СветЖестока тепачка на еден од најголемите крузери на светот- туристите во болница, капетанот немал избор (ВИДЕО)Луксузниот крузер „Чудо на морињата“, еден од најголемите во светот, мораше итно да го прекине своето крстарење и да се врати во пристаништето по жестока тепачка меѓу патниците.Инцидентот се случил во понеделникот, кратко по испловувањето, а сè започнало како едноставна расправија покрај детскиот базен, објавува „Њујорк пост“. Туристите завршиле во болница Според полициското соопштение, вербалната расправија меѓу двајца патници набрзо прераснала во жестока физичка пресметка. Капетанот немал избор, па решил да го сврти крузерот и да ги извести локалните власти. Полицијата потврди дека патниците биле однесени во болница со полесни повреди, додека фотографиите од местото на настанот покажале еден од нив на носилка. Иако биле повредени, тие одбиле да поднесат тужба. 🚢🚨 Royal Caribbean’s Wonder of the Seas turned back after an all-out brawl. Shoes flying, cops waiting, chicken tenders involved. You don’t have to live like this, here’s the $100 trick to avoid cruise chaos👇 https://t.co/lrSHNzWeQp pic.twitter.com/VwMCaU8f2L — The Budget Savvy Travelers 🇺🇸🦅🏴☠️ (@TheBSTravelers) September 16, 2025 Тепачката го прекина крстарењето Крузерот првично требало да ги посети Бахамите за време на своето петдневно патување, но се вратил во Мајами истиот ден. Откако властите го завршиле својот дел, повторно отпловил навечер. „Чудо на морињата“ е долг речиси 370 метри, со капацитет од 7.000 патници и 2.000 членови на екипажот. „Ројал Карибиан“, кој управува со крузерот, потврди дека на гостите кои учествувале во тепачката им е укажана медицинска помош и дека случајот се истражува во соработка со надлежните органи. „Нашиот тим веднаш реагираше и им ја пружи потребната грижа на повредените. Во контакт сме со локалните власти, но додека истрагата е во тек, не можеме да дадеме дополнителни информации“, соопшти компанијата.Тагови: капетанот крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВечерва Бела ноќ во СкопјеВечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго. За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври. Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје. Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија. Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност. Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале. Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат. Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!Тагови: Бела ноќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во КарпошПретседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“Вечерва со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.Тагови: Посебен режим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16