51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
151. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
3Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
МакедонијаЖителите на с. Длабочица се жалат од општината Старо Нагоричане: Со години попусто бараме патЖителите на село Длабочица, општина Старо Нагоричане испратија писмо до Канал 5, во кое се жалат дека со години попусто бараат пат од селото до општината. Писмото од жителите го обхавуваме во целост: „Почитувани, имаме чувство дека сме оставени сами на себе, општината Старо Нагоричане ги игнорира барањата на селото и не сака да го реши проблемот со локалниот пат во с. Длабочица- општина Старо Нагоричане. Советот и градоначалникот на општината сериозно не ја сфаќаат својата надлежност за инфраструктурните системи во планинските и пограничните села и во тој случај не ги артикулираат специфичните проблеми и да ги формулираат приоритетните цели. Дискриминаторскиот однос на општината кон жителитте на пограничното села со Република Србија – Длабочица, доведе до силна депопулација и права социјална и демографска депресија. Имено, во однос на 1994 година населението во 2021 година во с. Длабочица е намалено за 76%. Причината е што во периодот од 1996 до 2024 година локалната развојна политика е насочувана кон селата кои се во непосредна близина на општината с. Старо Нагоричане а не на целиот простор на општината. Општината не обезбедува благосостојба на сите нејзини граѓани, ја продлабочува недднаквоста во инфраструктурните системи (асфалтирање на локални патишта, пристап до јавен превоз). Планираните капитални расходи од околу 2 300 000 евра за период 2019-2024 година се користени за асфалтирани локални патишта во с. Младо Нагоричане, с.Челопек- с.Коинце, с.Макреш- с. Стрновац, с. Драгоманце, уредување на корито на река Пчиња, кај мостот с. Драгоманце), со што се зголемени разликите на животните и работните услови помеѓу селата а особено помеѓу селата во непосредна близина на општината од една страна и планинско –пограничните села од друга страна. Пред неколку месеци е пуштен во употреба на асфалтен пат Макреш-Стрновац во кое живее Заменик градоначалникот Бобан Цветановски, со проширувања за принудно запирање на возила и означувања на работ на коловозот. Во с. Драгоманце е асфалтирана пат КП 823 и јавен пат КП 1014 во сопственост на Јовановски Слаѓан. Овој пат ја поврзува куќата на Јовановска Жаклина, два мандата градоначалничка на општината ( на боледување). Исто така пред неколку години асфалтиран е пат од с. Арбанашко до место викано Дејловски Преслап, каде што се наоѓа викендицата на поранешниот пратеникот Георгиевски Зоран од Куманово, а населението од с. Длабочица е принудено да пешачат уште 4-5 километри до нивните домови или да се откажат од родното место. Се поставува прашање колку е разумно и етично трошењето на народни пари за асфалтниот пат од с.Никуљане до с. Челопек, кога с. Никуљане веќе имало асфалтен пат со Куманово и асфалтен пат со седиштето на општината Старо Нагоричане, додека до селото Длабочица, земејениот пат жителите сами го одржуват (рачно кршење и отстранување на камен, рачно со лопати и копачи пополнување на дупки/ровови и порамнување) или на 2 до 3 години несоодветна итервенција со булдожер од страна на општината (исклучиво по барање на жителите). Од страна на политичките парти се номинират и бират граоначалници кои не се родени и не биле жители на општина Старо Нагоричане. На пример во с. Никуњане беше пријавен како жител и потоа избран за градонашалник на општина Старо Нагоричане кој не бил роден и не живеел во селото односно на територијата на општинта. Колку е разумно и етично асфалтирање на улици во с. Старо Нагоричане и асфалтен пат до сите маали во с. Младо Нагоричане, уредување на речното корито на река Пчиња, асфалтирање на пат до викендица на пратеник, до куќа на градоначланик, до селото на заменик на градоначалник и асфалтирање на трет пат на село во кое е прифатен за жител потенцијалниот градоначалник, додека жителите на с. Длабочица, храната и опремата за домаќинство ја носат во раце, на рамо и во количка од место викано Дејловски Преслап во должина од 4-6 км. На фотографијата се луѓе од с. Длабочица кои со храна во раце и на грб, патуваат 10 км од с, Герман-општина Ранковце во 2023 година. Второт лице на фотографијата има 76 години, со 90% оштетен вид, нема струја и живее сам во објект во кој предходно живеел добиток. Општината предизвикува и создава нееднаквост до тој степен што неизградбата на патната ифраструктура станува вистинска закана и најблаго речено чин против опстанок на планинските села. За добро решение може да се сметат конструктивни постапки полезни за квалитетен живот и опстанок на сите жители во општината. Сето ова станува толку неразумно и неетично, што пристапот до пат, носењето на храна, пристапот до лекар, одржувањето на куќите стана главна и мачна преокупација на жителите во с. Длабочица. Кога пешачењето од 4-6км со храна и опрема во раце неможе да се издржи ги демотивира жителите и потоа се откажуваат од сопствените родни домови. Јорде Јаќимовски, Претставник на иницијативен одбор на жителите на с. ДлабочицаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Македонија51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црноВечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветЗеленски: Путин сака да окупира украински град под маската на хуманитарна мисијаПутин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф.Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка во источна Украина е всушност план руските сили да влезат во градот и да го окупираат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека таков потег ќе ѝ овозможи на Москва понатамошно напредување кон Краматорск, објави „The Kiev Independent“. „Примитивен потег за окупирање на градот“ „Ова е сосема примитивен потег бидејќи не може да го заземе овој град на кој било друг начин“, им рече Зеленски на новинарите. Според него, прекинот на огнот ќе им овозможи на руските трупи да се прераспоредат на поповолни позиции во самата Костјантинивка и нејзината околина. Зеленски вели дека предлогот му го пренеле американските преговарачи. „Им го објаснив мојот став за Костјантинивка на американските преговарачи. Таму живеат само украински граѓани, а борбите се водат во самиот град“, рече тој. „Ми го донесоа овој предлог, а потоа рекоа: „Да, разбираме“, додаде Зеленски. Предупредување за наплив кон Краматорск Костјановка се наоѓа во регионот Донецк, каде што се водат жестоки борби, и претставува голема пречка за руските напори да го заземат остатокот од регионот. Затоа контролата врз градот е воен и дипломатски приоритет за Москва. Зеленски нагласи дека Украина направила сè што е можно за да ги евакуира цивилите од областа. „Ако ја предадеме Костјантинивка, нивните следни чекори ќе бидат нашите други градови во Донбас“, рече тој. Според Зеленски, украинската страна им дала на Американците список од седум или осум блокирани населби каде што сè уште се присутни цивили, вклучително и деца, како што е селото во близина на Олешки. Тој нагласи дека Русија не предложила хуманитарна операција за ниту едно од овие места. „Зошто? Затоа што по Костјантинивка доаѓаат Краматорск и Славјанск“, заклучи тој. Ситуацијата на терен Путин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, додека борбите продолжуваат во Костјантинивка. Украина ги отфрли руските тврдења дека Москва го контролира градот. Главниот штаб на украинската армија објави дека нејзините сили сè уште дејствуваат против руските пешадиски групи кои се обидуваат да влезат во градот. Советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, ги доведе во прашање мотивите на Москва. Тој потсети на претходната руска понуда за хуманитарна операција во Олешки, во Херсонската област, која, како што тврди, служела за ротација на трупите и доведување дополнителен персонал во областа под маската на привремен прекин на огнот.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измамиВо непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило.Вчера (13.11.) во Ресен и на излезите од градот, полициски службеници од ОВР Ресен на возачите на моторни возила делеа едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива. Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот. Денеска (14.11.), полициски службеници од Полициската станица Делчево на Градскиот пазар и на повеќе локации во централното градско подрачје во Делчево одржаа повеќе средби со повозрасни граѓани, пензионери, со цел подигнување на свеста за препознавање и спречување телефонски измами. На граѓаните им беше укажано да бидат внимателни при повици од непознати лица кои бараат пари со лажно тврдење дека член на нивното семејство доживеал сообраќајна незгода или се наоѓа во болница. Исто така, им беше укажано да не даваат пари на непознати лица, да ги проверуваат добиените информации преку директен контакт со членовите на семејството и секој сомнителен повик да го пријават на 192 или 112.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook