Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотЖените во Македонија заработуваат 10 проценти помалку од мажитеРазликата во плати помеѓу мажите и жените со исти карактеристики за еднаква работа во Македонија е 10,3 проценти, што би значело дека на секои заработени 1.000 денари заработени од мажите, жените заработуваат 103 денари помалку. Според податоците објавени на денешната тркалезна маса „Жените на пазарот на трудот: Стереотипи и предизвици“, во организација на FINANCE THINK, Институтот за економско истражување и политики Скопје, процентот на родовиот јаз според економските сектори и според оббразование возраст и професија се различни. Највисок е процентот на јаз во земјоделскиот сектор, каде жените заработуваат 31 процент помалку од мажите, а најмал во финансискиот сектор каде тие имаат плати пониски само за еден отсто. Ако се гледа образованието на работниците, највисок е јазот кај оние со основно образование, дури 24,2 проценти помали плати, а најмала во високото образование 10,1 процент. Јазот е поголем меѓу жените и маќите над 29 години 11,9 проценти, додека кај мажите и жените под 30 години тој изнесува 3,2 проценти. Благица Петрески од FINANCE THINK Скопје смета дека ваквите бројки упатуваат на потребата кога се говори и бори за родова еднаквост на жените да не се гледа само процентот на застапеност на одредени места и позиции или во различни тела, туку колку родовите се еднакво вреднувани за еднакво за нивните влогови што ги даваат. - Целта на оваа дебата не е да докажуваме кој е повреден, ниту да поставуваме натпревар меѓу мажите и жените. Целата е да се прифати дека постојат економски јазови оти жените во просек се помаклу платени од мажите, но и да поттикнеме размислување како тие да се надминат, рече Петрески. Ваквата состојба, како што истакна Доминика Стојановска од UN women, помалку или повеќе е карактеристична за сите земји, што го покажува и последниот извештај на ОН кој се однесува на економските и социјални права на жените во минатата и оваа година. Извештајот, додаде Стојановска ги детектира причините за тоа, а како што посочи се однесуваат на фактот дека макроекономските политики не се во насока на унапредување на овие состојби, дека жените најчесто се застапени на многу ниско платени позиции и работни места, дека извршуваат неплатена работа и оти тие најчесто се грижат за домот и семејството што ја намалува нивната можност за напредок. - Извештајот предгала приоритети кои треба да се земат предвид за да се направи родова еднаквост. Мора да се создаваат подобри работни места да се вклучат жените во пазарот на труд, да се емлиминиара сегрегација односно поделба на машка и женска работа или професија, мора да се обезбедни економската сигурност на жената, неплатениот труд во еден момент мора да се квантифицира, да се разгледа дали има покриеност на социјални услоги како градинки и училишта..., рече Стојановска. Жаклина Гештаковска Алексовска од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) смета дека намалувањето на јазот во платите меѓу жените и мажите е можно со создавање на рамноправни услови за жените, но и со укажување на оние кои вработуваат што добиваат доколку на одредени позиции или работни места постават жени. Потребно е, рече Гештаковска Алексовска, и зголемување на самодовербата кај жената за она што може да го направи и работи и за своите можности кои се однесуваат на кариерата и работата, зашто, како што рече многу малку од нив прифакаат повисоки позиции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметриГо информираме Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација. Венко Филипче како предводник на талогот од СДС покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија. Овој пат тоа го прави со економските показатели. Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој. Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме. Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Што велат овие меѓународни институции? Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти. Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен. И покрај се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter