Жител на Њујорк ги „допира облаците“ луксузен пентхаус - јавноста го критикува (ВИДЕО) - Канал 5

Жител на Њујорк ги „допира облаците“ луксузен пентхаус - јавноста го критикува (ВИДЕО)

Жител на Њујорк стана вирална ѕвезда на TikTok благодарение на спектакуларните сцени што ги споделува со своите следбеници секој ден од луксузен пентхаус од кој буквално „ги допира облаците“.

Жител на Њујорк ги „допира облаците“ луксузен пентхаус - јавноста го критикува (ВИДЕО)

Корисник на TikTok кој е познат под името @NYChighlife редовно објавува снимки од сцени од својот пентхаус, од златни зајдисонца над Њујорк до густи облаци и магла што целосно го затскриваат погледот на градот подолу.

Според достапните снимки, тој изгледа како да живее на 30 Hudson Yards, еден од најпрепознатливите облакодери на западната страна на Мидтаун Менхетен. Со своите 387 метри, зградата моментално е седма највисока во Њујорк и деветта во целите САД, па затоа не е изненадување што нуди еден од најдобрите погледи на американскиот град.

@nychighlife Is living up here worth it?? #nyc #penthouse #luxuryliving #hudsonyards #nycapartment #clouds #manhattan #newyorkcity ♬ Ill make a man out of you MULAN - Flobar

Облакодерот има и тераса за набљудување „The Edge“ на 100-тиот кат и бар и простор за забави на 101-виот кат.

Ги допира облаците

Во едно од популарните видеа од 2022 година, корисникот покажа како изгледа еден „типичен“ мрачен ден на таа височина - бели облаци целосно ги покриваат горните катови од зградата. Во еден момент, тој го отвори прозорецот и се обиде да ги „допре облаците“ со раката.

Видеото остави многумина без зборови, но ги потресе и оние со послаби нерви. Камерата се врти кон земјата - што воопшто не може да се види поради густата магла. Во друго видео, тој покажа златно зајдисонце од својот стан, снимајќи го моментот кога „брза“ дома за да ја види сцената во живо одозгора. Тој се снима себеси како влегува во лифтот, додавајќи дека му дал бакшиш на рецепционерот да го прескокне редот и да ги избегне „поевтините катови“.

„Не е луксуз ако мора постојано да го докажуваш“

Иако многумина во коментарите го изразија своето восхитување од прекрасниот пејзаж и поглед, дел од корисниците на TikTok не беа воодушевени. Брзо следеа критики: „Отворени прозорци на таа височина? Тоа е правно лудо“, „Замислете колку е пострашна грмотевицата од тој кат“, „Не станува збор за страв од височина, туку за тоа што ако нешто тргне наопаку во таа зграда?“

@nychighlife I like touching clouds #nyc #penthouse #luxuryliving #skyscraper #highrise #cloud #hudsonyards #manhattan #newyorkcity ♬ My Heart Will Go On (Love Theme from "Titanic") - Céline Dion

Некои, исто така, ја доведоа во прашање автентичноста на луксузниот живот што го прикажува TikToker: „Луѓето кои навистина имаат пари не треба постојано да се фалат со тоа на интернет“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер