Жените од Косово ќе упатат петиција до ОН - Канал 5

Жените од Косово ќе упатат петиција до ОН

Жените министри, пратеници, како и активистките за човекови права од Косово, започнаа кампања со која сакаат да извршат притисок врз Обединетите нации, да помогнат, сексуалните злосторници од косовскиот конфликт, да се најдат пред лицето на правдата.

Жените од Косово ќе упатат петиција до ОН
Косовските политичарки, во четвртокот, на својата прва средба, објавија дека планираат да испратат петиција со која од ООН ќе побараат да подготви темелен извештај за случаите на силување во Косово, извршено за време на конфликтот со српските сили, 1998-1999.

„Денес го одбележуваме почетокот на иницијативата, не само за упатување на петицијата, туку и за другите активности што ќе доведат до меѓународна правда за силуваните жени во Косово за време на војната, за оваа воена трагедија и геноцидниот злостор што Србија и српските сили го извршија за време на војната во Косово“, рече Едита Тахири, заменик-премиер на Косово.

Теута Сахатчиу, поранешен пратеник од опозициската Демократската лига на Косово, рече дека петицијата ќе биде упатена по изборите во Косово планирани на 8 јуни, „бидејќи тие не сакаат да се создаде перцепција дека оваа нивна активност се користи во изборната кампања“.

Во февруари оваа година, специјалниот претставник на ООН за сексуално насилство извршено во конфликтите, подготви извештај со кој беа опфатени 21 земја во Европа, Азија, Африка, Јужна Америка и Блискиот Исток, но во кој Косово не беше вклучено.

Иако поминаа 15 години од војната на Косово, сé уште не постои точна бројка на жени и девојки кои биле силувани или претрпеле други форми на сексуално насилство.

Власта нема ниту официјални бројки за лицата кои биле убиени, ранети или кои исчезнале за време на конфликтот.

Тахири рече дека на Косово му е потребно посебно министерство што ќе ја процени штетата предизвикана од конфликтот кон крајот на 90-тите, кое воедно ќе се справи и со прашањето на воено сексуално насилство.

„Израел има министерството кое се занимава со еврејскиот холокауст. И ние имавме албански холокаустот што треба да се расветли и се надевам дека во иднина тоа ќе го направи едно вакво министерство“, рече таа. /Преземено: БИРН/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки

Граѓански обврзници од 4-тата Емисија граѓаните можат да запишат до 1 декември во филијалите и експозитурите на деловните банки во земјата.

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки

Граѓаните можат да запишат минимум една Граѓанска обврзница во износ од 10.000 денари. Каматната стапка на граѓанската обврзница од оваа емисија е 4,6% и рок на доспевање 2 години. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2028 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2027 и за втората година на 11 декември 2028 година.

Проспектот е објавен на 100 милиони денари. Аукцијата за 4-тата емисија Граѓанска обврзница ќе се реализира на 3 декември.

Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катастрофа за Баерн М: Хари Кејн поради повреда надвор од теренот неколку месеци

Голем шок за германскиот фудбалски шампион  Баерн Минхен. Најдобриот фудбалер во светот според „Франс фудбал“, Хари Кејн , , се здоби со сериозна повреда на глуждот поради која ќе отсуствува најмалку три месеци.

Катастрофа за Баерн М: Хари Кејн поради повреда надвор од теренот неколку месеци

Англискиот напаѓач се повреди за време на натпреварот против Келн, кој заврши со резултат 1:1, а по натпреварот спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, ја потврди лошата вест.

Кејн претрпе кинење на лигаментите на синдезмозата и нема повторно да игра годинава.

„Хари Кејн има скинати лигаменти на синдезмозата“, изјави Еберл по натпреварот, а тренерот Венсан Компани потврди дека неговиот напаѓач ќе отсуствува неколку месеци.

Според информациите на германски „Билд“, се очекува Кејн да биде надвор од терените три до четири месеци. Тоа значи дека тој нема да може да се врати сè до февруари или март 2027 година, пропуштајќи голем дел од сезоната, вклучително и голем број важни натпревари во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.

Англискиот напаѓач се повреди во 15-тата минута од натпреварот против Келн. По центаршутот на Мајкл Олисе, тој се обиде да стигне до топката во шеснаесетникот, но одбранбениот играч на гостите, Жоел Шмид, се лизна и го закачи за левиот глужд.

Шмид прво ја допре топката, поради што судијата не досуди прекршок. Кејн остана да лежи на теренот со болна гримаса на лицето, а потоа се обиде да продолжи со играта. Сепак, набрзо стана јасно дека тој не може да продолжи. Во 20-тата минута, со помош на медицинскиот тим, тој го напушти теренот, а на негово место влезе Том Бишоф.

По натпреварот беше потврдена сериозноста на повредата.

Баерн остана и без Олисе. Французинот го напушти стадионот на патерици. Повредата на Кејн не беше единствената лоша вест за Баерн. Поради повреда, на полувремето беше заменет Мајкл Олисе, еден од најважните играчи во тимот на Компани. Французинот доби удар во левата нога кон крајот на првото полувреме, а според извештаите на германските медиуми, тој ја напуштил „Алијанц Арена“ на патерици. „Што се однесува до Мајкл, сè уште не знаеме ништо“, изјави Еберл за неговата здравствена состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без струја, денеска и утре делови од Кисела Вода, Аеродром и Катланово

Според најавените прекини, во недела (22 ноември), од 9 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците во делот од трафостаницата „Скопје 4 – МЕПСО“ до новиот кружен тек на патот Драчево – Батинци, во општина Кисела Вода.

Без струја, денеска и утре делови од Кисела Вода, Аеродром и Катланово

Во понеделник (23 ноември) се планирани прекини на две локации.

Во Катланово, од 8 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улица „1“. Причина за прекинот е планираната замена на три електрични столбови.

Во Аеродром, прекинот ќе трае од 8:30 до 11 часот и ќе ги опфати куќите помеѓу „Порта Супериум“ и „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“, зад гимназијата „Димитар Влахов“, како и куќите зад Тутунска банка, кон паркиралиштето на Македонски железници и делот зад „Алкалоид“.

Прекините се најавени поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер