Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
1Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
ЖивотЖестока прва предизборна ТВ дебата меѓу британскиот премиер Сунак и лабуристот СтармерЖестока прва предизборна ТВ дебата меѓу британскиот премиер Сунак и лидерот на лабуристите Стармер.Британскиот премиер Риши Сунак и лидерот на лабуристите, Кир Стармер, вчера се судрија околу тоа како да се поттикне британската економија, при што премиерот ја обвини опозициската партија дека сака да ги зголеми даноците доколку победи на изборите на 4 јули. Во првата телевизиска дебата, само еден месец пред парламентарните избори, и двајцата главно се задржаа на линијата на нивната кампања – Сунак рече дека само тој имал план да го поттикне слабиот економски раст на Велика Британија, а Стармер рече дека конзервативците континуирано веќе 14 години се на чело на економска хаос. Во жестоката дебата, какви што често има во Британија во последно време кога повеќе гласачи се свртуваат кон политиката, двајцата лидери се судрија околу тоа како да се справат со кризата со високите трошоци за живот, сè подолгите листи на чекање во јавното здравје и подобрување на образованието систем. На прашање од една жена во публиката дали се свесни колку е тешко да се платат сметките за домаќинството, Сунак рече дека ќе ги намали даноците, додека Стармер го обвини премиерот мултимилионер дека живее во „друг свет“. Сунак повторно го искористи навредливиот лајтмотив на конзервативците дека лабуристите „ќе ги зголемат даноците на сите за 2.000 фунти“. - Памтете ми го зборот, лабуристите ќе ви ги зголеми даноците. Тоа е во нивната ДНК. Вашата работа, вашиот автомобил, вашата пензија, се што можете да замислите, лабуристите ќе го оданочат, рече Сунак. Стармер не го негираше тврдењето, но подоцна изјавите за 2.000 фунти ги нарече „глупости“. Лабуристите постојано велат дека нема да го зголемат данокот на доход или придонесите за социјално осигурување доколку дојдат на власт. Дебатата меѓу двајцата се одржа еден ден откако популистот Најџел Фараж соопшти дека ќе се кандидира на изборите, нанесувајќи му голем удар на Сунак бидејќи некогашниот борец за Брегзит, Фараж, се очекува да привлече многу десничарски гласачи – електоратот за кој се борат конзервативците. Анкета на YouGov за Скај Њуз подоцна покажа дека британскиот премиер и лидер на Конзервативната партија Риши Сунак победил на првите телевизиски изборни дебати со тесна разлика – 51 отсто од анкетираните сметале дека Сунак се претставил подобро од неговиот ривал од Лабуристичката партија Стармер, за кого гласале 49 отсто од гледачите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаСлавески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“Зголемен неделен лимит и целосна исплата на идните приливи, најави гувернерот Славески на попладневната прес конференција поврзана со привремената администрација на банката од страна на Народната банка..Повеќе детали околу новите три олеснувања за располагање на средсствата за клиентите на банката повеќе од Маја Стојановска.. Маја кои се новите олеснувања што ги соопшти Славески? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради тркаНа 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар .На 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Centar Night Run“, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул.„Франклин Рузвелт“ се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“ (коловозна лента во насока север – југ) се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад во истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, се до крстосница со бул.„Илинден“, назад по истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по ул.„Наум Наумовски Борче“, лево по ул.„Михаил Цоков“, повторно лево по ул.„Михаил Цоков“ и десно по ул.„Орце Николов“ до целта. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсен е гостиварец, кој ја принудувал својата 80 годишна неподвижна мајка на питачење Лишено од слобода лице кое ја принудувало својата мајка на питачење, поднесена кривична пријава за „трговија со луѓе“.На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Во текот на 2025 и 2026 година, Н.Н. делото го сторил со цел стекнување противправна имотна корист, на начин што ја искористил ранливоста и зависната положба на неговата мајка З.С(80) од Гостивар, како и нејзината физичка неспособност, (истата се движи со инвалидска количка и не ги извршува самостојно секојдневните активности), и ја принудувал на питачење. Имено Н.Н. својата мајка подолг временски период во континуитет ја носел на локација во Гостивар, и ја изложувал на трудова експлоатација по пат на питачење, додека за целото време бил присутен во нејзина непосредна близина, ја надгледувал и контролирал нејзината активност, по што насилно и на дрзок начин и ги одземал паричните средства, кои потоа ги користел за свои потреби. Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, на подрачје на Гостивар извршен е претрес во дом и други простории кај Н.Н., при што лицето е лишено од слобода. Од извршениот претрес пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати и парични средства кои потекнуваат од извршување на кривичното дело, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter