Жители од Стојаково и Валандово продавале марихуана на Грк во Дојран, ОЈО бара притвор - Канал 5

Жители од Стојаково и Валандово продавале марихуана на Грк во Дојран, ОЈО бара притвор

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, кои се обиделе да прададат 5 килограми марихуана. Се бара притвор за лицата.

Жители од Стојаково и Валандово продавале марихуана на Грк во Дојран, ОЈО бара притвор

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, двајца жители на селото Стојаково и еден од Валандово, учествувале и посредувале во продажба на околу 5 килограми марихуана која ја набавил првоосомничениот.

Три килограми од дрогата се договориле да ја продадат на купувач – грчки државјанин за сума од 9.000 евра. При обид да ја продадат дрогата на локација во Дојран, полициски службеници ги затекнале. На лице место биле уапсени двајца од осомничените, додека третиот се дал во бегство, но набрзо и тој бил приведен.

Дополнително, во близина на Богданци е пронајдена преостанатата дрога која им била наменета за продажба.

Со образложение дека осомничените би можеле да се дадат во бегство, да ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците или соучесниците, да ги сокријат или да ги уништат трагите од кривичното дело, но и дека ќе го повторат делото за кое се гонат, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за сите тројца осомничени.

Трамп: Украина и Русија се пред историски договор

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор. Тој по пристигнувањето во Рим, каде ќе присуствува на погребот на папата Франциск, наведе дека е време Русија и Украина да седнат на маса.

Трамп: Украина и Русија се пред историски договор

- Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата, истакна Трамп.

Тој на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека „Повеќето главни точки се договорени. Запрете го крвопролевањето, ВЕДНАШ. Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме да се стави КРАЈ на оваа сурова и бесмислена војна“.

ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место по вчерашната оружена престрелка кај Бит Пазар, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија.

ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар

Од лице место биле се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

По наредба на јавен обвинител, се додава во соопштението, се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот.

Лишен од слобода кичевец, управувал возило под дејство на алкохол

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Кичево утрово во 02.00 часот, го лишиле од слобода М.Б.(63) од Кичево.

Лишен од слобода кичевец, управувал возило под дејство на алкохол

При сообраќајна контрола на локален пат во кичевската населба Горица, како што соопштија од МВР, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,04 промили алкохол во крвта.

М.Б. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

притисни ентер