МакедонијаЖерновски: Aлиби на Мицкоски за избори спремаат руски и српски служби - Ново сценарио за етнички тензииМицкоски очајно бара алиби за избори. Ние, на денешната прес-конференција сакаме да го објасниме сценариото коешто е во режија на Мицкоски, поточно кажано во режија на српските и руските служби, а коешто за жал ќе го гледаме во наредниот период. Нас како СДСМ ни е должност ова сценарио да го презентираме пред граѓаните за да предупредиме што ќе се случува. Не бевме на почетокот разбрани кога објаснувавме за српски свет, за Орбан, за Вучиќ, подоцна беше јасно дека тоа што кажувавме беше вистина. Така да не треба да се има никакво сомневање дека ова што ќе го објавиме во овој период е вистина, затоа што тоа се информации до коишто доаѓаме и тоа од луѓе од кругови коишто многу добро знаат што ќе се случува кај нас како последица на она што се случува во регионот. Мицкоски очајно бара алиби за избори. Внимавајте, самиот кажува дека не сака предвремени избори, но истовремено моли да му биде фрлена ракавица или веројатно поточен е изразот да му биде фрлена гума за спасување од страна на опозицијата. Тоа е неверојатно спротивно на она што самиот го кажува. Уште еднаш на почетокот да му порачам дека СДСМ нема да биде алиби за ова сценарио во коешто тој има само улога, макар и главна, но не е режисер. Тој не сака да признае дека главниот проблем и главната причина зошто бара предвремени избори е празниот буџет. Негов главен проблем се бројките. Тој има полни бројки во Собранието, има мнозинство и затоа му е тешко да објасни зошто воопшто и му требаат предвремени избори. Но, нема полни бројки кај резултатите од неговото работење и нема полни бројки кај буџетот. Резултатите се нула, буџетот е нула. Испразнет. Поточно кажано, украдени се парите. Секоја недела имаме нови и нови задолжувања, меѓутоа тоа сценарио веќе не може да оди до недоглед и затоа се потребни вонредни избори. Сето тоа се работи, сценариото е работење на лична материјална корист, но истовремено исполнување на руската и српската анти-ЕУ агенда, бидејќи единствено ним им одговара Македонија да остане надвор од Европската унија како некоја тампон-зона. Ова, се разбира, му одговара и на Мицкоски лично затоа што со отворање на преговорите кај нас треба да почне да функционира европското законодавство или, што е уште поголем проблем за него, европско обвинителство. Ако дојде европското обвинителство, тогаш се работи за испитување за криминалите. Се разбира, не сака да има истрага за аферите, за криминалите итн. Внимавајте кој паралелно најавува избори? Нормално Вучиќ. Мицкоски мора да распише избори во исто време затоа што не може да си дозволи да му се повтори сценариото со Орбан. Очекуваше од таму да дојде позитивен бран. Видовме што му направија Унгарците на Орбан. Сега се плаши дека ако почека прво да има избори во Србија, а Вучиќ да заврши како Орбан, тогаш се знае дека следниот на дневен ред да заврши така е токму Мицкоски. Затоа покрај 40% Орбанови медиуми во Македонија, тоа не беше доволно, па сега сведочиме за тешка српска медиумска артилерија којашто токму тој ја овозможува преку АЛО групата и лиценцата на Еуроњуз. Сега сакам да дојдеме до основата, суштината на оваа прес-конференција, всушност до основата, суштината на сценариото коешто ќе го гледаме од Мицкоски, неговата партија. Бугарите требаше да служат како главно оружје врз основа на што тој ќе добие политички поени и коешто ќе служи како алиби за изборите. И тие, Бугарите требаше да служат како алиби до крајот на мандатот. Меѓутоа, тоа сценарио пропадна прво поради лагите коишто самите ги кажаа и второ затоа што тој проект се искомпромитира. Зошто? Затоа што јавноста дозна за безброј бугарски пасоши во редовите на неговите пратеници и неговите министри. И не само што имаа бугарски пасоши, туку, внимавајте, излезе дека имаат еден куп бугарски фирми. Откако пропадна тоа сценарио, сега јавноста, сакаме на ова да предупредиме, ќе биде сведок на ново сценарио. Сега нема да бидат главен аргумент противник наш, односно алиби за избори, Бугарите, туку ќе бидат, внимавајте, Албанците. Тоа сценарио не е само потребно на или за националистичката кампања на ВМРО, туку му е потребно и на Вучиќ. Вучиќ започнува со истите обвинувања, со истото сценарио, со истиот терк. Ова алиби, мораме и тоа да го кажеме отворено, не е како сценарио смислено во главата на Мицкоски. Тоа е алиби којшто му го даваат руско-српските служби. Сценариото, се разбира, на сето она што се случува денеска, за жал, на политичката сцена од страна на владата е на Вучиќ, а Мицкоски има само главна улога. Затоа сакавме денеска да зборуваме за и да предупредиме за тоа што допрва ќе се случува. Се разбира, ќе слушнеме повторно за некакви шарени револуции, ќе слушаме од страна на Мицкоски за некаква поделба, иако токму тој ја прави поделбата со тоа што ги нарекува граѓаните или опозицијата талог. А сите оние што не се согласуваат со него, сите оние што прочитаа дека е неспособен, дека се работи за криминалец, сите тие ги нарекува талог. Се разбира, тие што го поддржуваат само тие не се талог. Наместо на најсветлиот државен празник Илинден да зборува за единство, да го искористи тој празник и да повика на единство, бидејќи премиер каков би бил инаку премиер ако не обединува, тој говори за поделби и оттаму ја интензивираше кампањата Талог. Така и против претседателот на СДСМ, доктор Венко Филипче, со којшто пет години водеа морбидна кампања за модуларните болници, го нарекуваат убиец, го нарекуваат дури и доктор Менгеле. Не водејќи сметка дека доктор Филипче излегува пред своите пациенти како доктор и пред своите студенти како професор. Значи, токму тие се користеа со трагичната судбина на оние што ги загубија животите во модуларната болница за да добијат политички поени со тоа што го напаѓаа лидерот на опозицијата. Нас ни беше навистина важно да ова сценарио кое што претстои кај нас го обелодениме, затоа што сакаме со тоа да спречиме тоа сценарио да успее колку што можеме како опозиција. Внимателно треба да следиме сите како граѓани и како општество што се случува во регионот. Европската унија посочи дека работи интензивно, поинтензивно и ја забрзува интеграцијата на Црна Гора во ЕУ, затоа што увиде хибриден напад врз Црна Гора од страна на Вучиќ. Зошто го кажуваме ова? Затоа што целта не е само Црна Гора, целта е и Македонија. Но, во Македонија токму Мицкоски овозможува и широко ја отвора вратата за тие хибридни напади коишто доаѓаат од Вучиќ. Како што со Орбан се спроведуваше акција за купување на медиуми во Црна Гора, во Хрватска, во Словенија, во Босна и во Македонија, денеска тоа интензивно го следиме и од Вучиќ. Сето тоа го работи преку својот соработник Стоилковиќ и неговите исто така соработници коишто се всушност соработници на српската служба на БИА. Повторно сето тоа се случува по моделот на Гебелс, а тоа е следниот: Обвинувај ги другите за она што сам го правиш. Се разбира, позади оваа кампања на Мицкоски стои кој друг ако не Латас. Еднаш му служи на Груевски, потоа му служи на Мицкоски, но секогаш е посочуван како човек којшто им служи на српските служби. Почитувани граѓани, бидете уверени дека СДСМ до крај ќе се бори да го разобличи ова сценарио. Сакам да заклучиме заедно дека, за жал, ќе го гледаме повторно сценариото од 90-тите, дека, за жал, ќе гледаме вештачко предизвикување на судири и тоа во она што сè уште е кревко, а тоа е меѓуетничките и меѓунационалните тензии. Македонија не смее ова да го дозволи. Сакам да порачам на крај дека СДСМ нема да учествува во ова сценарио. СДСМ нема да биде дел од ова сценарио и нема да послужи како алиби за тоа што Мицкоски, односно Русите и Србите го смислија. Граѓаните не заслужуваат режирана претстава. Граѓаните заслужуваат вистина, а СДСМ тоа ќе го овозможи. Прес конференција на Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и Секретар за меѓународна соработкаТагови: Андреј Жерновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook