Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
2Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
3 По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите
Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
2Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
ФудбалЖестока тепачка меѓу навивачи во Мексико, има загинати (Вознемирувачко видео)Ужасни сцени од стадионот „Ел Корегидора“ во мексикански Керетаро, каде истоимениот домаќин требаше да игра против актуелниот шампион Атлас, во живо ги следеше Мексико, но и светот.Немаше натпревар бидејќи избувнаа невидени немири. Хулиганите кои ги следат двата клуба брутално се степаа на трибините на стадионот, тунелите, соблекувалните, во каналот кој ги дели трибините од тревникот и на теренот. На снимката се гледа неверојатната суровост што во таа прилика ја покажаа мексиканските хулигани. Се прикажани групи хулигани кои се изживуваат на безживотното тело на еден непријател и како разбеснета толпа ја отстранува облеката на жртвата. Станува збор за ритуал кој мексиканските хулигани го презеле од тамошните сурови нарко-картели. Тоа дополнително ја понижува ривалската жртва, а на тамошните хулигани им е особено важно да го соблечат дресот на несвесното, а судејќи по снимките убиено момче и член ан противничкиот тим. Но, тоа не им го прават само на противничките хулигани, туку и на обичните, мирни навивачи. Вака настана една од најшокантните сцени од El Corregidora. Сите кои ги гледаа болните сцени од стадионот, а особено оние кои беа таму, не им веруваат на официјалните податоци. Цивилната заштита на Керетаро соопшти дека никој не загинал: „22 се повредени, од кои девет се пренесени во болница, каде двајца се во критична состојба“. Derivado de los hechos registrados la tarde de este sábado en el estadio Corregidora, la CEPC informa que hasta el momento no se tiene reporte de personas fallecidas, 22 personas lesionadas, 9 de ellos trasladados al Hospital General y de estos, dos de ellos de gravedad. — Coordinación de Protección Civil del Estado de Qro (@PCIVILQRO) March 6, 2022 Сепак, многу повеќе му веруваат на познатиот спортски новинар Дејвид Медран Феликс, кој изнесе неофицијални податоци за дури 17 загинати во нередите. Тој сподели објава од Фејсбук навивачката група на Атлас. Тие ги објавија имињата на шестмина ултраши на нивниот клуб кои не го напуштиле стадионот, а на снимката се гледа како лежат тешко повредени. Me confirman miembros de la Barra51 que Esteban Hernández Martínez alias “El Razor” es uno de sus fallecidos y aparentemente perdió la vida dentro de la Corregidora, esto debería tener consecuencias legales para el Club Querétaro y la Liga MX! @bramlob18 @elmursouza #LutoNacional pic.twitter.com/caadz4EVOe — Ricardo Jiménez (@PonyJimenez) March 6, 2022 Новинарот Рикардо Хименез објави дека членовите на Barra51, навивачка група на Атлас, потврдиле дека нивниот истакнат член Естебан Хернандез Мартинез или Ел Разор бил убиен во судирот на стадионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаШто гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert. Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот. Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта. Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата. На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови. Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал. Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја. Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи. Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид. Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола. Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив. Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.Тагови: научниците смртта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаКарикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра. Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата. Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години. Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“. Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил. Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување. Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.Тагови: карикатура Мароко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаТелефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен. Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните. Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews. Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.Тагови: телефоните софтвер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook