Жителите на Слупчане постигнаа договор со ЕВН – добија струја, ќе дозволат реконструкција - Канал 5

Жителите на Слупчане постигнаа договор со ЕВН – добија струја, ќе дозволат реконструкција

Слупчане се врати во нормала, на улиците веќе ги нема каблите од агрегатите, кафулињата кои вчера беа празни, денеска се полнат, приклучувањето на струјата ја смири напнатоста во селото.

Жителите на Слупчане постигнаа договор со ЕВН – добија струја, ќе дозволат реконструкција

Во Слупчане денеска ја нема буката на агрегатите, селото се врати во нормала, па наместо нервоза, граѓаните се распложени, а веќе се слуша и музиката од свадбите..

Од ЕВН најавија дека нивните екипи ќе започнат да работат на реконструкцијата на мрежата во Слупчане на 9ти август, а во целата ситуација интервенција ќе има и од министерот за економија Крешник Бектеши.

Постигнат е договор со мештаните на Слупчане, а гаранции се дадени од локалната власт и од страна на сите политички партии. Наредната недела ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и за реализацијата...

Сепак, жителите на Слупчане велат, прво разговори и потпишување на меморандум каде прва точка е да не бид, па потоа работа на терен. Демантираат дека оштетиле трафостаница и дека барале лимитирани сметки за струја, ваквите наводи ги сметаат како провокација од страна на дирекоторот на КЕЦ Куманово..

На 9ти ќе влеземе да работиме, значи пак ја провоцира ситуацијата без да влезе во разговори, ние разговаравме и минатиот пат, додека не се потпише меморандумот, нема да одиме со сила и ние сме за разговор за меморандумот да се потпише, но лично директорот на КЕЦ Куманово ја предизвикува ситуацијата, и вчера ја предизвикуваше...

Во однос на вчерашните тензии, министерот Спасовски кажа дека најбитно е ситуацијата да се реши на мирен начин, но не исклучува ниту полициска интервенција доколку е потребно...

Спасовски тонско

Според премиерот Ковачевски бунтот во Слупчане е предизвикан од поединци, додека пак претседателот на ВМРО-ДПМНЕ - Мицкоски кажа дека законот мора да важи за сите...

Премиерот Ковачевски пак кажа дека не треба да се извлекува впечаток за Слупчане поради одредена група на граѓани кои не плаќаат.

Мирно е и во КЕЦ Куманово, ја нема ниту полицијата, ниту жителите кои вчера насилно влегоа и се заканија дека ќе ја блокираат работата на ЕВН, во дворот можеше да се забалежи само обезбедувањето кое се криеше под дрвјата од горештините...

За разлика од вчерашните тензии, денеска во дворот на ЕВН во Куманово е мирно, вработените кои ја напуштија зградата од безбедносни причини, денеска повторно се вратија на своите работни места..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар

Кризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа.

СДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар

Пациентите од Гостивар се пренесуваат во Тетово за операции и породување.

Стерилизаторите не работат поради загадената вода.

Операции, ортопедија, гинекологија, урологија - сѐ е блокирано.

Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени.

Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина.

Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста - затоа што никој не сака да потпише и да преземе кривична одговорност.

Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што Мицкоски тоа го рече.

Сакаше да изгледа како спасител.

Резултатот: граѓаните се капеа и ги миеја садовите со вода во која има опасна бактерија.

Три цистерни вода за град од 50.000 жители.

Тоа е сѐ што понудија.

Сега ја отруја и болницата.

Го загрозија целото население.

Одговорноста е јасна: Христијан Мицкоски и министерот Клековски.

Обвинителството мора веднаш да реагира.

Ова повеќе не е само неспособност.

Ова е загрозување на здравјето и животите на илјадници граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албански „Топ ченел“: Двајца државјани на Македонија прогласени за „персона нон грата“ во Албанија

Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „персона нон грата“ двајца Албанци од Македонија, поради сомневања дека вршеле активности спротивни на интересите на албанската држава.

Албански „Топ ченел“: Двајца државјани на Македонија прогласени за „персона нон грата“ во Албанија

Станува збор за имамот Бекир Халими и Ваљон Белја. Според информациите објавени од албански Топ ченел, одлуката за нивното прогласување за „нон грата“ следувала по информации на антитерористичките служби дека тие претставуваат закана за безбедноста на земјата и граѓаните на албанија. Наредбата на министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, била испратена до државната полиција и граничните структури за спроведување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

Нов сомнителен случај на западно-нилска треска е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. 

Нов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

Во моментов на инфективна се хоспитализирани десет пациенти кај кои е потврдено присуство на вирусот западен нил, и уште седум пациенти кои се водат како клинички суспектни иако резултатите од ПСР тестовите се негативни, информира директорот на Инфективна, Фадил Цана.

Инкубацијата на болеста, како што информира инфектологот Цана трае до 14 дена, и тешко е да се предвиди како ќе се одвива болеста. Но според досегашното искуство помладите и здрави луѓе каснувањето од комарецот го поминуваат без никакви симптоми.

Тројцата пациенти се уште се во критична состојба, со воспаление на мозокот и се приклучени на машина за механичка вентилација. Најголем дел од нив се на возраст околу 60 години и не патувале надвор од државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер