нервозен кога го прашала како изгледа неговиот дневен ритам во поглед на исхраната.

-Денот добро го започнува, со здрав појадок, но потоа призна дека некој му донел сендвич за ручек, додека за ужина изел чоколадно колаче и испил чаша црно вино. Бев прилично изненадена бидејќи не очекував принцот да јаде брза храна, но умереноста е клуч за сè и мислам дека тој го сфаќа тоа, иако исхраната за секој од нас е всушност многу субјективна – рекла таа.

Доктор не се туширал 5 години, сега кажува зошто (ВИДЕО)

Џејмс Хамблин го изненади светот кога објави дека не се туширал пет години.

Докторот и предавач на Јејл за неговата книга Clean: The New Science of Skin решил да спроведе експеримент врз себе.

Имено, Хамблин во книгата решил да се фокусира на нашиот најголем орган – кожата. Преку експериментирање и истражување дошол до неколку важни лекции. Прво, тој вели дека опсесијата со сапун може да предизвика алергии.

„Целото патување преку истражување и учење во мојата книга за микробиомот на кожата и историјата на верувањата за хигиената и чистотата навистина ме натера да ги променам моите навики“, вели тој.

Според него, микробите се присутни во околината и тоа нема да се промени ако човек се истушира. Наместо тоа, тој верува дека микробите се неопходни за одржување на здрава рамнотежа, на пример во дигестивниот систем.

„Знаете дека обидот да се искоренат микробите во цревата не е најдоброто нешто што можете да го направите“, истакнува тој.

Иако не користи шампон или гел за туширање, Хамблин ги мие рацете со сапун. Покрај тоа, одржува одредени навики, а водата е сепак важен дел од нив.

"Сè уште понекогаш ја влажнам косата. Кремите, пилинзите и дезодорансите ги нема во мојата бања. Но, сепак ги мијам забите. Го правам само она што сметам дека е задоволително или навистина медицински неопходно", заклучил тој.


Кремљ ја менува временската зона на окупираните подрачја во Украина,се воведува московско време

Кремљ денеска објави дека ќе започне со наметнување на московската временска зона во делови на Украина кои се незаконски анектирани и делумно под контрола на руските сили.

Руското Министерство за индустрија и трговија ја објави веста на својот профил на Телеграм, велејќи дека четирите региони на Украина припоени од Русија - Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје - „ќе се префрлат на московско време“.

Четири украински региони беа незаконски анектирани од рускиот претседател Владимир Путин во есента 2022 година, откако одржаа „лажни“ референдуми. Русија не контролира целосно ниту еден регион, а западните влади го оценија потегот за нелегитимен.

„Во тек е постепена синхронизација на руското законодавство откако во земјата беа примени четири нови субјекти“, соопшти руското Министерство. „Во блиска иднина ДНР [самопрогласена Народна Република Доњецк], ЛНР [самопрогласена Луганска Народна Република], Запорожје и Херсонските области ќе бидат дел од друга временска зона, во која ќе важи московско време.“

Временската зона во Москва е еден час понапред од источноевропското стандардно време, кое е на сила низ цела Украина.

Министерството додаде дека тие поднеле нацрт-закон за ова прашање до руската Државна дума и дека допрва треба да биде потпишан.

Русија веќе го направи тоа на Крим кога режимот на Путин го анектираше полуостровот во 2014 година. Во март 2014 година, временската зона на Крим беше официјално усогласена со онаа на Москва, а целиот полуостров е еден час пред Украина.

Овој потег доаѓа неколку недели откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека процесот на интеграција на територијата е во „полн замав“. „Обезбедувањето безбедност на цивилите кои живеат таму е главната цел на [специјалната воена] операција“, рече Песков.

Невладина организација: Иран годинава егзекутира над 50 луѓе

Иранските власти годинава веќе егзекутираа 55 лица, објави денеска невладината организација за човекови права, додавајќи дека зголеменото прибегнување кон смртна казна има за цел да се шири „терор“ во земјата потресена од протести.

Невладината организација Иран за човекови права (IHR) со седиште во Норвешка соопшти дека потврдила најмалку 55 егзекуции во првите 26 дена од оваа година.

Четири лица биле егзекутирани поради обвиненија поврзани со протестите, додека мнозинството од обесените (37) се егзекутирани за злосторства поврзани со дрога, рече истиот извор. Од невладината не соопштуваат зошто биле егзекутирани останатите 14 лица.

Најмалку 107 лица остануваат во ризик од егзекуција поради протестите, осудени на смрт или обвинети за злосторства што предвидуваат смртна казна, додаде ИЧП. Секоја егзекуција во Иран е „политичка“, бидејќи главната цел е „да се шири страв и терор во општеството“, нагласува ИЧП.

„За да се запре државната машина за убивање, не треба да се толерира никакво погубување, независно дали е политичко или не“, додаде директорот на ИЧП Махмуд Амири-Могадам.

Активистите го обвинуваат Иран дека ја користи смртната казна како инструмент за заплашување за да ги смири протестите кои започнаа на 16 септември, по смртта во притвор на Махса Амини, 22-годишна Курдка, уапсена три дена претходно за кршење на правилата за облекување на жените.

Според претставникот на ОН за човекови права Волкер Турк, „инструментализацијата на кривичната постапка“ во Иран за казнување на демонстрантите „е еднакво на убиство одобрено од државата“. ИЧП и другите невладини организации за човекови права допрва треба да објават статистички податоци за егзекуциите во Иран за 2022 година.

Но, ИЧП на почетокот на декември објави дека биле обесени повеќе од 500 луѓе, што е рекордна бројка во последните пет години.

притисни ентер