Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
2Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
ЗабаваЖените почесто имаат проблеми со сонот од мажите (фото)Несоницата станува голем проблем во светот, таа влијае и на другите аспекти од нашиот живот.Спиењето е добро за нашето здравје и општата благосостојба. Недоволното спиење ја намалува продуктивноста во текот на денот, нè прави нерасположени, но и ја намалува нашата концентрација за извршување на секојдневните задачи. Постојат различни фактори кои влијаат врз квалитетот на сонот, а еден од нив е поврзан со полот. Според некои истражувања, жените се оние кои почесто остануваат будни во текот на ноќта, а некои студии покажале дека тие почесто се погодени од нарушувања на деноноќниот ритам (биолошкиот ритам на телото). Се разбира, на истражувачите сè уште не им е јасно што влијае на биолошкиот ритам и зошто постојат разлики во спиењето кај мажите и жените, пишува sciencealert.com. Сепак, за време на истражувањето, тие откриле дека постојат клучни разлики во квалитетот на сонот кај двата пола, што може да има се рефлектира врз здравјето на човекот вклучувајќи ризик од одредени болести. Разлики во биоритамот Истражувачите се фокусирале на 150 текста кои истражувале различни аспекти на спиењето, деноноќниот ритам и метаболизмот. Резултатите откриле дека жените имаат послаб квалитет на сон од мажите и дека се посклони да развијат одредени нарушувања на спиењето, како што е синдромот на немирни нозе. Кај мажите, забележано е дека тие почесто може да добијат апнеја при спиење од жените. Мелатонинот, хормонот кој го регулира сонот, кај жените се лачи порано отколку кај мажите, а температурата на телото, која е највисока пред спиење, кај жените се повишува порано отколку кај посилниот пол. Резултатите покажале дека жените имаат поголема потреба од сон и се будат подоцна, што не е во согласност со социјалните барања, како што е работата. Метаболизмот се менува Нарушувањето на деноноќниот ритам предизвикува ризик од нарушување на метаболизмот и појава на дебелина и дијабетес тип 2. Исто така, луѓето кои работат ноќна смена имаат поголем ризик од овие болести во споредба со оние кои работат во текот на денот. Ова го поддржува веќе потврденото во претходните студии, а тоа е дека полот може да влијае на квалитетот на сонот. Наодите укажуваат дека е потребно третманите за нарушување во спиењето да се прилагодат според полот на лицето. Сè уште не се познати специфичните механизми кои објаснуваат зошто проблемите со спиењето и биолошкиот ритам се поврзани со поголемиот ризик од одредени болести и зошто постојат разлики во спиењето кај жените и мажите. Секако, важно да се земе предвид и менструалниот циклус и земањето контрацепција бидејќи тие секако влијаат на квалитетот на сонот и на деноноќниот ритам. Ваквото истражување помага подобро да се разберат разликите во квалитетот на сонот кај жените и мажите со цел да се обезбедат поефикасни третмани за двата пола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаУлица и патишта го чистат каналот што е причина за поплавените гробишта во БутелПо налог на Град Скоопје односно секторот за комунални работи денес ЈП „Улица и патишта“ со координарни активности за рачно и машинско чистење на обраснатата вегетација улицата “Александар Урдаревски“ кај градските гробишта Бутел.Со расчистување на овој дел ќе подобри пристап на механизацијата за чистење и евакуација на натрупаниот материјал во дренажниот канал покрај самата сообраќајница, велат од Улица и патишта. Обраснатото зеленило е проблем и за истек на водата која се собра во каналот и водата ги поплавува гробните места... Канал 5 вчера објави сторија каде се гледа дека без разлика дали имало дожд или бил сушен период водата е присутна и тешко може да се стигне до гробните места. Од ЈП „Улица и патишта“ објаснуваат дека зеленилото е проблем и за одржување на безбедноста на улицата кога се движат пешаци и исто така е проблем за прегледност на возачите. Од ЈП „Улица и патишта“ апелираат граѓаните во одводните канали да не фрлаат отпад и шут бидејќи штетите пред се по големи дождови се огромни..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМицотакис по нападот во Солун: Ќе ве најдеме и ќе ве предадеме на правдатаПремиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека сторителите на нападот во Солун ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, по смртта на жената која претрпе најтешки изгореници во намерно подметнат пожар .Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека сторителите на нападот во Солун ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, по смртта на жената која претрпе најтешки изгореници во намерно подметнат пожар врз објект поврзан со функционери на владејачката партија Нова демократија.. 72-годишната жена, инаку мајка на партиската кандидатка Афродити Нестора, починала на одделението за интензивна нега во Солун. Мицотакис изрази сочувство до семејството и предупреди дека не може да има толеранција за крвопролевање. Тероризмот мора да биде протеран таму каде што му е местото, на маргините“, изјави грчкиот премиер. Нападот врз домот на нестора бил еден од три координирани инциденти вчера рано утрината, во кој биле повредени уште четири лица, меѓу кои и самата кандидатка и нејзиниот татко..Тагови: Киријакос Мицотакис солун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
СветРусија го нападна Киев, најмалку 13 луѓе се убиениРуските сили извршија голем напад со дронови и ракети врз украинската престолнина Киев, при што загинале 13 лица, а десетици се повредени.Неколку населби биле евакуирани додека нападите ги потресувале зградите низ целиот град, Само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за нов напад.. Меѓу жртвите има и деца, изјави Тимур Ткаченко, шеф на воената администрација на Киев.. „Непријателот повторно намерно ги гаѓа станбените области и убива цивили“, изјави тој. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала 74 ракети и 496 дронови преку ноќ. Ова е прв голем руски напад со ракети и дронови врз украина во последните повеќе од две недели. Руското министерство за одбрана соопшти дека биле погодени и воени бази во централна и источна Украина..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54