1Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Веб ТВЖителите на гостиварско Дебреше половина година без вода – најавуваат блокади на патиштаРечиси половина година полна со ветувања, но и натаму со празни чешми, жителите на гостиварското село Дебреше продолжуваат летните горештини да ги минуваат без капка вода во домовите. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57
МакедонијаМанасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко изјави дека ќе обзнани анкети во кои СДС имал голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ.Две недели по таа изјава на Филипче, ниту трага и глас од анкетите. Го прашуваме Филипче, каде се тие негови анкети во кои СДС има голем пораст во рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ пад? Зошто не ги покаже во јавноста? Зошто ги крие? Дали тие анкети се направени во штабот на СДС? Додека Филипче ветуваше анкети, во реалниот свет, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница со 4 спрема 1, поддршката на Филипче во СДС е на завидно ниво, кој стигне му бара оставка, но ние како ВМРО-ДПМНЕ му даваме целосна поддршка. Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски имаат најголема поддршка од граѓаните, а СДС полека но сигурно со Филипче станува маргинална партија. Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче. Граѓаните ја ценат работата, посветеноста и вистинската грижа која ВМРО-ДПМНЕ ја пружа. Затоа Филипче не сака избори, затоа што ќе доживее дебакл, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57
МакедонијаУапсен е Албанец- бил фатен додека пали пожар во прилепско Лишен од слобода албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отвореноНа 23.10.2026 во 14:20 часот на место викано „Коливади“ во атар на с.Житоше, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода М.Џ.(38) од Република Албанија. Тој бил затекнат како предизвикува пожар на сува трева на отворен простор. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп и за настанот бил известен јавен обвинител. Лицето било предадено во ОВР Прилеп, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик – „Предизвикување на општа опасност“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57
ЕвропаФранцуските трговци ги затвораат излозите со даски пред денешните масовни протестиФранција распоредува 70.000 припадници на безбедносните сили низ целата земја поради масовните протести најавени за денеска. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез најави решителен одговор на земјата на секаков вид насилство. Во градот Нанси, продавниците сè уште ги заштитуваа своите прозорци и влезови со дрвени панели. Мобилизација на сите ресурси Министерот Нуњез изјави дека во операцијата ќе бидат вклучени сите расположиви ресурси. Планот вклучува и персонал од служби кои вообичаено не извршуваат вакви задачи. Тој, исто така, потврди дека се мобилизирани специјализирани и елитни единици, кои ќе бидат распоредени на клучни стратешки точки. Се очекуваат до половина милион луѓе Се проценува дека помеѓу 400.000 и 500.000 луѓе ќе учествуваат во протестите. Пред новите собири, министерот за правда Жералд Дарманин објави податоци за последиците од немирите минатиот викенд. 232 лица беа приведени, а против повеќе од илјада луѓе беа покренати судски постапки. Младите луѓе протестираат со недели, барајќи подобра опрема во училиштата. Во текот на викендот, други групи им се придружија на нивните собири во голем број градови, вклучувајќи протести против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни судири.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook