Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб - кој ќе ја надомести штетата?
Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи
1Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб - кој ќе ја надомести штетата?
2Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи
3Зголемен е бројот на исчезнати по земјотресите во Венецуела- се трага по повеќе од 25.000 луѓе (ВИДЕО)
СветЖител на зграда во Венецуела се снимал како спасува жива глава, додека сѐ околу него се урива (ВИДЕО)Венецуела прогласи вонредна состојба откако два разорни земјотреси ја погодија земјата кратко по 18 часот по локално време вчера вечер.Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени предизвикаа уривање и оштетување на стотици згради, а најголема штета е пријавена во крајбрежната држава Ла Гваира, во близина на главниот град Каракас. Државата е прогласена за зона на катастрофа и од неа се појави една од највознемирувачките снимки. Таа е направена од жител на облакодер кој се обидува да избега од оштетената зграда, додека сѐ околу него се урива. Venezolano se graba corriendo las escaleras de su edificio mientras ocurría los dos terremotos que azotaron Venezuela, se pueden ver como las escaleras están agrietadas. pic.twitter.com/PWcRqTq87I — 🇻🇪 amilcarrock 🇺🇦 (@amilcarrock) June 25, 2026 Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМитрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб - кој ќе ја надомести штетата? Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница постави пратеничко прашање до министерот за финансии, Гордана Кочоска во однос на наодите од ревизорскиот извештај за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Митрески укажа на констатирано доцнење во префрлањето на средствата кон вториот пензиски столб, и покрај тоа што, како што наведе, придонесите навремено се пресметуваат и доставуваат од Фондот до трезорот. Митрески посочи дека станува збор за околу 2,6 милијарди денари кои биле задржани во системот подолг временски период, што директно влијае врз средствата на околу 600.000 граѓани. Во таа насока, тој побара објаснување дали ќе се исплаќа соодветен надомест за доцнењето согласно законските одредби. Во продолжение е интеграчното пратеничо прашање на Митрески: „Министерке, прашањето до вас се однесува на ревизорскиот извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. На страна 21 од тој извештај, бидејќи придонесите кои што ги плаќаме ние како граѓани или во наше име ги плаќаат фирмите каде што сме вработени, фондот ги добива тие 18,5%, а 6% одат до вториот столб. И во законот пишува дека тие 6% треба да бидат уплатени веднаш, но не подолго од пет работни дена. Така стои во законот. Во извештајот стои дека придонесите кои треба да се префрлат на вториот столб, фактички овие 6% наши, верувам дека и вие сте член, најголем дел од пратениците и Владата, секако 600.000 наши сограѓани се членови на тој столб, велат дека заклучно со периодот на ревизија вкупниот долг е 2,6 милијарди денари и стои во извештајот дека овие 2,6 милијарди денари или 44 милиони евра, Фондот навреме ги пресметал и однел налози до Министерството за финансии, односно до Трезорската сметка. Долгот од 2,6 милијарди денари или 44 милиони евра е затоа што од Трезорот парите стоеле два месеци и не се префрлале на вториот столб. Фактички, парите на граѓаните два месеци се чуваат во Трезор. Не навлегувам во дебатата дали има пари во буџетот или нема пари, еве 44 милиони евра пари на граѓаните да стојат два месеци во Трезор, да не се префрлат, со сите пресметки и налози однесени од Фондот за пензиско, мислам дека таа проблематика е јасна. Мене прашањето ми е друго: ако не се уплатат веднаш или во рок од пет дена, во законот пишува дека треба за тие луѓе да се плати надомест, фактички да се плати плус од тоа што требало да се плати, во вид на камата во смисла на доцнење на уплатата. Зошто? Затоа што вашите пари, парите на кој било граѓанин кој што е член на вториот пензиски столб, ако тие се пари што се уплаќаат за да се оплодуваат, за да носат принос, не е исто дали ќе ги уплатите денес 100 денари за да донесат принос или ќе ги уплатите после два месеци. На овој начин, ако нема надомест, губат членовите на фондот. Ние губиме, губат 600.000 граѓани членови на тој фонд. Моето конкретно прашање е: колкав е надоместокот којшто треба да се плати по основ на тоа што Трезорот, Министерството за финансии ненавремено ги префрла парите на вториот столб, а ги има пресметките добиени од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Еве ќе повторам, тоа е напишано на страна 21 и 22 од ревизорскиот извештај за работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристиИнвестициите во инфраструктурата и авиосекторот допринесоа за раст на туризмот во земјава и силен пораст на ависообраќајот.Направивме една амбициозна агенда, инвестираме сериозно и резултатите се видливи. Имаме раст од преку 32 % на бројот на патници од двата аеродроми, 28 нови дестинации и раст од околу 20 % на странски туристи, одговори заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на пратеничко прашање на денешна седница во Собранието. Тој потенцира дека дополнително инфарструктурните проекти што се работат кон поврзување на аеродромите како и подигнување на нивните капацитети ќе стимулираат дополнителен раст на бројот на патници. “Откако беше избрана оваа Влада, се направи нова методологија за привлекување на патници, која што ги даде своите резултати. Таа методологија е прифатена и од Европската Унија, ги има сите дозволи добиено и од таму, како и од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во таа насока очекувам оваа година да одиме над 3,5 милиони, имајќи предвид дека за периодот јануари – мај веќе имаме 1.600.000 патници, Тоа е раст од некаде околу 32% на двата аеродроми заедно, што е доста сериозен раст и се работи за најголем поединечен раст во цела Европа. Зошто да не, во еден период од неколку години да стигнеме и до 4 милиони. Она што е исто така значајно е дека се отвараат многу нови дестинации, 28 нови дестинации се отворени на редовни линии, на тоа имаме дополнително уште околу 16 чартер линии од двата аеродроми” – одговори Николоски. Во делот на скопскиот аеродром, тој потенцира дека во изминатиот период силно се работи на квалитетно инфраструктурно поврзување и најави проект за железничко поврузување од Скопје до терминалната зграда на аеродромот. “ Имено, минатиот јануари беше ставен во функција експресниот пат кој што оди од Ранковце до Крива Паланка. Неколку месеци подоцна, исто така беше ставена во функција обиколницата на Крива Паланка. При крај е реконструкцијата и проширувањето на граничниот премин Деве Баир, а заедно со Европската Унија – еве вчера имавме состанок – продолжуваме да работиме подготвителни работи за изградба на експресен пат којшто треба да оди од Ранковце до Романовце, односно до Куманово, како би се врзал на Коридорот 10 и на тој начин Скопскиот аеродром од двете страни да е поврзан со автопат или со експресен пат. Дополнително на тоа, веќе со Агенцијата за планирање на простор и со соодветните служби во Министерството за транспорт работиме на изработка на урбанистичко решение и идејно решение за железничко поврзување на аеродромот. Идејата е тоа железничко поврзување да завршува токму пред постојната терминална зградa”- потенцира Николоски. Во делот на инвестициите во охридскиот аеродром, вицепремиерот истакна дека целосната реконструкција на аеродромот која се случува прв пат по изградбата ќе стимулира дополнителен број на нови патници. “ Имаме 13 редовни дестинации и осум чартер линии. Бројот на патници расте, а паралелно на тоа, во моментов работиме на целосна реконструкција и надградба на терминалната зграда и сите пропратни згради на Охридскиот аеродром. Очекувам во следните два до три месеци тоа да е целосно завршено и да ги има добиено сите дозволи. Ако на тоа ја додадеме и новата клучка којашто се изгради за поврзување со аеродромот, а којашто е дел од автопатот Охрид-Кичево во прва фаза, односно во втора фаза дел од автопатот Охрид-Струга до Скопје, тогаш станува уште појасно која тежина ја добива аеродромот. И секако, тоа има сериозно влијание на туризмот.”- одговори Николоски. Предизвик во следниот период, како што рече е обезбедување на квалитетни сместувачки капацитети за околу 500.000 ноќевања за сезоната октомври до мај, нешто за што ќе се разговара на претстојната мисија на УНЕСКО на земјава. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗголемен е бројот на исчезнати по земјотресите во Венецуела- се трага по повеќе од 25.000 луѓе (ВИДЕО)По разорните земјотреси во Венецуела, повеќе од 25.000 лица во моментов се водат како исчезнати.Според веб-страницата формирана по разорните земјотреси, каде што граѓаните можат да пријават исчезнати најблиски, моменталниот број на исчезнати лица е 26.086. Овие бројки не се официјални, но го одразуваат моменталниот хаос на терен додека семејствата се обидуваат да стапат во контакт со своите најблиски. Multiple large apartment buildings collapsed in Playa Grande, La Guaira after yesterdays earthquake in Venezuela Video is taken from (10.6099461, -67.0113786)#Venezuela pic.twitter.com/nDxScsqUc7 — CNW (@ConflictsW) June 25, 2026 Семејствата ја користат веб-страницата за да споделуваат фотографии и информации за луѓе до кои сè уште не можеле да дојдат, што дополнително ја илустрира сериозноста на ситуацијата. Fishermen in the sea off the coast of La Guaira record the moments after the earthquake with dust covering large parts of the coast as a result of building collapses#Venezuela pic.twitter.com/D8KNwLkLDf — CNW (@ConflictsW) June 25, 2026 На веб-страницата, исто така, се вели дека повеќе од 1.200 лица се пронајдени откако биле пријавени како исчезнати, давајќи им надеж на семејствата што ги бараат своите најблиски.Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook