Жената „виновна“ за секс скандалот меѓу српските фудбалери објави фотка со мажот!? - Канал 5

Жената „виновна“ за секс скандалот меѓу српските фудбалери објави фотка со мажот!?

Убавата сопруга на српскиот голман Предраг Рајковиќ, повторно ја „изненади“ јавноста. 

Жената „виновна“ за секс скандалот меѓу српските фудбалери објави фотка со мажот!?

Сексапилната Ана Рајковиќ, сопругата на голманот на Србија, Предраг Рајковиќ, за која се зборува целиот регион поради наводниот секс скандал во чиј центар е таа, како и српските фудбалерите Немања Гудељ и Душан Влаховиќ, објави интересна фотки.

Атрактивната Ана која и пред бракот со Рајковиќ имала неколку врски со српски фудбалери, преку ноќ стана главна тема и ѕвезда која ја засени дури и приказната за фудбалскиот Мундијал во Катар.

На прес-конференцијата пред најзначајниот меч на Србија со Швајцарија неочекувано тема на дискусијата беше убавата Ана, а најмалку за тактиката и надежите пред мечот. Убавицата денеска објави фотографии со сопругот со симболичен опис.

– Има само еден живот, а има седум милијарди мислења – напиша Рајковиќ.

Ана со овие фотографија им порача на следбениците дека таа и нејзиниот сопруг се во одлични односи.

Инаку Ана пред мечот Србија Камерун кога пристигна во топлата Доха, како за инат на сите шпекулации за секс скандалот, веднаш објави провокативна фотка од базен на која таа позира во минијатурно бикини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата Дачија Спринг пристигна! Цена под 20.000 евра

Новата Дачија Спринг пристигнува од Словенија. Има 82 КС и батерија од 27,5 kWh.

Новата Дачија Спринг пристигна! Цена под 20.000 евра

Дачија претстави нова генерација на моделот Спринг, еден од најпристапните електрични автомобили во Европа.

За разлика од својот претходник, кој се произведуваше во Кина, новата Спринг се произведува во Словенија, што ѝ овозможува на Дачија да ги избегне европските царини за кинеските електрични автомобили.

Новиот модел ја користи механичката платформа „RG-EV“, верзија на архитектурата „AmpR Small“ на „Renault“, која веќе се користи во моделите „Renault 5 E-Tech“, „Renault Twingo E-Tech“ и „Nissan Micra“.

Се напојува со електричен мотор со 82 КС и 175 Nm, кој ги придвижува предните тркала.

Забрзува од 0 до 100 км/ч за 12,1 секунда, додека максималната брзина е ограничена на 130 км/ч.

Енергијата се складира во „LFP“ батерија од 27,5 kWh, која овозможува до 250 километри според „WLTP“.

На брз полнач од 50 kW DC, батеријата се полни од 15 до 80 проценти од својот капацитет за 28 минути, додека на AC полнач од 7 kW потребни се 2 часа и 55 минути.

Поголема, но сепак лесна

Новата Дачија Спринг значително порасна во споредба со својот претходник.

Подолга е за 150 mm и поширока за 180 mm, а вкупната должина е 3.850 mm. И покрај поголемите димензии, масата е задржана на релативно ниски (за електрично возило) 1.212 килограми.

Кабината е попространа, но сепак може да смести четири патници.

Багажникот има 337 литри, или дури 1.283 литри со склопени задни седишта.

Достапен е и преден багажник од 18 литри, како и бројни практични простори за складирање.

Побогатата верзија „Journey“ има 7-инчна дигитална инструмент табла и 10,1-инчен мултимедијален екран, додека основниот „Expression“ добива држач за паметен телефон наместо мултимедијален екран.

Како што се очекуваше, Дачија го задржа едноставниот ентериер за да ја одржи цената ниска.

Има тврди пластични површини, седишта од ткаенина и практични решенија како што е модуларниот систем „YouClip“.

Цена под 20.000 евра

Производството се одвива во фабриката Ново Место во Словенија, заедно со моделот „Renault Twingo E-Tech“.

Се очекува продажбата да започне кон крајот на 2026 година, додека првите испораки се очекуваат на почетокот на 2027 година.

Дачија сè уште не ги објави конечните цени, но потврди дека сите верзии ќе чинат помалку од 20.000 евра, пред локалните субвенции, кои варираат од земја до земја.

Сепак, ова значи дека новата генерација ќе биде поскапа од претходниот модел произведен во Кина, кој беше достапен во Германија претходно оваа година со попуст од само 11.900 евра.

Стариот Спринг ќе остане во продажба некое време како поевтина алтернатива.

YouTube video

Новата Дачија Спринг е еден од четирите електрични модели што Дачија планира да ги лансира до 2030 година, вклучувајќи го и електричниот Сандеро.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велјановски: ЈО да истражи како СДС и ДУИ управувале со 1,3 милијарди евра за Коридорите 8 и 10д

Според ревизорскиот извештај на ДЗР, само 0,12% биле платени за градба, ЈО да истражи како СДС и ДУИ управувале со 1,3 милијарди евра за Коридорите 8 и 10д.

Велјановски: ЈО да истражи како СДС и ДУИ управувале со 1,3 милијарди евра за Коридорите 8 и 10д

За Коридорите 8 и 10Д, во должина од 108 километри и со проценета вредност од 1,3 милијарди евра, ДЗР утврдил дека заклучно со декември 2023 година само 0,12% од трошоците се однесувале на градба, што покажувало отстапување од планираната динамика.

Истовремено, ревизорите утврдиле сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции и милионски провизии за неповлечени средства кај инфраструктурните проекти.

Затоа СДС и ДУИ мора да одговорат:

Како се управувало со проект вреден над 1,3 милијарди евра, ако до крајот на 2023 година само 0,12% од трошоците биле за градба? Каде и за што се трошеле парите? Зошто се доцнело со реализацијата? Кој бил задолжен да ја контролира динамиката и трошењето на средствата? И зошто државата плаќала милионски провизии додека средствата останувале неповлечени, а проектите доцнеле?

Ова се прашања на кои јавноста заслужува одговор. Особено денес, кога може да се направи јасна споредба.

Денес се гради на Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола. На Гостивар–Букојчани напредокот во 2026 година е речиси 60 проценти, а градежни активности има на околу 14 од 17,5 километри на Тетово–Гостивар.

Тоа покажува дека проектите можат да се реализираат кога институциите работат и кога има контрола врз реализацијата.

Но сегашната изградба не ја брише одговорноста за она што се случувало претходно.

Затоа бараме Јавното обвинителство да реагира и да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР.

Да ги испита договорите, исплатите, провизиите и динамиката на реализација, и да утврди кој носел одлуки и кој бил одговорен за управувањето и контролата на проектот.

Одговорност мора да има, рече Aлександар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC

Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога.

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за здравство Сашо Клековски денеска (10.09.2026) во Министерството за внатрешни работи остварија работна средба со шефот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) во Скопје, Уктам Насиров.

Средбата се одржа на иницијатива на министерот Тошковски, со цел отворање дискусија за унапредување на досегашниот пристап во борбата против недозволената трговија со дрога и психотропни супстанции, како и за можностите за поголема ефикасност и подобра координација меѓу надлежните институции.

Во разговорите беа разгледани можностите за користење на експертските капацитети и искуството на UNODC, особено преку организирање јавни и стручни дебати, активности за подигнување на свеста за штетните последици од дрогата, како и размена на искуства и добри практики од други држави.

Посебно внимание беше посветено на можноста за унапредување на законската рамка и разгледување модели што се применуваат во други европски држави. Во тој контекст беше разговарано за пристап според кој, зависно од видот и количината на пронајдената дрога и околностите на конкретниот случај, одредени дејствија би добиле соодветен кривично-правен третман, наместо да се третираат исклучиво како прекршоци. Истовремено, беше нагласена потребата од механизми кои ќе овозможат соработка со правосудните органи, како и соодветен здравствен третман и поддршка за лицата со зависност.

Министрите Тошковски и Клековски ја истакнаа потребата борбата против дрогата да се води со координиран пристап во кој, покрај полициското и кривично-правното постапување, значајно место ќе имаат превенцијата, здравствената заштита и третманот на зависностите.

На средбата беше разговарано и за поддршка на Националната опсерваторија за дроги и зависности, како и за натамошно продлабочување на соработката со Агенцијата за дроги на Европската Унија.

Иницијативата беше позитивно прифатена од шефот на Канцеларијата на UNODC во Скопје, Уктам Насиров, при што беше изразена подготвеност за продолжување на разговорите, размена на експертски искуства и разгледување на најдобрите практики од регионот и пошироко.

Заеднички беше оценето дека справувањето со недозволената трговија со дрога бара истовремено силен институционален одговор кон криминалните структури, ефикасна превенција и соодветен здравствен пристап кон зависностите, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер