3Познато е што имало на менито на свечената вечера во чест на Трамп и Путин- десертот е особено егзотичен
По 10 години брак, го оставила сопругот и избрала прасе за домашно милениче: Едната свиња ја заменив со друга
2По 10 години брак, го оставила сопругот и избрала прасе за домашно милениче: Едната свиња ја заменив со друга
МакедонијаЖетвата почна со ниски откупни цени за јачменотКомбајните во сите земјоделски региони ја започнаа жетвата на јачменот и пченицата. На стартот на жетвата на пченицата и во екот на жетвата на јачменот земјоделите наместо род жнеат загуби. Со зголемените трошоци за гориво за ѓубрива , семе, заштитни средства и за комбајните кои ги плаќаат и по 100 евра од хектар несфатливо е за нив зошто немаат заштита од државата и откупот на јачменот се одвива по ниски цени од само 9,5 денари за килограм цена која со години е иста иако давачките постојано растат. Од националната земјоделска мрежа укажуваат дека јачменот за да биде исплатлив за земјоделците треба да биде платен по 15 денари за килограм а укажуваат и на законските обврски од актуелниот закон дека министерството досега требало да изготви производни цени за јачмнот и пченицата како основа за откупните цени и за тоа колку ќе има обврска државата да доплати за да ја надоплни загубата кај земјоделците во услови на вакво нарушување на пазарните услови кога откупните цени се далеку под производните цени. Побаравме и став од министерството за земјоделство во кое се вели дека министерството работи трудот на земјоделците да биде вреднуван и да не биде оштетен. „Во моментов активно работиме на анализа на пазарните услови и трошоците за производство за да се утврдат фер и одржливи откупни цени кои ќе го заштитат интересот на земјоделците. Нашата цел е да обезбедиме цени кои реално ќе го одразат вложениот труд на земјоделците. Јавноста и земјоделците ќе бидат благовремено информирани за финалните одлуки во врска со откупните цени.“ Од МЗШВ посочуваат дека е предвидена мерка за финансиска поддршка за складирање на пченица, јачмен и ориз од домашно производство од род 2025 година која ќе важи за период од 15 јуни до 1 септември 2025 година, а за ориз во период од 15 септември до 25 декември 2025 година, со исклучок на земјоделските стопанства кои складираат за сопствени потреби. Годинава според информациите од терен јачменот го има на околу 44 илјади хекатари и со просечен принос од 3,5 тона значи дека се очекува реколта од 150 илјади тони. Домашните потреби за сточарството се окоу 80 илјади тони а остатокот најверојатно како и секоја година ќе замине за извоз во Грција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Зијадин Села во „Само Интервју“„Само Интервју“ утре со Зијадин СелаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евраПретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет.. Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година. Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЕн Хатавеј прв пат се појави со бебето- прошета низ Њујорк, сите гледаат во еден детал (ВИДЕО)Холивудската актерка Ен Хатавеј стана мајка по трет пат! Ѕвездата од филмот „Ѓаволот носи Прада“ и нејзиниот сопруг Адам Шулман го добија своето трето дете, а актерката беше фотографирана за прв пат со своето новороденче за време на опуштена прошетка низ улиците на Њујорк, објави ТМЗ. Во вторник, 17 ноември, Ен беше видена во друштво на пријателка, додека го носеше бебето во носилка закачена на градите. Изгледаше многу весела, разговараше, се смееше и уживаше во прошетката, а во еден момент дури и застана да направи неколку фотографии со својата пријателка. Иако е навикната на вниманието на јавноста, актерката овој пат беше во сосема поинаква улога, посветена на најмладиот член од нејзиното семејство. 🤰👶 Anne Hathaway is showing off her little bundle of joy in the Big Apple! 📸: Backgrid https://t.co/EkWFJh2PLE — TMZ (@TMZ) November 17, 2026 Веста за новото бебе беше особено радосна за нејзините обожаватели, кои ја следеа нејзината трета бременост во претходните месеци. Ени објави во јуни оваа година дека очекува бебе, и тоа на многу нежен начин. Таа сподели фотографија на Инстаграм во бел комбинезон, откривајќи го својот труднички стомак, со натпис „Бебе, јас сум твоја“. Актерката и нејзиниот сопруг Адам Шулман, со кого е во брак од 2012 година, веќе имаат два сина, Џонатан и Џек. Нивниот прв син е роден во 2016 година, а вториот во 2019 година, па доаѓањето на нивното трето дете го прошири нивното семејство на пет члена. Интересно е што за време на гостувањето во шоуто на Сет Мејерс, Ени зборуваше за изненадувањето што го донесе нејзината трета бременост. Таа призна дека таа и нејзиниот сопруг биле изненадени кога дознале дека повторно очекуваат бебе, а на шега го нарекле своето ново бебе свое „чудно“ дете, алудирајќи на неочекуваниот, но совршен момент. Името, полот и точниот датум на раѓање на бебето сè уште не се откриени. Сепак, првите сцени на актерката со новороденчето веќе предизвикаа голем интерес, особено затоа што Ени и Адам се многу внимателни во заштитата на приватноста на своите деца и ретко ги покажуваат на јавноста. За актерката, ова е особено убав крај на исклучително напорна година. Покрај семејните промени, 2026 година беше обележана и со бројни филмски проекти, вклучувајќи го и враќањето во улогата на Енди Сакс во продолжението на „Ѓаволот носи Прада“.Тагови: Ен Хатавеј Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter