Женско полуфинале на Ролан Гарос

На тенискиот Грен слем во Париз денеска се играат полуфиналните мечеви кај дамите.

Први на централниот терен „Филип Шатрие“ ќе се појават Марија Шарапова и Викторија Азаренка, а потоа е дуелот Серена Вилијамс и Сара Ерани.

Титулата ја брани Марија Шарапова, која има две победи на земјена подлога против Азаренка, но на грен слем мечевите поуспешна е Азаренка. Првиот меч почнува во 15 часот.

Вчера беа комплетирани и полуфиналните двојки кај мажите. Ланскиот шампион Рафаел Надал го победи Станислав Вавринка со 6:2; 6:3 и 6:1 по сетови. Негов противник во полуфиналето ќе биде светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, кој со 3:0 во сетови (6:3; 7:6 и 7:5) го победи германецот Томи Хас.

Машкото полуфинале ќе се игра в петок, а покрај мечот Надал – Ѓоковиќ ќе играат уште Жо Вилфред Цонга – Давид Ферер.

Ѓоковиќ изјави дека психички е подготвен и оти има време да се одмори и потполно концентриран да влезе во мечот со Надал.

- Знаев дека пред или подоцна ме чека дуел со него. Тоа е некоја врста на традиција овде. Тој е најголемиот предизвик на земјена подлога. Ако сакате до стигнете до трофеј, морате да го победите, изјави Ѓоковиќ.

Неговиот противник истакна дека знаел оти го чека меч со најдобриот тенисер на светот.

- Знам дека веќе долго време постигнува сјајни резултати, но ќе се трудам да ја играм својата игра, да најдам ритам и да одиграм најдобар можен меч. Само така имам шанса против него. Ќе се обидам, тоа единствено можам, изјави Надал.

Отворено студио на Канал 5: Како би изгледала новата Влада?

Во отвореното студио на Канал 5 по повод двојните избори во Македонија се дискутираше за тоа како би изгледала новата Влада.

Според Горан Момироски ВМРО-ДПМНЕ оди кон 58 пратеници, а ВЛЕН и ЗНАМ се сериозни кандидати за да влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

За Љупчо Зиков е прерано да се лицитира со цифри на пратеници, а според него на платнформата за новата влада според ќе се најдат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Најмалку 85 жртви во поплавите во Бразил- претседдателот бара прогласување вонредна состојба

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните дождови во кои загинаа најмалку 85 луѓе во најјужната држава Рио Гранде до Сул,покажуваат најновите податоци.

Оваа мерка би овозможила одобрување на дополнителни државни распределби без потреба да се почитуваат ограничувањата предвидени со фискалните правила кои стапија на сила минатата година.

„Сè уште немаме проценка за тоа што ќе биде неопходно. Само кога водата ќе се повлече ќе го видиме обемот на штетата“, рече министерот за планирање Симон Тебет, како што пренесува Ројтерс.

Гувернерот на Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите изјави дека бројот на загинати може значително да се зголеми бидејќи спасувачите напредуваат.

Повеќе од 130 луѓе се уште се водат како исчезнати откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, а раселени се околу 150.000 луѓе, соопшти Управата за цивилна одбрана на земјата.

Поплавите уништија патишта и мостови во неколку градови, предизвикувајќи лизгање на земјиштето.

Временските услови се подобрија во понеделникот, но синоптичарите соопштија дека се очекува повторно да врне обилен дожд помеѓу 10 и 15 мај.

Муцунски: Очекуваме одличен резултат и уште вечерва да се знае каква ќе биде Владата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, рече дека ДУИ вечерва станува опозиција, зашто беше дел на криминална Влада.

Муцунски рече дека очекува одличен резултат на парламентарните избори и дека цензусот за претседателските избори ќе биде надминат со сигурна победа на Гордана Силјановска- Давкова.

притисни ентер