Житарките и ароматизиранот јогурт потенцијално неблаготворни за шеќерот во крвта - Канал 5

Житарките и ароматизиранот јогурт потенцијално неблаготворни за шеќерот во крвта

Навлегувањето во сложените врски меѓу шеќерот во крвта и зголемувањето на телесната тежина открива доста за изборот во исхраната и неочекуваните влијанија од две навидум безопасни намирници, пишува порталот „Ши фајнд“ (She find). 

Житарките и ароматизиранот јогурт потенцијално неблаготворни за шеќерот во крвта

Имено, според Мишел Саари, стручњак во проектот „ЕХелт“ (EHealth), ароматизираниот јогурт и житарките се тие што не се препорачуваат за лица со проблеми со шеќерот во крвта.

- Многу житарки означени како здрави, вклучително и оние со додадено овошје или ароми, содржат 10 - 20 грама шеќер и 200 - 300 калории по порција. Додадените шеќери и ниската содржина на влакна во житарките може да предизвикаат брз скок на шеќерот во крвта и поголем вкупен внос на калории, вели тој.

Ароматизираните јогурти со вкус, без маснотии, коишто често се сметаат за здрав избор на храна, всушност може да придонесат за високо ниво на шеќер и зголемување на телесната тежина. Иако овие јогурти содржат „малку маснотии“, според известувањето на пакувањето, честопати вкусот се подобрува со додавање одредени количини шеќер.

Високата содржина на шеќер, во комбинација со отсуството на маснотии, може да доведе до брз скок на шеќерот во крвта, предизвикувајќи одговор на инсулин што е потребен за складирањето на маснотиите. Покрај тоа, недостатокот од маснотии може да ја загрози ситоста, што води кон прејадување.

Говорејќи за житарките, тие се означени како „здрав“ и хранлив појадок. Новите сознанија, сепак, велат дека и овој лесен оброк може да придонесе за скок на шеќерот во крвта и можно зголемување на телесната тежина, поради скриените шеќери и рафинирани јагленохидрати. Тие може да доведат до брзо зголемување на нивото на гликоза. Овој скок предизвикува инсулински одговор кој со текот на времето може да придонесе за зголемување на телесната тежина и отпорност на инсулин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико.

Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година,

А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено.

Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата.

Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер