3Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?
3Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
МакедонијаЖерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот - сега намерно разгорува тензии пред средбата во БугаријаДенеска ќе повториме што кажа претседателката Фон дер Лајен при посетата во Скопје, за да може да објасниме она што деновиве го гледаме како специјална стратегија на премиерот Мицкоски.Денеска ќе повториме што кажа претседателката Фон дер Лајен при посетата во Скопје, за да може да објасниме она што деновиве го гледаме како специјална стратегија на премиерот Мицкоски, која, за жал, нема цел нас да нè одведе во Европската Унија, туку, напротив, има цел да нè врати назад и Македонија да не биде дел од оваа група којашто се спрема од Брисел за влез во Европската Унија. Претседателката на Европската комисија, многу директно, на премиерот Мицкоски му ја кажа вистината во очи. Со таа вистина ја победи лагата којашто ние со години ја слушаме, не само кога беше во опозиција, туку и како премиер, дека претходната влада ги има загрозено, цитирам, идентитетот и јазикот на нашата држава. Напротив, Урсула Фон дер Лајен потврди, многу отворено, дека се зачувани, забетонирани, обезбедени и македонскиот јазик, и македонската култура, и македонскиот идентитет. И со тоа потона лагата на Мицкоски, со којашто, попрецизно кажано, дојде на власт затоа што кажуваше дека сето тоа е загрозено, дека ние сме го изгубиле со Преспанскиот договор, тој идентитет, и дека тој, кога ќе дојде на власт, ќе го коригира сето тоа. Што се случува сега кога стана јасно дека и таа лага на премиерот Мицкоски отиде во вода? Стана јасно дека сосема друго е денеска на масата. На масата се реформите, на масата е соработката со Европското обвинителство и на маса се промените на Уставот. Нема нови услови, нема нова преговарачка рамка, нема никакви нови гаранции, како што нè убедуваа. Се сеќавате како Мицкоски и неговата екипа нè убедуваа кога дојде на власт дека ќе обезбедат подобри услови, ќе обезбедат нова рамка, дека ќе имаме одложено дејство, ќе влеземе, па потоа ќе се одлучува, па потоа се сеќавате за стратегијата дека, нели, ќе сме влегле, но нема да имаме право на глас и сите тие небулози конечно, паднаа во вода. Како што се разбира, нема ништо ново ниту со поништувањето на Преспанскиот договор, нема ништо ново ниту со враќањето на уставното име. Лага, лага и само лага. Сега, кога не може да се измисли нова лага, сакам да дојдеме до поентата за она што денес се случува и сакаме да обрнеме внимание, за да може јавноста внимателно да го следи целиот овој процес. Сега ќе бидеме сведоци, веќе сме сведоци, за жал, на една стратегија на поткопување на целата оваа состојба, целата атмосфера околу средбата којашто треба да се случи со нашиот источен сосед. Уште пред да се случи таа средба, гледаме стратегија на поткопување на таа средба. Премиерот Мицкоски, сега ќе не тера да размислуваме и да зборуваме само за она што се случувало во минатото. Ќе нè тера да гледаме назад, не да гледаме напред. Ќе нè тера да зборуваме за минатото, а не да зборуваме за иднината. Тоа е исто како да возите автомобил, меѓутоа цело време да гледате во ретровизор. Никаде, никој не стигнал до дестинацијата ако гледал во ретровизор цело време. Но тоа е специјалната стратегија којашто Мицкоски сега ја прави само за да може да ја одвлече Македонија повторно назад и да не бидеме дел од овој пакет којшто наскоро ќе влезе во Европската Унија. Она што можеме и директно да го слушаме од самиот Мицкоски, тој вели: ’ние фактички разговараме, не преговараме‘, но ако знаеме дека добрососедските односи се едни од најважните предуслови да се влезе во Европската Унија, тогаш каква е оваа негова стратегија? Какво е ова затворање на вратите кон Европската Унија? Какво е ова затворање на вратите кон нашите соседи и обезбедување, правење на атмосфера тие средби и тие разговори да пропаднат уште пред да се случат. Така не се градат односи со соседите. Чудно е навистина да сакате да разговарате со соседот, да го каните на разговор, но однапред да создадете услови тие разговори да пропаднат. Тогаш не знам зошто се чуди премиерот, Владата, целата партија владејачка во ВМРО, зошто нас, за жал, како Македонија, нè нема ниту на европската маса, ниту на европската мапа, ниту во патоказите, ниту во роковите коишто веќе се доделуваат и се пишуваат за ние земји коишто стануваат најсериозни кандидати. Нас веќе нè нема на таа карта. Ние како партија, како СДСМ, не ја оспоруваме историјата, меѓутоа јасно и прецизно кажуваме дека со историјата треба да се занимаваат историчарите. Опасно, секогаш било опасно, особено во овој регион, кога политичари ја толкувале историјата. Намерно, се разбира, поради свои лични интереси и лични рејтинзи. Оваа Влада има обврска да обезбеди напредок на државата и, се разбира, да обезбеди европска иднина на нашите граѓани. Она што сакам на крај да го кажам е дека она што сега ќе следи во овој период е повторно иницирање, разгорување на темата Бугарија. Злоупотреба на историјата, нова злоупотреба на историјата, за да се најде ново оправдување за неуспехот којшто го имаме пред нас и ново оправдување зошто не може оваа Влада да направи исчекор кон Брисел. Сакаме да бидеме начисто и да го објасниме тоа многу јасно и прецизно. Зошто Мицкоски не сака уште еднаш да направиме исчекор кон Европската Унија? Затоа што во Европската Унија постојат правила, прецизни правила на игра. И постои Европско обвинителство. И ако Ковеши се заангажира да види што се случува кај нас, тогаш тоа значи дека ќе има истраги, тогаш тоа значи какви има затвори. А кандидати во оваа Влада за затвор има колку ви душа сака. Затоа нема да бидеме сведоци, за жал, на исчекор на нашата држава кон Брисел. Ете зошто се плаши од сето тоа Мицкоски, ете зошто ние оценуваме дека оваа средба е веќе поткопана, ете зошто ние оценуваме дека се подготвува посебна атмосфера оваа средба да не успее уште пред да се случи. Но СДСМ како партија докрај ќе се бори, да ја разобличува стратегијата затоа што сакаме да видиме наша држава во Европската Унија, затоа што оваа држава заслужува да биде во Европската Унија и затоа што граѓаните заслужуваат да имаат европска иднина. Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор Скопје, 06.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаЕвропска земја се подготвува да ги забрани паметните очилаНорвешката влада подготвува закон за забрана на употребата на паметни очила опремени со камери на одредени јавни места, додека нивната приватна употреба би останала дозволена.Локациите опфатени со предложената забрана вклучуваат паркови, плажи, музеи, трговски центри, училишта, градинки, здравствени установи, теретани и јавни настани. Норвешкиот министер за дигитални прашања, Торгер Микелсен, изрази загриженост дека „нова и моќна технологија се воведува на места каде што постои ризик луѓето да бидат фотографирани, снимани или аудио-запишани без нивно знаење“. Според него, целта е да се осигура дека луѓето нема да стравуваат оти ќе бидат снимани без нивна согласност на места каде што очекуваат приватност. Норвешката Лабуристичка партија, која ја предводи малцинската влада, ќе треба да обезбеди поддршка од другите партии за да се усвои предлогот. Владата најави планови за поднесување на законот што е можно поскоро, а формирана е и експертска група за изготвување трајни прописи за оваа област. Слични ограничувања веќе се спроведуваат ширум светот. Употребата на паметни очила е ограничена во некои судници во Обединетото Кралство и САД, додека пабовите, рестораните и кината почнаа да ги забрануваат или ограничуваат со цел да ја заштитат приватноста и да спречат филмско пиратство. „Meta“ продава паметни очила од брендовите „Ray-Ban“ и „Oakley“ опремени со камери кои им овозможуваат на корисниците да фотографираат и снимаат видеа, да остваруваат телефонски повици, да слушаат музика и да користат функции на вештачка интелигенција. Од почетокот на 2023 година, „Meta“ има продадено најмалку девет милиони пара очила „Ray-Ban“ со овие можности. Француска организација за заштита на децата извести дека оваа година примила околу 20 поплаки од жени кои биле снимани без нивно знаење од камери вградени во паметни очила – првенствено модели на „Meta“. Во некои случаи, снимките подоцна биле објавувани на социјалните мрежи како шега или во форма на улично интервју. „Meta“ нагласува дека сите нејзини очила опремени со камери имаат ЛЕД-светло кое трепка кога корисникот фотографира или снима видео. Светлото не може да се исклучи, а камерата се деактивира доколку некој се обиде да ја покрие или попречи. Компанијата истакнува дека очилата се многу популарни за слушање музика, остварување телефонски повици и превод во реално време. Извор: Б92Тагови: паметни очила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветУкинување на забраната за нуклеарно оружје во Литванија?Литванскиот парламент гласаше за укинување на уставната забрана за нуклеарно оружје во земјата, што претставува прво од двете гласања потребни за измена на уставот.За предложениот амандман гласаа 106 од вкупно 141 пратеник, а второто гласање е закажано за 12 јануари, пренесе Ројтерс. За усвојување на амандманот е потребно двотретинско мнозинство при двете гласања. Литванскиот претседател Гитанас Науседа во јули изјави дека политичките партии се согласиле да ја укинат забраната, наведувајќи ја како причина промената на безбедносната ситуација во регионот предизвикана од Русија. Науседа истакна дека во моментов не постојат планови за распоредување нуклеарно оружје во Литванија, но дека укинувањето на забраната би ѝ овозможило на земјата да преземе соодветни чекори доколку се промени безбедносната состојба. Според него, Литванија ќе остане потписничка на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.Тагови: нуклеарно оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“„Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме“, рече Чо.Јужна Кореја доби извинување од Украина во врска со обелоденувањето информации за префрлањето на двајца севернокорејски воени заробеници во Сеул, но тоа не ги исполни очекувањата на јужнокорејската влада, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Чо Тае-јул. „Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме, па затоа имаме намера да преземеме решителни мерки“, рече Чо за време на парламентарниот надзор над работата на министерството, како што пренесе агенцијата Јонхап. Тој додаде дека владата разгледува различни опции, вклучително и можноста за отповикување на јужнокорејскиот амбасадор во Украина, Парк Хи-квон. Чо истакна дека уште од самиот почеток постоел договор префрлањето да се чува во тајност со цел да се заштитат двајцата војници и нивните семејства во Северна Кореја. Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, претходно ја опиша ситуацијата како „дипломатско недоразбирање“. Според јужнокорејските власти, двајцата севернокорејски војници биле заробени во јануари минатата година додека се бореле на страната на Русија во регионот Курск, а во Јужна Кореја пристигнале во средината на септември. Јужна Кореја се обидува да го реши спорот преку дипломатски канали, истовремено одржувајќи ги односите со Украина.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08