МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
БалканЖестоки судири меѓу студентите и полицијата во Нови Сад: Употребени солзавец и шок бомбиСрпската полиција синоќа употреби солзавец и шок-бомби во универзитетскиот кампус во Нови Сад за да ги растера демонстрантите кои бараа вонредни избори. Од мирен протест под мото „Србијо, дали се слушаме?“ до ескалација во раните утрински часови со шок бомби и солзавци кај универзитетскиот кампус во Нови Сад. Илјадници луѓе доцна попладнето се собраа во кампусот, но инцидентите избија пред Филозофскиот факултет, каде што се фрлаа пиротехнички средства, а доцна ноќта интервенираше полицијата. Добро опремени полицајци чуваа некои од факултетите, а откако им пристигна засилување со возила за разбивање немири, тргнаа на демонстрантите. Улиците се гушеа во чад од солзавци, шок-бомби, ракети и петарди, додека полицијата ги бркаше демонстрантите од кампусот. Српското министерство за внатрешни работи соопшти дека полицијата употребила сила бидејќи имале информација дека демонстрантите имаат намера за напад пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт. По ова следеа апсења на неколкумина од демонстрантите кои бараа слободни избори и заминување на претседателот Александар Вучиќ, а српските власти кажаа дека при немирите повредени се 11 полициски службеници. „Апсолутно не постоеше причина тие (полицајците) да применат било каква сила. Немаше никаков повод. Тие едноставно дојдоа, како јас што забележав, дојдоа со намера, да ги растераат граѓаните. Во тој момент, тие немаа никаква намера да го заштитат факултетот, да го опколат и да застанат на сите влезови. Мислам дека нивната единствена цел беше да го растераат народот.“ Иако студентите обвинуваат за полициска бруталност, Претседателот Александар Вучиќ на вонредна прес-конференција по полноќ, кажа дека одговорот кон демонстрантите бил соодветен. Притоа жестоко ги нападна европратениците од Европската зелена партија кои дојдоа во Нови Сад за да ги поддржат протестите. „Благодарен сум им на претставниците на Европскиот парламент. Од каде беше таа, Ивица? Зелена партија и кои други? Некои олоши се собрале тука. Олош кој не може да владее ниту во своите земји, што ни покажа каде им е местото, а и како ние мораме да се бориме против нив, кои вечерва беа во Нови сад. Среќен сум поради тоа, ние ќе се бориме за слободата на нашиот народ и за слободата на својата држава. Нема ништо поважно од татковината Србија, а оние кои дошле да ја рушат Србија, од поле, од странство, мораат да знаат дека ќе им се спротивставиме посилно отколку што си мислеле. “ Синоќа протести имаше во повеќе градови, но само во Нови сад инцидентите наликуваа на граѓанска војна. Инаку ваквите протести предводени од студентите, влегоа во својот 11. месец, откако почнаа по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЖивотНедопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓањеНа дното на Средоземното Море е пронајдена потоната бродска олупина со илјадници парчиња луксузен римски прибор за јадење, кои таму лежеле недопрени 2.100 години.Античкиот комплет чинии и длабоки садови останал совршено зачуван на длабочина од 55 метри. Товар од луксузни садови за јадење повторно излегол на виделина откако поминал 2.100 години на дното на Средоземното Море. Археолозите открија потонат брод полн со илјадници керамички садови во близина на турскиот брег. Наодот вклучува чинии за супа, чинии за риба и овални садови со различни димензии, кои се зачувани во исклучително добра состојба. Тие нудат редок увид во начинот на исхрана на богатите во римскиот свет, во време кога со овие исклучително барани луксузни производи се тргувало преку морињата. „Од длабочините на Средоземното Море, на виделина изнесуваме комплети садови стари 2.100 години. Во подводните ископувања што ги започнавме во 2025 година, досега откривме илјадници артефакти од потонатиот брод полн со керамика“, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој. Остатоците од бродот лежат на длабочина од 55 метри во близина на брегот на Адрасан во Анталија, но се верува дека потекнуваат од Росус, античка населба во денешната провинција Хатај. Овие две области се оддалечени околу 300 наутички милји, па затоа се претпоставува дека бродот најверојатно пловел кон Рим кога бил зафатен од невреме и потонал откако удрил во плитиште. Истражувачите досега имаат пронајдено илјадници артефакти, вклучувајќи чинии, длабоки садови и овални садови во 122 различни форми и големини, што ја открива „луксузната“ култура на исхрана од тоа време, пренесува „Дејли мејл“. Археолозите откриле и керамички садови од неколку егејски острови, што укажува на тоа дека бродот превезувал стока од повеќе центри за производство. Доказите од римските записи покажуваат дека керамиката од Росус уживала голем углед меѓу богатите потрошувачи. Значајноста на ова откритие дополнително се нагласува преку интересната поврзаност со една од најпознатите личности на антички Рим – државникот и оратор Цицерон. Во писмото до својот пријател Атик, напишано во 50 година п.н.е., Цицерон пишува за нарачување керамика од Росус, што сугерира дека керамиката од тој регион била високо ценета меѓу богатите Римјани. Археолозите го пронајдоа товарот на бродот во исклучително добро сочувана состојба. Тоа се должи на фактот што садовите биле внимателно спакувани во дрвени сандаци, со глина поставена меѓу поединечните парчиња за да се спречи нивно кршење при транспортот. Се чини дека токму оваа заштитна амбалажа го спасила поголемиот дел од товарот од сериозни оштетувања кога бродот потонал. Монетите пронајдени во остатоците од бродот потекнуваат од I век п.н.е. и им помогнале на истражувачите да утврдат кога бродот тргнал на своето последно патување. „Благодарение на глината поставена меѓу нив при пакувањето во сандаци, овие артефакти стигнаа до нас неоштетени, пренесувајќи ја во денешницата анадолската мајсторија во изработката и трговското минато на Медитеранот“, изјави Ерсој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Шоу бизБред Пит „процвета“крај младата Инес де РамонДевојката на големиот холивудски заводник Бред Пит е вистинска магија – се гледа дека тој „цвета“ покрај неа.Скромната и убава, Инес де Рамон, девојката на Бред Пит, повторно ги освои срцата на луѓето ширум светот. Таа се појави на црвениот тепих во волшебна, речиси нереална креација и му даде нота на романтика на целиот настан. Љубовта меѓу Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон цвета. Тие се појавуваат заедно на големи настани и не е тајна дека славниот актер конечно ја пронашол среќата покрај неа. Викендов во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а тие присуствуваа на овој гала-настан. Сите присутни ги воодушевија со своите модни комбинации, особено прекрасната Инес, која зрачеше со чиста романтика. За оваа прилика таа избра нежен зелен фустан од тантела што ја истакнува нејзината витка фигура. Фустанот се одликува и со отворени раменици, што на целата креација ѝ даде женствена нота. Што се однесува до Бред, тој избра црн смокинг, кој го надополни со пеперутка-вратоврска. Како вистински џентлмен, тој сакаше сите погледи на јавноста да бидат вперени кон неговата сакана.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотФинците се најсреќната нација во светот, но земјата тоне во долговиФинска, земјата што девет години по ред е прогласувана за најсреќна во светот, се соочува со најави за тешка зима и најстрог буџет во последните години, насочен кон силни мерки за штедење. Пред изборите во април, дебатата не се води околу тоа дали ќе има кратења, туку кои услуги, социјални бенефиции и пензии ќе бидат најмногу погодени. Показателите за долгот и дефицитот на Финска се најлоши уште од 1990-тите години, кога колапсот на банкарскиот систем и распадот на Советскиот Сојуз – тогаш клучен извозен партнер – предизвикаа длабока економска криза, пишува DW. Раст на јавниот долг Финскиот завод за статистика минатиот месец потврди дека јавниот долг во вториот квартал достигнал 90,3 отсто од БДП, што претставува пораст од околу 65 отсто пред пандемијата. Една од причините лежи на исток: Финска ги зголеми трошоците за одбрана по влезот во НАТО, поттикната од руската инвазија врз Украина. Покрај тоа, Хелсинки се соочи со значително повисоки трошоци за енергија откако стави крај на зависноста од Москва, од каде што набавуваше околу една третина од својата енергија. Сепак, финската влада троши повеќе отколку што прибира средства уште од финансиската криза во 2008 и 2009 година, делумно поради стареењето на населението и бавниот економски раст. Минатиот месец, Државната управа за финансии прогнозираше дека буџетскиот дефицит во 2026 година ќе изнесува 4,2 отсто од БДП. Брисел бара од Хелсинки да го намали новото задолжување, бидејќи правилата на Европската Унија наложуваат дефицитот да не надминува три отсто од БДП. Во јануари, Европскиот совет покрена постапка и ѝ даде рок на Финска до крајот на 2028 година да ја постигне оваа цел. Владата на премиерот Петери Орпо, која е на власт од јуни 2023 година, планира да заштеди приближно девет милијарди евра во текот на својот мандат. Економистите предупредуваат дека следната влада – без оглед на тоа кој ќе победи на изборите – ќе мора да спроведе значително подлабоки кратења. Иако стапката на ризик од сиромаштија во Финска е под просекот на ЕУ, земјата има една од највисоките стапки на невработеност во Унијата. Според „Еуростат“, во август таа изнесувала 10,3 отсто – малку повеќе отколку во Шпанија (10 отсто). Невработеноста кај младите достигнала 23,3 отсто, наспроти просекот во ЕУ од 15,4 отсто. Лаури Олапа, директор на Финскиот центар за нови економски анализи, предупреди дека нов круг на мерки за штедење би ѝ нанел тежок удар на домашната економија, бидејќи потрошувачката на домаќинствата веќе опаѓа. „Повеќе од четвртина од населението работи во јавниот сектор; доколку овие работници се соочат со закана од отпуштање, стапката на штедење ќе порасне, а приватната потрошувачка дополнително ќе се намали“, изјави Олапа за DW. И покрај низата предизвици – од пандемијата и повисоките каматни стапки до последиците од две војни – нацрт-буџетот за 2027 година сепак предвидува дефицит од 12,4 милијарди евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter