Женската ракометна репрезентација го потврди пласманот во баражот на СП - Канал 5

Женската ракометна репрезентација го потврди пласманот во баражот на СП

Три од три за Македонија.

Женската ракометна репрезентација го потврди пласманот во баражот на СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија го потврди пласманот во баражот за Светското првенство со трета победа на квалификацискиот турнир во скопје овојпат над Грција со 20-19.

Нашите најдобри ракометарки противникот во баражот ке го добија утре а двомечот ке се игра следниот мсец. Светското првенство пред крајот на годината ке се одржи во Шпанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балкански музички плоштад во Охрид

Синоќа во просториите на Аудиокултура во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански Музички Плоштад (Balkan Music Square) со настап на џез триото “Трицкл“ .

Балкански музички плоштад во Охрид

Синоќа во просториите на Аудиокултура во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански Музички Плоштад (Balkan Music Square) со настап на џез триото “Трицкл“ составено од студенти и дипломци на џез академијата “Гоце Делчев“ од Штип.

Фестивалот продолжува во Охрид со следните две фестивалски вечери. На 20-ти Јуни настапуваат: Елена Христова од Баклава, а потоа групата ВИС Билјана од Охрид.

Фестивалот го затвара на 21-ви Јуни популарниот македонски гитаристи и композитор Владимир Четкар со својот бенд.

Двете фестивалски вечери ќе се одржат во Центарот за култура Григор Прличев со почеток во 20 ч, а влезот е слободен.

И оваа година фестивалот се одржува во чест на Денот на Охридското езеро 21-ви Јуни, а еколошка порака гласи: “Езерото не е контејнер, чувај го чисто!“.

Организатор на Фестивалот Балкански Музички Плоштад е продуцентската куќа “Трето Уво“, а истиот е поддржан од Министерството за Култура и туризам на Македонија и Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аргентинец потпиша за Тотенхем

 Поранешниот аргентински играч на Борнмут, Маркос Сенеси, е ново засилување за Тотенхем, објави лондонскиот клуб.

Аргентинец потпиша за Тотенхем

Во соопштението се наведува дека Сенеси ќе се приклучи на Тотенхем на 1 јули, бидејќи договорот на аргентинскиот фудбалер со Борнмут истекува на 30 јуни.

„Многу е посебно чувство да се биде играч на Тотенхем. Сакам да освојувам титули со Тотенхем и ќе направам сè што можам за да го остварам тоа“, рече Сенеси, објави официјалната веб-страница на Тотенхем.

Сенеси (29) пристигна во Борнмут во 2022 година, а пред тоа играше за Феенорд и Сан Лоренцо. Одигра три натпревари за аргентинската репрезентација, но не беше вклучен во конечниот список на фудбалери на „гаучосите“ за Светското првенство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видеолотарија овој викенд навива за Игор Стефановски Иџе кој е пред нов предизвик во Германија

По исклучително тежок и турбулентен викенд во Чешка, исполнет со бројни предизвици, но и со освоено трето место на подиумот, трикратниот европски шампион Стефановски овој викенд со нов настап во Германија на легендарната трка Glasbachrennen.

Видеолотарија овој викенд навива за Игор Стефановски Иџе кој е пред нов предизвик во Германија

За жал, последиците од силниот удар што го доживеав при првото возење во Чешка сѐ уште се чувствуваат. И покрај огромниот напор на мојот тим, автомобилот не е целосно вратен во состојбата во која беше пред инцидентот. Работевме ден и ноќ за да го приспособиме и подготвиме колку што е можно подобро за настапот во Германија, споделува Иџе.

Во овој момент, најважно е техничката комисија на FIA по деталната проверка која ќе се изврши во петок, да ни даде зелено светло за настап. Тоа е првата и најголема битка што треба да ја добиеме пред воопшто да застанеме на стартот, додава Стефановски.

Се надевам дека се’ ќе биде во ред и дека ќе можеме да се бориме за што подобар резултат. Сигурно е дека ова ќе биде една од најпредизвикувачките трки сезонава, не само за мене туку и за целиот тим, кој вложува огромен труд за да останеме конкурентни во шампионатот, смета Стефановски.

Веднаш по завршувањето на трката во Германија, автомобилот ќе замине во Ferrari во Италија на детален преглед и целосна санација на оштетувањата, со цел повторно да биде подготвен на највисоко ниво за следните предизвици.

„Никогаш не се предаваме. Кога е најтешко, тогаш се гледа вистинскиот карактер на шампионите. Овој викенд нема да биде лесен, но ќе дадеме максимум за да ја претставиме Македонија на најдобар можен начин.“

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат силно верува во него. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер