Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
1Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
МакедонијаЖерновски: Лажеше за името, сега лаже за ЕУ - Мицкоски ја краде иднината на младитеДобро рекол нашиот народ: кој лаже – тој краде. Зарем немате впечаток дека кога го кажувал ова, пред себе го имал ликот и делото на Христијан Мицкоски?Лажеше дека ќе го врати името, додека клечеше и молеше да се врати на власт. Лажеше дека со Европската Унија договорил нова преговарачка рамка. Лажеше дека со Брисел договорил уставни измени со одложено дејство. Лажеше дека веќе идната година ќе станеме членка на Унијата, само без право на глас. Лажеше за сè, а за што сè уште не излажа? И додека лаже дека се загрозени македонските интереси, не кажува дека со членството во НАТО токму тие македонски национални интереси се исполнети. Исто како што не кажува дека со влез во Европската Унија ќе ги заштитиме нашите вредности и нашиот идентитет. Како што ги излажа граѓаните пред изборите за името и за уште многу други работи, сега сака на младите, на нашите деца, да им ја украде иднината. Мицкоски не сака членство во Европската Унија и планира земјата и понатаму да ја држи во изолација. Неговата тактика гласи: грабеж одвнатре, изолација однадвор. За жал, како што кажав, сака да ги држи во заложништво нашите деца и идните генерации. Зошто? Имаме право да си го поставиме тоа прашање. Затоа што сака и понатаму да тече историскиот грабеж, да се вршат криминални грабежи, разни сомнителни трансакции, криминални тендери – се разбира без контрола и без никаква одговорност. Почитувани граѓани, токму ова е предавство. Така ѝ се наштетува на сопствената земја. Нашиот национален интерес се Европската Унија и НАТО. Сите веќе знаат, и дома и надвор, дека нашиот македонски национален интерес е заштитен. Нашиот македонски идентитет е заштитен, а внесувањето на малцинствата во Уставот не е прашање на Бугарија, туку на самата Европска Унија. Но, како што кажав, Мицкоски свесно ја саботира иднината на државата и иднината на нашите млади. И додека цела Европа се дистанцира од Орбан, Христијан Мицкоски оди таму, учествувајќи во предизборјето, за да му даде поддршка. Дали е нормално сето тоа што се случува? Почитувани граѓани, кога Мицкоски вели дека ќе чекаме со децении и децении за влез во Европската Унија, тоа значи само едно – да продолжат криминалот и грабежот, а Македонија да остане во изолација. Затоа не треба да има никаква дилема дека неговата агенда гласи: колку подлабоко Македонија тоне во изолација, толку подлабоки стануваат нивните џебови. Е ова е предавство на националните интереси. Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на извршниот одбор Скопје, 02.04.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБАВидео: Брилијантниот Леброн „го „урна“ НБА шампионотЕден од најдобрите светски кошаркари во историјата ѕвездата на Филаделфија, Леброн Џејмс дури и на 41-годишна возраст, во својата 24-та НБА сезона, не престанува да воодушевува. Легендарниот кошаркар одигра одличен натпревар за својот нов клуб и ги предводеше Филаделфија до победа од 98:93 против актуелните НБА шампиони, Њујорк Никс, во рамките на утринската програма во НБА . Џејмс го заврши натпреварот со 20 поени, девет скока и осум асистенции, со што беше еден од најзаслужните за победата на Филаделфија. Тој изгледаше особено импресивно во завршницата на натпреварот, кога ја презеде одговорноста и му помогна на својот тим да го скрши отпорот на домаќините. Го реши натпреварот во завршницата Никс се обидоа да направат пресврт во последната четвртина, а Џејлен Брансон погоди тројка за водство на Њујорк од 90:89, на минута и пол пред крајот. Но, тогаш на сцена стапи Џејмс. Тој возврати со кош и ѝ донесе ново водство на Филаделфија. a LeBron James masterclass in South Philly. 20 PTS | 9 REB | 8 AST @PALottery https://t.co/Zbht6gCTiu — Philadelphia 76ers (@sixers) October 31, 2026 Џејмс во текот на натпреварот покажа дека сè уште може да доминира на двете страни од теренот. Во првото полувреме, тој моќно го проби Микал Бриџис и поентираше, додека во третата четвртина, во полн трк, го блокираше обидот на Оџи Ануноби. На тој начин, Филаделфија оствари вредна победа на гостински терен, а најдобар стрелец во тимот беше Тајрис Макси со 27 поени. Во редовите на Никс, најефикасен беше Џејлен Брансон со 24 поени, но тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконописДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука, автор на Евангелието и Делата на апостолите и заштитник на лекарите и иконописците.Свети Лука – лекар и прв христијански иконописец Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-те ученици на Исус. Бил верен следбеник на христовото учење и проповедал низ повеќе земји во светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанството го проповедал во Галија, Италија, Далмација, Македонија, Грција и други места. Околу 60-та година го напишал евангелието, но напишал и други дела како што се Дела апостолски. Маченичка смрт на 84-годишна возраст Доживеал длабока старост но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј. Свети апостол и евангелист Лука бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал и Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочина новинарот Бранко Радовановиќ Почина Бранислав Бранко Радовановиќ, истакнат македонски новинар, уредник и автор, кој со децении беше дел од медиумскиот живот во земјава.Радовановиќ е роден на 16 јуни 1947 во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за „Млад Борец“ и како студент и по дипломирањето работејќи за „Вечерње новости“ и како надворешен соработник во „Нова Македонија“. Од 1979 година работел како соработник во надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 како коментатор и во повеќе наврати уредник во оваа редакција. Неколку семестри бил асистент по теорија и практика на интердисцплинарните студии по новинарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1999 година работи во Документарната програма на МТВ. Во 2002 година станува уредник во Образовната програма на МТВ. Некои од неговите поважни ангажмани како новинар и уредник се известувањата од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција. Во 1994 година го доби признанието „Кристе Мисирков“. Бранислав Бранко Радовановиќ беше член на Советот за Радиодифузија од април 2009 година со мандат од 6 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook