Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање
1Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање
3Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова лично им го честиташе успехот на кадетите и кадетките на Светското ракометно училишно првенство
КултураЖените во делата на македонските сликари - изложба во Галерија МатицаПо повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, во Галерија Матица денеска ќе биде отворена изложба на четириесет дела од македонски автори кои ги прикажуваат повеќеслојните искуства, борби и триумфи на жените.-Секое дело зборува за уникатните приказни за издржливост, сила и убавина што ги носат жените. На изложбата ќе бидат застапени дела на македонските сликари: Коле Манев, Павле Кузманоски, Тања Балаќ, Синиша Новески, Касиопеја Наумоска, Ниче Василев, Златко Глигоров, Симон Калајџиев и други, соопшти „Матица“ за изложбата која ќе биде отворена до 28 март. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Нова провокација од Кајли ЏенерМладата членка на кланот Кардашијан - Џенер, атрактивната бизнисменка Кајли Џенер не престанува да ја рекламира својата нова колекција, и секој пат тоа го прави со се по провокативни фотки и изданија.Риалити убавицата реши ова лето да се посвети само на себе си. Таа веќе неколку пати воодушеви со модели од својата нова колекција, особено кога станува збор за бикини, а сега претстави и фустани и летни комплети. Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПод мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска ВМРО-ДМПНЕвечерва во Струмца го одбележува својот 36 роденден. На свеченоста по повод основањето на партијата пред членството и присутните гости се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицевски: Владата е проевропска, ама и ги штити македонските национални интересиНикола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Канал 5 телевизија, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека Македонија во изминатиот период бележи значителен напредок Никола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Канал 5 телевизија, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека Македонија во изминатиот период бележи значителен напредок во спроведувањето на реформите, особено во областa на дигиталната трансформација, образованието и енергетскиот пазар. Според него, позитивните оценки од Европската комисија и Европскиот совет, како и добиените средства од планот за раст, се потврда за успешноста на реформските процеси во земјата. „Македонија напредува во изминатиот период во повеќе области, oна за што можам директно да кажам и што е видливо е делот на Реформската агенда, односно законите и областите коишто произлегуваат од планот за раст. Македонија напредува во делот на дигиталната трансформација, во делот на образованието, во делот на енергетскиот пазар, во делот на дигитализацијата, што е видливо и од извештаите кои што ги добиваме од Европската комисија и од претседателот на Европскиот совет којшто рече дека Македонија бележи опипливи резултати. Македонија на последната поделба на одредени средства доби 65,7 милиони евра, повеќе од сите во околината, кој што се средства да кажеме како лидери во областа на реформите од планот за раст“, рече Мицевски. Мицевски посочи дека Владата останува цврсто определена на европскиот пат и спроведува реформи што се бараат од Европската комисија, но истовремено внимателно ги штити македонските национални и државни интереси. Тој нагласи дека, по искуствата од минатото и неисполнетите ветувања по направените уставни измени, земјата нема да избрзува со нови чекори без јасни гаранции и видлив напредок на патот кон Европската Унија. „Македонија ја води проевропска Влада, Влада којашто работи на измените, односно на реформите коишто Европската комисија ги бара, меѓутоа, Македонија во моментов има Влада којашто се грижи за македонските национални и државни интереси. Поучени од минатото коешто го имавме, направени уставни измени со промена на уставно име, а не испорачани резултати коишто беа ветувани, сега разговараме, меѓутоа внимателно со цел да добиеме некој видлив патоказ, којшто ќе ни даде за право да веруваме доколку дојде до одредени измени. Не брзаме, не сме наивни, меѓутоа работиме на Реформската агенда и реформскиот пат, затоа што тоа е иднината на оваа држава“, дециден е Мицевски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter