Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
МакедонијаЖителите на три села во Прилепско живеат без водаОколу 250 жители од три села од општина Кривогаштани: Годивље, Подвис и Кореница два месеци немаат вода. Имаат водовод, приклучени се на регионалниот систем „Студенчица“, но водата кај нив не стигнува. Ова им се случува секое лето последниве години. Жителите се снаоѓаат како знаат и умеат. -Веќе два месеци вода немаме. На овие 45 степени што да правиме без вода? Со деца мали сме, немаме вода. Многу тешко е. Полниме вода од бунари, чешми, неиспитана вода, непроверена. За пиење полниме вода од чешмата кај селската црква „Свети Атанасиј“. Таа е изворска вода. Ова се случува секое лето, вели Фросина Крстеска, жителка на село Годивље која ја затекнавме како полни вода во пластични шишиња од селската чешма. И Летка Темелкоска, од селото Годивље мора да се снаоѓа за вода. -Голем проблем е што сме без вода. Тешко е. Маки мачиме, вода користиме каде ќе најдеме. Од бунари бараме вода за домашна употреба. За пиење од селската чешма во шишиња и пластични туби полниме. А не знаеме дали е исправна, вели Темелкоска. Според Алекса Прчикапоски, претседател на МЗ на село Годивље проблемот е кај жителите од селото Локвени кое припаѓа на соседната општина Долнени. Не им пуштаат вода низ водоводната мрежа. Ова е со години, секое лето. -Водата ја има, но не стигнува во селото. Со селото Кореница преку барање до ЈП „Студенчица Злетовица“ бевме приклучени на регионалниот водовод. Сите три села сме приклучени: Подвис, Годивље и Кореница. Имаме водоводна инсталација. Извесен период имавме вода, но нашите маки се најголеми од селото Локвени кое припаѓа на соседната општина Долнени. Таму поставуваат вентили како сакаат, се приклучуваат како сакаат и водата кај нас не ја пуштаат. На диво се приклучени, си вадат пченка, бостан, други земјоделски култури. Некогаш така по долови им течи водата, само ние во трите села да немаме. Сме се жалале и во општина Долнени, но оттаму ни велат дека знаат, но не смеат таму да појдат. Но треба да преземат мерки. Во општина Кривогаштани знаат, градоначалникот ни вели повремено дека нема проблем. Ама вода нема. А стигнуваат сметки за плаќање, раскажува Прчикапоски. Киро Димоски, претседател на МЗ на селото Подвис го дели истото мислење. -Ние водоводот го донесовме во 1993 година. Првите години беше во ред, но почнаа да чепкаат во главната водоводна цевка. Кога појдовме да се разбереме, тие сакаа физички да се пресметуваат со нас. Ние направивме на друго место приклучување, но и таму настанаа проблеми. Не знаеме што да правиме. Локвени има вода, кај нас, во трите села, нема, вели Димоски. Од локалната самоуправа од Кривогаштани само кусо велат дека не е проблем со мрежата. Вода во системот има. Кога ги прашале во општина Долнени, оттаму им рекле дека немало кражби на вода. Во меѓувреме околу 250 жители од три села живеат без капка вода во водоводниот систем. Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter