Жители на скопско Лисиче реагираат поради дивеењето со возила откако пред неколку дена било прегазено 7 годишно дете - Канал 5

Жители на скопско Лисиче реагираат поради дивеењето со возила откако пред неколку дена било прегазено 7 годишно дете

Жителите на улицата Ернест Телман во скопско Лисиче гневни поради дивеењето со возила во нивното, некогаш мирно маало. 

Жители на скопско Лисиче реагираат поради дивеењето со возила откако пред неколку дена било прегазено 7 годишно дете

Се жалат дека по измените на режимот на сообраај во тој дел на Скопје, по нивната улица се вози брзо, поради што изминатитот период реагираа во страв дека некој може да настрада. За жал нивните апели не биле случајни. Во неделата попладне автомобил прегази седумгодишно девојче, додека си играло пред својот дом. Малата Сташа за среќа не е тешко повредена, но нејзината мајка за Канал 5 вели дека авомобилот со кој го удрил нејзиното дете воопшто не се ни обидело да застане.

-Човекот возел од лева страна, доаѓал од улицата и малото ја видело колата, сфатило дека ќе биде удрена, била спремна, вика си размислував во еден момент дали да бегам или да останам на улицава. Одлучила да остане и практично ја удрил, ја собрал од напред во стомакот. Значи он не ја ни видел, немало кочење, значи директен удар ја носел на хауба и отпосле кога застанал, детето исфрлено на улицата-- Катерина Илиоски – мајка на малата Сташа .

Според соседите, за да се регулира сообраќајот во улицата е потребно да бидат поставени легнати полицајци, како и да се постават знаци за деца на патот.

Иако соседите имаат потпишано петиција и ја имаат истата предадено до општината за да се постават лежачки полицајци на улицата, сепак одговор од градоначалникот и од општината сеуште немаат.

Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митевски, вели дека согласно законските регулативи можат да поставуваат легнати полицајци само онаму кадешто е тоа предвидено согласно сообраќајниот проект и дека за ова ќе бидат известени и жителите коишто ја поднеле петицијата.

-Ова не е единствен случај кадешто граѓаните бараат поставување на легнати полицајци, односно средства за успорување на сообраќајот, но согласно законската регулатива како институција можеме да поставуваме средства за успорување на сообраќајот единствено согласно и одобрено со сообраќаен проект.Ќе добијат одговор дека општина Аеродром може да постапи единствено согласно позитивната законска регулатива и поставување на легнати полицајци е строго регулирано прашање каде може и на која локација да се постави. - Дејан Митевски – Градоначалник на општина Аеродром .

Улицата се наоѓа во близина на училиштето Димитар Македонски и сите улици се направени еднонасочни, освен улицата Ернест Теоман која е единствена со можност за двонасочно возење. Соседите зад камерата велат ова не е прв случај и дека и порано на нивната улица биле прегазувани деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер