Германски планинар бил спасуван 14 часа среде снежна бура на Алпите, двајцата пријатели продолжиле без него
2Германски планинар бил спасуван 14 часа среде снежна бура на Алпите, двајцата пријатели продолжиле без него
Пронајден е механизам „виновен“ за виското ниво на холестерол во крвта- веќе постои и лек , тестиран врз луѓе
2Пронајден е механизам „виновен“ за виското ниво на холестерол во крвта- веќе постои и лек , тестиран врз луѓе
МакедонијаЖерновски: Народот виде што Муцунски договарал „под радар“ во Софија - пуштање на МихаиловаНие денеска сериозно ќе инсистираме оваа тема да добие разрешница, затоа што скандалот што го видовме вчера е мегаскандал и нема да остане така како што сака ВМРО.За нас, но и за сите граѓани, јасно е дека пуштањето на Ива Михајлова е договорена работа, или, да го цитирам Муцунски, дека тоа е договорено „под радарот“. Народот сега виде што всушност договорил Муцунски во Софија и за што била средбата со неговата колешка од Бугарија. Едно се зборува пред граѓаните, меѓутоа сосема друго се прави зад грбот на истите тие граѓани. И сега сето тоа излезе на виделина. Истиот тој Муцунски ја уверуваше јавноста дека, цитирам, судската постапка е работа на судството и дека извршната власт не се мешала во сето тоа. Гледаме дека тоа е ноторна лага каква што ја слушаме од владејачката партија веќе две и пол години. Тој тврдеше дека македонскиот здравствен систем може да обезбеди соодветна нега и дека присуството на бугарски лекари може да биде само во вид на некаква консултација. Сето тоа веќе паѓа во вода. Ива Михаилова е пуштена да ја помине македонската граница и, всушност, да ѝ помогне на правдата да ѝ избега, иако е осомничена за сообраќајна несреќа со смртни последици. Таа самата потврди дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците знаеле. Таа слободно ја напуштила земјата, иако судот ѝ ги одзел и бугарскиот и македонскиот пасош. Според податоците на МВР, тие тврдат дека нема евидентиран излез, што дополнително кажува дека сето ова договорен и монтиран случај. Почитувани граѓани, овој скандал бара итно институционално итно расчистување, но и политичка одговорност. Сега гледаме дека коњопојот на Мицкоски во Софија баш и не бил обичен коњопој. Неговиот досегашен молк само потврдува дека ги штити сите оние што се вклучени во оваа афера. Меѓутоа, институционална разрешница мора да има. Синџирот на постапување и синџирот на одговорност мора да излезат на виделина. Панче Тошковски мора веднаш да си поднесе оставка, затоа што целата граница на нашата држава е под негова надлежност. Целиот овој скандал и целиот овој случај не може да се сведат на повикување амбасадори на дипломатски разговори, ниту, пак, сега, дури допрва, да се најавуваат разни потерници. Она на што ние инсистираме е да има одговорност за сите што се вклучени во оваа афера. Надлежните институции треба веднаш да ја поведат постапката за барање екстрадиција, согласно законските услови и меѓународните обврски. Нема оправдување за ова политичко одложување. Михаилова мора да биде достапна за судската постапка, а институциите мора да постапат и да го обезбедат тоа. Одговорност мора да има за сите за кои ќе се утврди дека договарале, дека давале незаконски наредби и инструкции, дека овозможиле заминување и дека ја пуштиле Михаилова. Знаеме многу добро дека во владата на Мицкоски има огромен број функционери со бугарски пасоши. Знаеме дека истите тие функционери имаат фирми во Бугарија и затоа сето ова добива крајно сериозна смисла. Ние, како партија, ќе инсистираме до крај не само на оставката, туку сите оние што се вклучени во оваа афера да излезат пред правдата, бидејќи оставката на Тошковски ќе биде некаква гаранција дека тој нема да влијае врз истрагата. Судските одлуки во оваа држава мора да важат за сите. Граѓаните заслужуваат вистина. Македонија заслужува правда. Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, член на Извршниот одборТагови: Андреј Жерновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДесетици илјади на антивладини протести во Њу Делхи, бараат оставка од МодиДесетици илјади луѓе се собраа во Њу Делхи за да протестираат против владата на Нарендра Моди, додека гневот расте низ цела Индија поради сеопфатната ревизија на избирачкиот список со која се отстранети 130 милиони имиња.Опозицискиот сојуз на Индија, предводен од Конгресната партија, ги собра поддржувачите од целата земја на митинг во индискиот главен град. Опозициските лидери велат дека ревизијата на избирачкиот список ѝ дава на владејачката партија Бхаратија Џаната (БЏП) на Нарендра Моди изборна предност и побараа оставка и отстранување на нејзиниот главен изборен службеник, Гјанеш Кумар. БЏП ги отфрли обвинувањата, објавува Гардијан. Опозицискиот лидер Рахул Ганди изјави на митингот дека Кумар „го извршил најголемиот злостор со обидот да го замолчи гласот на народот“. Ганди рече дека обединетата опозиција нема да дозволи „демократијата во земјата да биде уништена“ и му рече на Моди дека „нема каде да бега“. Најголемиот предизвик за режимот дојде во форма на протести предводени од млади, организирани од движење кое се нарекува себеси „Лебарки“, што доведе до оставка на еден од министрите на Моди, потсетува „Гардијан“. Опозицијата, предводена од Ганди, ги загуби последните три циклуси општи избори од БЏП, бидејќи опозициските партии во голема мера не успеаја да се спротивстават на силната хинду националистичка реторика на БЏП, објави весникот. Прашањето за ревидирање на избирачките списоци беше покренато минатата година, но неодамна стана национален скандал откако истрагата на весникот „Индијан експрес“ откри неправилности и несогласувања во рамките на Изборната комисија околу спроведувањето на процесот. Милиони луѓе кои според сите стандарди треба да имаат право на глас открија дека нивните имиња недостасуваат од избирачките списоци, при што муслиманите и малцинствата се непропорционално погодени. „Хјуман рајтс воч“ оваа недела изјави дека обвинувањата покренуваат „сериозни прашања за фер однос на идните избори во Индија“. Партијата БЏП се обиде да ги отфрли протестите на опозицијата како анархија. Тагови: Моди Њу Делхи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаСветски натпревар во планинарење за хуманоидни роботи- учествуваат 90 тимови Хуманоидни роботи се искачија на планинска патека долга 3,9 километри на планината Таи во Кина, искачувајќи се на 3.100 камени скали, во првото натпреварување во качување за роботи во светот.Покрај нив, во необичниот предизвик учествуваа и четириножни роботи и роботски егзоскелети, надминувајќи висинска разлика од 600 метри. Рутата вклучуваше стрмни падини, долги скали и остри кривини, објави CBS. Додека набљудувачите гледаа, роботите напредуваа по планината, а некои од нив дури и стигнаа до целта. Настанот ја претвори една од најпознатите планински патеки во Кина во тест-полигон за роботи. Dozens of robots took on more than 3,000 steps up one of China's most famous peaks Monday, many carrying eggs and watermelons in a race organizers billed as a test of real-world machine endurance, state media showed. https://t.co/Yiv7iVj1Af — CBS News (@CBSNews) November 2, 2026 Нерамните камени скали и стрмните искачувања ја тестираа способноста на машините да одржуваат рамнотежа и да го совладаат тешкиот терен. Некои од четириножните роботи, исто така, носеа залихи од храна по патот. На натпреварот учествуваа 90 тимови кои ги презентираа најновите достигнувања во областа на истражувањето и инженерството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЕвропаГермански планинар бил спасуван 14 часа среде снежна бура на Алпите, двајцата пријатели продолжиле без него 20 годишен германски планинар, беше спасен во австриските Алпи за време на викендот откако неговите двајца пријатели го продолжија искачувањето без него. Младиот човек повеќе не можеше да го продолжи своето патување, па остана на висина од околу 2600 метри и побара помош. Операцијата за спасување траеше 14 часа, соопшти австриската служба за планинско спасување, пишува Euronews. Сè уште не е познато зошто двајцата планинари одлучија да го продолжат искачувањето и да го остават својот пријател да чека спасувачи. Не е ни јасно дали претходно се согласиле да се одвојат. Австриската алпска полиција ги истражува околностите на инцидентот. Тројца Германци тргнале по тешката планинарска рута Кенигсјодлер во масивот Хохкениг во саботата попладне, и покрај лошата временска прогноза и предупредувањето од друг планинар. На висина од околу 2.600 метри, еден од нив повеќе не можеше да продолжи и побара помош околу 19 часот. Неговите двајца придружници продолжија кон врвот и истата ноќ стигнаа до планинарскиот дом Матрашхаус на висина од 2941 метар, кој веќе беше затворен. Тешко искачување и остаток од акцијата По повикот за помош, планинската спасувачка служба од Милбах излезе на терен. Задачата беше исклучително тешка поради лошите временски услови, а хеликоптерот не можеше да полета. „Дури и самото искачување беше напорно за нашиот спасувачки тим поради временските услови“, рече Волфганг Хагенмилер, раководител на спасувачката операција и локалната станица во Милбах. Во текот на ноќта, снегот продолжи да паѓа, што ја направи акцијата уште потешка. Спасувачите успеаја да стигнат до исцрпениот 20-годишник кратко пред полноќ. Младиот човек потоа беше врзан со јаже и почна да се спушта низ длабокиот снег. Паднаа околу 20 сантиметри нов снег, планинарската патека повеќе не беше видлива, а поради слабата видливост беше многу тешко да се најде безбеден пат. „Беше опасно по живот за сите“ „Беше опасно по живот за сите. Со обилни снежни врнежи и слаба видливост, нашиот тим стигна до планинскиот дом Ериххите дури во 8:18 часот наутро“, соопшти планинската спасувачка служба од Милбах. Герхард Кремзер, раководител на планинската спасувачка служба за округот Понгау, рече дека младиот човек веројатно нема да преживее уште една ноќ на планината поради временските услови Тој додаде дека овој случај покажува колку брзо преценувањето на сопствените способности, игнорирањето на предупредувањата и лошото планирање на искачувањето може да доведат до ситуација опасна по живот. Тој исто така нагласи дека планинарењето подразбира навремена одлука за откажување од искачувањето и враќање на безбедно место.Тагови: Алпи планинар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00