Жика Тодоровиќ свири на улица за пари - Канал 5

Жика Тодоровиќ свири на улица за пари

Актерот Срѓан Жика Тодоровиќ се труди секогаш да им го разубавува денот на своите фанови на социјалните мрежи, било со фотографии од минатото или со некои од сегашноста, но секогаш го привлекува вниманието на јавноста.

Жика Тодоровиќ свири на улица за пари

Овој пат, тој објави три фотографии, а на првата седи на улица со капа пред него и гитара во рацете, а на „стрип-облачето“ пишува: „Дај ми некоја пара, брат“. Многумина следачи не беа изненадени бидејќи српскиот актер има силна музичка позадина. Оние малку повозрасните паметат дека свиреше на тапани во култната група ЕКВ.

„Уличен музичар“, стои во описот на фотографијата.

На втората фотографија во кадар се гледа нечија рака додека става 20 динари во качкетот, а во „облачето“ кое ги означува мислите на Жика пишува: „Ама се стиснал овој за 20 динари“.

Секако, луѓето беа воодушевени од фотографиите, а и коментарите не изостануваа.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за првпат беше спроведен во Кривичниот суд. 

Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија

Ексдиректорот на државна лотарија Перпарим Бајрами не призна вина на денешното судско рочиште како првоосомничен за проневера на 9,7 милиони евра во оваа државна Институција. Бајрами за првпат седна на обвинителната клупа, откако по речиси две години бегство на 9 септември на граничниот премин Блаце самиот и предаде на полицијата. Неговиот адвокат Еленко Миланов по денешното судење рече дека листата на докази е веќе подготвена – не сакаше да открие на кои аргументи точно ќе се темели одбраната, но рече дека меѓу материјалните докази е и добиено позитивно мислење од Министерството за финансии во однос на набавката на терминали за државна лотарија.

– Станува збор за материјални докази со коишто ќе докажуваме одредени факти за оспорување на овао бвинение. Денеска во суштина и не се случуваше многу во судницата, со тоа што можам да кажам дека постоеше коректно однесување и од судот и од обвинителството во делот на начинот на изведување на доказите. Во однос на сите овие постапки, на сите барања, дури и за правото да може да се приредува самостојно постпјат мислења од министерството за финансии, коишто се позитивни.

Покрај Перпарим Бајрами, на денешното рочиште вина негираше и последноообвинетиот Башким Авдиу, кој на претходното рочиште бараше превод на обвинителниот предлог од македонски на албански јазик. Ова сега значи дека сите осуммина обвинети се чувствуваат за невини и во наредниот дел до постапката најавија дека тоа и ќе го докажуваат. Покрај Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службена положба и проневера на нешто помалку од 10 милиони евра во државна лотарија обвинети се уште седум лица, меѓуу кои и поранешнииот прв вицепремиер Артан Груби, како и поранешниот генерален секретар на владата Методија Димовски. Случајот ќе продолжи во среда на 23 септември со изведување на материјалните докази на обвинителството.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа – буџетските приходи за 8% повисоки од лани

Буџетските приходи заклучно со август изнесуваат околу 3,75 милијарди и се за 8 проценти повисоки во однос на истиот период лани, додека даночните приходи бележат раст од 8,2 проценти.

Средба на Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа – буџетските приходи за 8% повисоки од лани

Овие податоци биле разгледани на средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со директорите на УЈП и Царинската управа, Елена Петрова и Бобан Николовски.

Од Министерството оценуваат дека буџетот засега се реализира согласно планираната динамика, без позначајни отстапувања.

Средбата доаѓа само неколку дена откако Димитриеска-Кочоска не ја исклучи можноста за нов ребаланс или прераспределба на средства поради случувањата на глобалните пазари и влијанието на кризата врз цените на енергентите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крвав напад во Пакистан- најмалку 16 загинати во експлозија во џамија (ВИДЕО)

Најмалку 16 лица, вклучувајќи пет полицајци, беа убиени во напад врз џамија во северозападен Пакистан откако возило натоварено со експлозив се удри во неа. 

Крвав напад во Пакистан- најмалку 16 загинати во експлозија во џамија (ВИДЕО)

Висок полициски службеник во Пешавар ја потврди веста, според Би-Би-Си.

Борби на местото на настанот

Нападот се случил во округот Кохат, во покраината Хајбер Пахтунхва, каде што сè уште се водат престрелки меѓу напаѓачите и безбедносните сили. Еден официјален претставник изјави дека еден напаѓач е убиен и дека се во тек спасувачки операции.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари испрати „најдобри желби за брзо закрепнување на повредените во експлозијата“ во официјално соопштение.

Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот. Премиерот Шехбаз Шариф, исто така, ја осуди експлозијата.

Активноста на милитантите во граничните области на Пакистан нагло се зголеми во последните месеци, а цел беа армијата и полицијата.

Исламабад тврди дека милитантите користат безбедни засолништа во Авганистан за обука и планирање напади во Пакистан. Талибанската влада во Авганистан ги негира обвинувањата и вели дека милитантното насилство е внатрешен проблем на Пакистан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер