Операциите ги имале пред една деценија. Искушение, борба, солзи, болка во целото семејство, но мора да речете јас ќе живеам и успеам, раскажуваат трите пријателки од здружението „Борка“.
Во Македонија секоја година кај 1200 жени, а кај 5 мажи е дијагностицирана оваа болест. За дестет години дупло се зголемил бројот на зболени од рак на дојка.
Но, денеска се со нов предизвик, здравствениот систем. За нив најголем проблем се закажувањата на контролните прегледи чекаат 3, 4 месеци, некои и повеќе. Докторите се одлични велат, но здравствениот систем треба да биде флексибилен со болните од рак.
Од здружението за борба против ракот „Борка“ велат дека во Македонија недостасуваат новите генерации на лекови, но и листите за прегледи се долги.
Многу важни се и самопрегледите 90 проценти од жените сами го нашле ракот. Во недела во 11 часот во градскиот парк ова здружение одбележува 10 години од постоењето и ги повикуваат сите на едукација и давање поддршка на оние кои имаат рак.