ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!
1ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!
3Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
БизарноЖени масовно одат во Шангај за да се оперираат и да изгледаат како 13-годишни девојчиња!Дали револуцијата во пластичната хирургија навистина отиде предалеку или ние како луѓе почнавме да имаме нереални барања?!Ова е прашањето што се наметна по објава на социјалната мрежа „X“, која содржи фотографија од жена на средна возраст, а потоа и нејзината трансформација – многумина се прашуваат дали станува збор за вештачка интелигенција или навистина е направена ваква операција. Станува збор за фотографија преземена од промотивно видео на клиника за пластична хирургија во Шангај, кое ги прикажува резултатите на своите пациенти пред и по извршената операција. @dr.xiao9d From Fierce to Gentle — The Magic of Opening the Eyes! 🌸 My low brows used to make me look stern and unhappy, even when I was smiling. The 9D Forehead Lift fixed it all! Now my eyes look bigger, my face looks softer, and I feel so much cuter. Finally, a look that matches my personality! 🥰 #9DLift #ForeheadLift #OpenEyes #SweetVibes #NaturalAesthetics ♬ 原创音乐 - dr.xiao9d Според сè, видеото е реално, но сигурно е дека се користени одредени визуелни ефекти кои дополнително го нагласиле младешкиот изглед на жената по операцијата. Кога подетално ќе се погледне профилот на познатиот пластичен хирург, јасно се гледа дека навистина се занимава со големи трансформации и дека жените кои доаѓаат кај него навистина „го враќаат времето назад“. Реакциите се поделени, но многумина во коментарите пишуваат дека се шокирани и дека не веруваат оти станува збор за вистинска промена, туку за филтри и вештачка интелигенција. @dr.xiao9d From Down Under to Up & Lifted! 🇦🇺✨ 40 Minutes to My Dream Face I flew all the way from Australia for this—and it was 100% worth it! At 28, I felt my face was looking a bit puffy and sagging, losing that cute definition I used to have. 40 minutes with the 9D 3.0 System, and wow… the heaviness is gone! My face is lighter, tighter, and so much more defined. I honestly can’t stop looking in the mirror—I’m obsessed with this new, beautiful version of me! #9DLift #AussieInShanghai #FacialSlimming #CuteVibes #TravelForBeauty ♬ 原创音乐 - dr.xiao9d Тагови: Пластичен хирург пластични операции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!Кого мислите дека манипулирате, кога за само 24 часа сами си ги демантиравте сопствените пропагандни бајки? Од една страна, премиерот Мицкоски се слика на гламурозни презентации и најавува апликација „мУслуги“ со ветувања за помалку шалтери, помалку хартиени документи и дигитализација, а од друга страна, Владата шверцува одлуки за масовно трајно вработување на илјадници луѓе во јавната администрација! Ова е дрско безобразие, лицемерие и отворено потценување на интелигенцијата на македонските граѓани! Каква е таа „дигитализација“ во која ги укинувате шалтерите, а истовремено барате нови десетици илјади измислени работни места во државните канцеларии? Колку десетици милиони евра ќе не чини ова лудило и од празниот буџет? Одговорот е еден и еден единствен: ова не е никаков реформски чекор, туку брутално пумпање на јавната администрација со партиска војска пред избори, директно на грбот и на трошок на народот! А народот е пред банкрот! “Додека целиот развиен свет инвестира во вештачка интелигенција, автоматизација и помала, побрза и поефикасна држава, оваа Влада нè враќа во најцрните времиња на партискиот клиентелизам и цицање на буџетот! Властите го стегаат ременот на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај, а ги шират редовите на непродуктивната партиска машинерија”, заклучува Боби Мојсоски, поранешен пратеник во Собранието и генерален секретар на ЛДП. Либерално-демократската партија (ЛДП) порачува: Доста со евтините театри и паралелните реалности! Државата не е партиски плен, ниту пак народот е тука за да ги финансира вашите изборни апетити! Бараме итен вистински рез во државните трошоци, вистинска дигитализација со вештачка интелигенција и СТОП за новото лудило на Владата кое го бутка народот на колена и со свиткана кичма!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКој ќе биде новиот Џејмс Бонд? Аудицијата влегува во завршна фаза, се спомнува и Џејкоб ЕлордиПотрагата по новиот Џејмс Бонд влегува во важна фаза.Голем број актери покажаа интерес за улогата на познатиот британски агент, а се очекува кругот на кандидати наскоро значително да се стесни. Според информациите што допреа до јавноста, меѓу актерите кои би можеле да учествуваат на пробните снимања се Калум Тарнер, познат по романтичната комедија „One Night Only“, и Џек Лауден, кој го привлече вниманието на публиката во серијата „Slow Horses“. Снимањето би требало да се организира во Лондон, а според некои извори, тоа би можело да започне уште во петок, пишува „The Hollywood Reporter“. Сè уште не е потврдено колку актери ќе добијат можност да се претстават пред продуцентите. Додека некои извори спомнуваат најмалку тројца кандидати, други проценуваат дека би можело да има дури петмина. Една од важните задачи ќе биде да покажат како се снаоѓаат во улога што бара елеганција, убедлива изведба и физичка подготвеност. Претходно се шпекулираше дека Џек О'Конел, познат по филмот „Sinners“, би можел да биде меѓу кандидатите, но најновите информации укажуваат на тоа дека тој нема да учествува во оваа фаза од изборот. Исто така, и покрај пишувањата на некои медиуми, Џејкоб Елорди – кого публиката го знае од серијата „Еуфорија“ и филмот „Франкенштајн“ – не е меѓу актерите што ќе учествуваат на пробните снимања. Новиот филм ќе го режира Дени Вилнев, режисер познат по својата работа на филмскиот серијал „Дина“, а продукцијата ќе ја предводат Ејми Паскал и Дејвид Хејман. „Амазон“ ги откупи креативните права за серијалот од семејството Броколи во февруари 2025 година, со што се отвора ново поглавје во развојот на филмовите за Џејмс Бонд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНа Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентитеНастапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите. Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението. Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција. „Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда. „Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението. Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ. Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини. Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00