Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери
1Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери
ЗабаваЖенска чантичка во облик на домат чини 3.000 евра- веќе е распродадена (ВИДЕО)Непосредно пред почетокот на летото, Loewe вклучи нов моден деликатес во својата понуда, мала чантичка во форма на домат, изработена од фина јагнешка кожа.Да, добро прочитавте - домат! Оваа неодолива чанта доаѓа со висока цена од околу 3000 евра и интересна приказна за тоа како наводно настанала. Ех да, торбичката е веќе распродадена. Според „Хајпбист“, сè започнало минатата година кога на социјалните мрежи почнала да кружи фотографија од совршено обликуван домат од стара сорта. Корисникот на X @giannarosinaa споделил фотографија од споменатиот домат, а друг корисник, @homocowboi, коментираше: „Овој домат е толку Лоу, не можам да го објаснам“. „Лоу ги претвора мемите во реалност“ Мемето брзо стана вирално, привлекувајќи го вниманието на модната заедница, но и на тогашниот креативен директор на „Лоу“, Џонатан Андерсон. View this post on Instagram A post shared by Jonathan Anderson (@jonathan.anderson) Андерсон ја сподели виралната објава на својот Инстаграм профил, а набргу потоа објави и кратко видео на кое ја покажува новата чантичка, придружено со натпис „Loewe ги прави мемите реалност“. Иако чантата изгледаше како брза реакција на виралниот хит, Андерсон подоцна откри дека дизајнот веќе бил планиран за претстојната сезона. Необичните модни додатоци долго време се заштитен знак на Лоу и Џонатан Андерсон Невообичаените модни парчиња за Лоу и за Џонатан Андерсон не се ништо ново. Во текот на своите 11 години на чело на брендот, Андерсон го редефинираше неговиот идентитет, воведувајќи разиграни, концептуални парчиња како чанти во облик на слонови, а сега и домати. View this post on Instagram A post shared by Jonathan Anderson (@jonathan.anderson) Чанта Loewe, 3000 евра Неговиот дизајнерски потпис комбинира хумор, уметност и врвна изработка, со што Loewe стекна репутација на иновативен и смел моден бренд. Но, во март 2025 година, Андерсон официјално се повлече од функцијата креативен директор на „Лоу“ по повеќе од една деценија обликувајќи го својот препознатлив стил. Во април веќе беше објавено дека тој ја презема новата улога, уметнички директор на Диор за машка мода. Неговата позиција во Loewe ја презеде дизајнерското дуо Џек Меколоу и Лазаро Хернандез, познати по нивната работа на брендот Proenza Schouler, внесувајќи ново поглавје во приказната за оваа шпанска модна куќа.Тагови: домат чантичка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТурци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек.Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек, а потоа и за принудување да се откаже од градежните работи што ги извршувал во овој град, објави Коха. Според судот, осомничените М. Д, М. Д. Г, С. К, Р. О. и М. П. се товарат за кривични дела лесна телесна повреда, принуда и незаконско лишување од слобода. Се сомнева дека на 1 ноември, околу 7:20 часот наутро, тие го пресретнале мажот по име С. Б. во Призрен, блокирајќи му го патот со комбе. После тоа, наводно физички го нападнале, го удирале со тупаници и клоцале, а за време на нападот користеле и ножеви, нанесувајќи му девет убодни рани и исеченици на несреќниот човек. По нападот, осомничените, според сомневањата на истражните органи, насилно го ставиле во комбе, му ставиле вреќа на главата и го однеле во приватна куќа во Приштина. Таму го држеле против негова волја околу десет часа, заканувајќи се и притискајќи го. Според обвинителството, целта на осомничените била да го принудат мажот да ги запре градежните работи на објектите на компанијата во Призрен, да ги отстрани работниците од градилиштето и да ја напушти земјата. Истиот ден, помеѓу 17 и 17:30 часот, осомничените наводно го вратиле во Призрен, исто така со вреќа преку главата, и го оставиле на улица, по што му била укажана помош во Регионалната болница во Призрен. Случајот бил пријавен во полиција откако на 3 ноември преку оперативни канали било примена снимка од нападот од надзорни камери, на која се гледа како пет лица физички напаѓаат маж, а потоа го насилно внесуваат во возило. Полицијата следниот ден ја идентификувала жртвата и преку интензивна истрага ги лоцирала и уапсила петмината осомничени. Судот им одредил едномесечен притвор по барање на обвинителството, оценувајќи дека постои ризик од бегство, бидејќи осомничените се странски државјани кои привремено работат во Призрен. Исто така, било оценето дека тие би можеле да влијаат врз оштетената страна и потенцијалните сведоци, како и да го попречат понатамошниот тек на истрагата.Тагови: камери Призрен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЌерката на Кетрин Зета- Џонс во проѕирен фустан, ја имитира мајка си (ФОТО)Керис Даглас за состанок во Њујорк избра топ кој е постар од неа. На настанот на „Гучи“ и „Мода Операнди“, 23-годишната девојка носеше проѕирен црн топ од чипка со длабоко деколте, заедно со мини здолниште и хулахопки. Парчето е од времето кога Том Форд дизајнираше за „Гучи“, а Керис не го бараше во продавниците за винтиџ. Како што објавува „Пејџ Сикс“, таа го позајмила од плакарот на нејзината мајка, Кетрин Зета-Џонс. Кетрин Зета-Џонс, го носеше истиот топ во 1996 година на премиерата на филмот „Долгото збогување“, но го комбинираше поинаку. Под проѕирната чипка носеше црн топ без прерамки, со панталони направени од истата чипка. Топот на „Гучи“ е од деведесеттите години, но проѕирната црна чипка е во тренд оваа есен. Сен Лоран ја покажа во раскошни вечерни фустани, додека Кајт искомбинираше црн топ од чипка со кадифени панталони. Чипка видовме и надвор од пистата. Зои Кравиц пристигна на ревијата на Сен Лоран во проѕирен црн кардиган со врзување и здолниште од чипка во иста боја, а Хејли Бибер носеше топ од чипка со хулахопки со ист цветен дезен.Тагови: Кетрин Зета-Џонс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветВо МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс. Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот. Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс. Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP). Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан. Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.Тагови: МААЕ ураниум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook