ЖивотЖителите на ЕУ релативно задоволни од животот, најнезадоволни Бугарите Според податоците на Европската статистичка агенција - Евростат, во 18 од вкупно 27-те земји членки на ЕУ оценката за степенот на задоволство од животот е над просекот во Унијата, а само во девет држави е под него. Граѓаните на ЕУ дале просечна оценка од 7,1 од максимално можните 10 за своето севкупно задоволство од животот, јави дописникот на МИА од Брисел. Според податоците на Европската статистичка агенција - Евростат, во 18 од вкупно 27-те земји членки на ЕУ оценката за степенот на задоволство од животот е над просекот во Унијата, а само во девет држави е под него. Во 26 земји оценката за задоволството е над 6, што значи дека најголемиот дел од жителите на ЕУ се задоволни од животот. Исклучок од ова се само жителите на Бугарија, кои единствени меѓу европските граѓани дале просечна оценка од 5,6 за тоа колку се задоволни од животот, односно под 6, што се смета за гранична вредност меѓу задоволството и незадоволството. Највисока оценка за степенот на задоволството дале жителите на Австрија од 7,9, пред Финците, Полјаците и Романците со по 7,7 и на граѓаните Белгија и Холандија со по 7,6. На самото дно на листата, пред Бугарите се жителите на Германија со 6,5 и на Грција со 6,7. Како што наведува Евростат, задоволството од животот може да биде под влијание на многу фактори, како што се возраста, нивото на образование, семејната и финансиската состојба, како и различните искуства, избори, приоритети и вредности на поединецот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател ТрампИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, која, според Белата куќа, била „позитивна и продуктивна“.„Претседателот Трамп ги заврши средбите во Овалната соба со претседателот (на Украина, Володимир) Зеленски и со премиерот (на Израел, Бенјамин) Нетанјаху. Двете средби беа позитивни и продуктивни“, напиша портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, на платформата „Икс“ (X) по одвоените средби на Трамп со Нетанјаху и Зеленски, пренесува Си-ен-ен (CNN). Израелски функционер запознаен со средбата меѓу Нетанјаху и Трамп ги потврди оценките на Белата куќа, наведувајќи дека „средбата беше многу позитивна и се одржа во добра атмосфера, во присуство на високи претставници на администрацијата“. Тој додаде дека лидерите ја потврдиле својата заедничка цел – „на Иран во никој случај да не му се дозволи да поседува нуклеарно оружје“. Двајцата лидери разговараа и за партнерството меѓу Израел и Соединетите Американски Држави, кое е „посилно од кога било“, како и за разни можности на Блискиот Исток. Двете средби се одржаа без присуство на медиумите.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамБМВ го претстави продолжениот X5 за кинескиот пазарКина веќе не е „ветената земја“ ниту за BMW. Бројките на продажба опаѓаат, а баварскиот гигант се обидува да го сврти тој тренд. По неодамнешното претставување на кросоверот iX3 и седанот i3 со продолжено меѓуоскино растојание, сега и новиот BMW X5 доби верзија со продолжено меѓуоскино растојание наменета за кинескиот пазар. Овој луксузен SUV, кој е достапен со мотори со внатрешно согорување, како и во електрична варијанта iX5, се одликува со поголеми задни врати – резултат на продолжувањето на меѓуоскиното растојание за 130 мм (со што вкупната должина сега изнесува 3.165 мм). BMW исто така го измени дизајнот на предните светла; LED-светлата повеќе не ја формираат буквата „X“, форма што во кинеската култура носи негативни конотации. Покрај тоа што нуди повеќе простор за нозете на патниците одзади, овој X5 воведува и нова карактеристика: „Theatre Screen“ (театарски екран). Овој екран со дијагонала од 31,3 инчи и резолуција 8K – првпат виден кај Серијата 7 – е наменет и за работа и за забава, овозможувајќи видеоповици, стримување содржини и играње видеоигри. BMW целосно ги редизајнираше седиштата во верзијата на X5 со продолжено меѓуоскино растојание, која стандардно доаѓа и со адаптивна воздушна суспензија на двете оски. Кинеските купувачи сакаат екрани, па затоа не изненадува што покрај централниот инфозабавен систем со екран на допир од 17,9 инчи, поставен е и екран од 14,6 инчи наменет за совозачот. Системот „Panoramic Vision“, кој се протега низ целата ширина меѓу А-столбовите, сега е веќе познат елемент од опремата на BMW; тој вклучува три фиксни елементи во видното поле на возачот и до шест приспособливи виџети на десната страна. Што се однесува до опсегот на движење, моделот iX5 ќе може да помине 845 километри со едно полнење во Европа, според WLTP циклусот на тестирање. Во Кина, електричниот SUV ветува уште повеќе – до 1.000 километри – иако тоа првенствено се должи на кинеските стандарди за мерење, кои се значително поблаги, пренесува Motor1.com.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотИталија по 40 години и се враќа на нуклеарната енергија Четириесет години по затворањето на нуклеарните централи поради катастрофата во Чернобил, Италија се подготвува за нивно враќање. Владата на премиерката Џорџа Мелони сака да ја зајакне енергетската безбедност на земјата. Владата смета на поддршката од помладите генерации, кои на нуклеарната енергија гледаат како на извор на електрична енергија со ниска емисија на јаглерод, клучен за справување со климатските промени и за стабилизирање на снабдувањето. Аналитичарите проценуваат дека властите се надеваат оти поддршката од младите ќе го надмине отпорот на постарите генерации, кои биле сведоци на несреќата во 1986 година и гледаат со недоверба на атомската енергија. Италијанците веќе двапати гласале на референдуми против нуклеарните централи, пишува „Асошиејтед прес“. Се очекува Парламентот следната недела да ја одобри законската рамка за нуклеарни технологии од новата генерација. Потоа, Владата ќе има рок од 12 месеци да донесе прописи во врска со издавањето дозволи за реактори, безбедносните стандарди, одлагањето на отпадот и изборот на локации. Пред гласањето, Џилберто Пикето Фратин, министерот за животна средина и енергетска безбедност, изјави: „Должност на Владата во овој момент е да создаде услови за оние што на крајот ќе одлучуваат за постројките, да можат да го сторат тоа“. Дебатата во Италија се надоврзува на поширокиот европски тренд, бидејќи земји како Франција и Полска ја прошируваат или воведуваат нуклеарната енергија за да обезбедат енергетска сигурност и да ги исполнат климатските цели. Сепак, случајот со Италија е единствен, бидејќи вклучува обид за оживување на индустрија што јавноста претходно ја отфрлила. Италија некогаш беше европски лидер во областа на нуклеарната енергија. Нејзините четири реактори работеа сè до референдумот во 1987 година – одржан по катастрофата во Чернобил – со кој практично беше запрена програмата. Подоцнежниот обид за оживување на секторот беше прекинат во 2011 година по катастрофата во Фукушима, кога 94 отсто од гласачите се спротивставија на изградбата на нови реактори. Евентуалното враќање кон нуклеарната енергија би претставувало еден од најамбициозните енергетски пресврти во Европа. Владата на Џорџа Мелони својот план го оправдува со растечката побарувачка за електрична енергија, климатските цели и неизвесноста предизвикана од руската инвазија врз Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook