Жерновски: Германија потврди, Мицкоски е Орбан Џуниор - вистината е како шило - Канал 5

Жерновски: Германија потврди, Мицкоски е Орбан Џуниор - вистината е како шило

Добар ден, почитувани претставници на медиумите. Благодарам за присуството.

Жерновски: Германија потврди, Мицкоски е Орбан Џуниор - вистината е како шило

Добар ден, почитувани претставници на медиумите. Благодарам за присуството.

Дозволете денеска да кажам многу битни работи што СДСМ ги смета за актуелностите коишто се случуваат, како на домашен, така и на меѓународен план.

Падот на авторитарниот режим на Виктор Орбан има директни последици не само врз целиот регион, туку и врз оние политичари коишто беа под негова директна заштита. Тука секако спаѓа и Христијан Мицкоски, наречен „Орбан Џуниор“.

Вчера германските медиуми го потврдија тоа што СДСМ со месеци го зборува. Прво, дека се работи за една голема транснационална мрежа која функционира под заштита, односно под директниот чадор на Виктор Орбан. И второ, мрежа која контролира медиуми, финансиски текови и која функционира врз основа на контрола на бизнисите.

Втората работа што е многу битна и која граѓаните мора да ја знаат е дека Германија и Европа го разобличија Мицкоски, го нарекоа, цитирам, „авторитарен политичар“ и го ставија во друштво на Вучиќ и Додик, при што целата таа група беше наречена „авторитарно братство“.

Ете како Германија, ете како Европа го перципира Христијан Мицкоски, но за жал, ете како ја перципира и нашата држава.

Тоа е корумпиран систем на политичка, финансиска и медиумска контрола, директно спротивставен на европските демократски вредности, или ако сакате – продолжена рака на Русија во Европа.

Германските медиуми точно го потврдија тоа што СДСМ го зборуваше – што ќе се случи ако падне Орбан. Тоа значи слабеење на автократските и антиевропските влијанија.

Се сруши главното оружје кое го користеше Мицкоски, а тоа беше тврдењето дека ова се само наративи на СДСМ. Не. Ова што денес Европа и Германија го оценуваат кај Мицкоски веќе не е напад на домашната опозиција. Ова се нарекува меѓународна дијагноза.

Тоа секако е лоша вест за Мицкоски и неговата екипа, но е добра вест за граѓаните, затоа што мора да се ослободиме од овие стеги.Историската победа на демократијата над авторитаризмот во Унгарија, ако сакате – на Европа над корупцијата, или на владеењето на правото над злоупотребата, испраќа порака до целиот регион.

Почитувани граѓани,

Овде веќе не станува збор за битка помеѓу власт и опозиција. Овде станува збор за битка помеѓу демократија и авторитарен режим. И тоа ќе биде изборот на следните избори.

За Македонија ова има особено значење, затоа што владата на Мицкоски ги стави стратешките интереси на државата директно во рацете на Виктор Орбан – се разбира, за свои цели и за свои бизнис интереси.

Телекомуникациите, за кои многупати зборувавме, енергетиката, медиумите и финансискиот сектор – цели системи беа поврзани во оваа мрежа.

Денеска, кога Орбан паѓа, ВМРО како организирана криминална група е во огромна паника.

Сакам денеска да бидам многу прецизен, во име на СДСМ: ќе бараме целосна и темелна истрага за сите финансиски и бизнис интереси и врски помеѓу Орбан и Мицкоски.

Нема веќе криење. Нема веќе лажење. Ќе одговара секој што го направил ова злодело.

Граѓаните имаат право да ја дознаат вистината, особено затоа што се работи за нивните пари.

Доаѓа време на вистина. Доаѓа време на правда. И секако, доаѓа време на одговорност.

По најновата изјава на идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, дека Унгарија повеќе нема да биде оаза за пребегнати криминалци, сакам да упатам директна порака до Министерството за правда – без одолговлекување, веднаш да се пристапи кон барање за враќање на Груевски онаму каде што го направи криминалот, а тоа е Македонија.

Вистината е како шило, нели Никола – а правдата, иако знае да доцни, на крајот секогаш стигнува.

Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 15.04.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Леонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс заедно во новиот филм на Скорсезе

Следната година ќе одбележат точно шест децении од првиот игран филм на Мартин Скорсезе.

Леонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс заедно во новиот филм на Скорсезе

Тоа беше драмата „Кој ми тропа на врата“, направена во независна продукција, но и прв од 26-те филмови на еден од најголемите режисери на денешницата.

Сепак, Скорсезе не запира - заврши со снимање на ново дело, кое според последните информации би можело да се најде во кината во текот на следната година. Станува збор за филмот „Што се случува ноќе“.

Реализацијата се базираше на истоимениот роман на американскиот писател Питер Камерон.

Реализацијата е најавена како готски психолошки хорор, а актерската екипа вклучува голем број големи имиња - предводени од Леонардо ди Каприо, Џенифер Лоренс и Мадс Микелсен.

Како што е наведено во синопсисот, приказната се фокусира на американски пар кој патува во мал европски град за да посвои бебе. Колку повеќе се борат за тоа, толку помалку знаат за себе.

Филмот се снимаше во првата половина на годината во Чешка и во Швајцарија, а последните информации говорат дека Скорсезе ја завршил и постпродукцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени

Денвер Нагетс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс по продолжението, но натпреварот беше обележан со остра порака од Никола Јокиќ до дел од домашната публика. 

Јокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени

За време на натпреварот, тимот загуби со 23 поени разлика од тим кој се смета за меѓу најслабите во лигата, поради што навивачите во салата почнаа да ги исвиркуваат.

Иако Јокиќ ги предводеше Нагетс до пресврт и победа со трипл-дабл во кој имаше 35 поени, 15 скока и 10 асистенции, тој беше многу критичен кон однесувањето на навивачите. Тој верува дека тимот, кој бркаше голем дефицит, требало да добие поддршка од трибините.

Јокиќ: Кој и да нè исвиркуваше не е добредојден

Зборувајќи со новинарите по натпреварот, Јокиќ беше директен. „Мислам дека навивачите кои нè исвиркуваа повеќе не се добредојдени тука, ако мене ме прашувате. Ако нè следите, знаете дека никогаш не се откажуваме и се вративме од многу полоши ситуации. Што се однесува до мене, тие повеќе не се добредојдени“, рече тој.

За „Нагетсите“, ова не е прв ваков камбек на домашен терен. Во февруари 2020 година, тие исто така го надминаа дефицитот од 23 поени против „Сан Антонио Спарс“, но потоа ја обезбедија победата во регуларниот дел.

Сомнежи за силата на тимот на почетокот на сезоната

Победата против „Пеликансите“ е прва за Денвер во сезоната, по поразот од „Оклахома Сити Тандер“ во првиот натпревар, па тимот сега е 1-1.

Дури и пред почетокот на сезоната, се поставуваше прашањето дали раководството на клубот составило висококвалитетен тим околу Јокиќ за борба за титулата во силната Западна конференција. Нестабилниот почеток на сезоната, и покрај победата, сугерира дека ваквите проценки биле основани и дека „Нагетсите“ ги очекува барателно продолжение на натпреварувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Утревечер во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube  во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му  гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. 

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот.

Утре вечер на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер