Жерар Депардје на наддавање продаде дел од личната уметничка колекција - Канал 5

Жерар Депардје на наддавање продаде дел од личната уметничка колекција

Аукцијата со дел од уметничката колекција на францускиот глумец Жерар Депардје во Париз заврши вчеравечер, достигнувајќи цена од 1,3 милиони евра „во соба преполна колекционери и љубопитни гледачи“, како што соопшти аукциската куќа „Адер".

Жерар Депардје на наддавање продаде дел од личната уметничка колекција

Депардје (74), одлучи да се прости со над 250 дела на мајстори од 20 век, како што е, на пр. вајарот Огист Роден - уметник чиј лик Депардје го отелотвори во филмот „Irréductible“ („Нескратливо“) од 2022 година, покрај Изабела Аџани. Колекцијата првично е проценета на над три милиони евра, пренесува бугарскиот портал „24 часа“.

- Оваа колекција е големо изненадување во однос на важноста на делата што ги собира Жерар Депардје повеќе од 40 години. Тој собирал многу прецизно, што ни открива сосема нов поглед на неговата личност, изјави Дејвид Нордман од аукциската куќа.

Во првиот ден од аукцијата, делото „Паоло и Франческа“ во бронза и црна патина од Роден, изработено во 12 примероци, достигна 83.200 евра, надминувајќи ја првичната проценка. Скулптурата на Задкин од 1922 година, „Жена на колена“, по доста ревносно наддавање, постигна цена од 104.960 евра - со трошоци, иако била проценета на 80.000 евра.

Гвашот „Сончева светлина“ од Александар Калдер (1974) достигна 92.160 евра, надминувајќи ги и највисоките очекувања.

Во текот на трите дена додека делата беа јавно изложени за разгледување, неколку илјади луѓе влегоа во хотелот „Друо“ во Париз. Жерар Депардје, инаку, е под истрага од 2021 година, под сомнение за силување и сексуален напад врз глумицата Шарлот Арну. Поради тоа, во мај тој одби официјално да учествува во претставувањето на својот нов филм „Умами“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени

Оваа година заклучно со вчера, во Mакедонија се регистрирани осум случаи на Западно-нилска треска, стои во новиот извештај на Институтот за јавно здравје. 

Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени

Од регистрираните случаи, седум се водат како потврдени, а еден како веројатен.

„Регистрирани се шест автохтони случаи од Скопје и од Велес и еден случај од Скопје со историја на патување во Грција, но инку-бацискиот период покрива и престој во Македонија.

Почетокот на симптомите кај 5 лица од заболените е регистиран во месец јули. Кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден случај во мај“, пишува во извештајот од Институтот.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, од почетокот на сезоната на пренос од оваа година, а заклучно со 22 јули, идентификувани се 35 региони погодени од вирусот на Западно-нилска треска.

Во шест земји во европа овие региони се наоѓаат во Италија , Грција Романија, Македонија, Шпанија и Франција.

Во оваа сезона, кај луѓе во европскиот регион, првиот регистриран случај е од Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мастантуоно оди на позајмица во Бенфика?

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид го испраќа талентот Франко Мастантуоно на калење во Бенфика?

Мастантуоно оди на позајмица во Бенфика?

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, би можел да го напушти клубот ова лето и да замине на позајмица.

Бенфика се спомнува како голем фаворит за неговиот потпис. Мастантуоно има само 18 години и не успеа да избори поголема минутажа по доаѓањето од Ривер Плата за вртоглави 45.000.000 евра.

Со доаѓањето на Јан Диоманде од Лајпциг, дополнително ќе се заостри конкуренцијата на позицијата десно крило.

Затоа Мадрид и Жозе Мурињо сакаат да му најдат клуб каде што би играл редовно. Очигледно, покрај Бенфика, заинтересирани се и Фулам и Фиорентина, но португалскиот клуб има предност бидејќи игра во европските натпреварувања.

Реал верува дека позајмицата би можела да има ефект сличен на оној од престојот на Ендрик во Лион минатата сезона, каде што Бразилецот доби минути за развој и имаше добри настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

СДС и Венко Филипче со лаги не можат да ја сокријат одговорноста на нивните кадри во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Конструкциите, лагите и манипулациите на Венко Филипче и СДС за состојбите во Гостивар не можат да ја сокријат вината и неспособноста на нивните кадри во Гостивар.

СДС и Филипче покажаа елементарно непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса.

Фактите се јасни. Контролата на квалитетот на водата е во надлежност на локалните институции. Во Гостивар локалната власт ја предводат кадри поддржани од СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот Валбон Лимани е нивен избор и нивна политичка одговорност.

Наместо да одговорат кој потфрлил таму каде што тие ја имаат локалната власт, СДС секојдневно пласира невистини и ја насочува јавноста кон погрешна адреса.

Додека надлежните институции и службите работат деноноќно за целосно надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата пракса, политиканство, манипулации и обид за собирање евтини политички поени врз грбот на граѓаните.

Затоа, ако навистина бараат одговорност, нека почнат од сопствените редови. Наместо прес-конференции со обвинувања, нека им објаснат на граѓаните што направиле и зошто дошло до оваа состојба.

Институциите остануваат целосно посветени на решавање на проблемот. Веќе е обезбедена технички исправна вода за лична и домашна хигиена, а согласно проценките на надлежните служби, во најбрз можен рок се очекува да биде обезбедена и безбедна вода за пиење во Гостивар.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер