Жената со која Бредли Купер ја замени Ирина Шајк била вмешана во аферата Клинтон! - Канал 5

Жената со која Бредли Купер ја замени Ирина Шајк била вмешана во аферата Клинтон!

Холивудскиот актер Бредли Купер и еден од најпосакуваните ергени во светот изгледа повторно се заљубил. 

Жената со која Бредли Купер ја замени Ирина Шајк била вмешана во аферата Клинтон!

Имено, новата избраничка на овој заводник изненади многумина со оглед на тоа што според изгледот таа многу отстапува од атрактивните дами со кои го поврзуваа.

Нејзиното име е Хума Абедин (46) и важно е да се истакне дека таа беше главен асистент на поранешниот државен секретар на САД и кандидат на претседателските избори во 2016 година, Хилари Клинтон. Освен тоа, таа сè уште е легална сопруга на срамниот њујоршки конгресмен Ентони Вајнер (57), со кого била вмешана во аферата поврзана со откривањето на дискредитирачка електронска пошта во компјутерот на Клинтонови.

Нејзиното име е Хума Абедин (46) и важно е да се истакне дека таа беше главен асистент на поранешниот државен секретар на САД и кандидат на претседателските избори во 2016 година, Хилари Клинтон. Освен тоа, таа сè уште е легална сопруга на обесчестениот њујоршки конгресмен Ентони Вајнер (57), со кого била вмешана во афера поврзана со откривањето на дискредитирачки мејлови во компјутерот на Клинтон. Се верува дека поради објавувањето на таа вест Хилари Клинтон не победи во претседателската трка во која таа се бореше со ривалот Доналд Трамп.

Бредли и Хума се заедно веќе неколку месеци, тие заедно присуствуваа на Мет Гала во мај 2022 година, но се разделија за време на настанот со цел нивната врска да ја држат во тајност.

Врската со познатиот актер претставува голема промена за Хума и нејзиниот неуспешен брак со Ентони Вајнер, кој во 2017 година беше осуден на 21 месец затвор поради испраќање на сексуално експлицитни пораки на малолетничка. Хума и нејзиниот сопруг објавија дека се разделуваат уште во 2016 година, но наводно нивниот развод се уште не е финализиран.

Оваа црнка своевремено изјави дека уредничката на „Вог“, Ана Винтур, е една од ретките кои ѝ помогнале за време на скандалот предизвикан од нејзиниот сопруг, со кого го има 10-годишниот син Џордан.

Од друга страна, Бредли Купер е познат по врските со атрактивни актерки, пејачки и манекенки. Најмногу од сите се издвојува мајката на неговата ќерка, манекенката Ирина Шајк (36). До неодамна за нив се шпекулираше дека се смириле, иако упорно негираа и тврдеа дека се трудат да останат добри пријатели за да и овозможат на нивната петгодишна ќерка безгрижно детство и нормално растење. И Ирина и Бредли се познати како посветени родители, па не треба да чуди што овие поранешни партнери добро се согласуваат.

Многумина се прашуваат како се „нашле“ Бредли Купер и Хума Абедин. Внатрешни извори велат дека најверојатно се поврзале бидејќи и двајцата ги интересира надворешната и внатрешната политика, но и меѓучовечките односи, пишува порталот Дејли мејл. Сепак, многумина веруваат дека Ана Винтур одиграла клучна улога и дека оваа позната уредничка на „Вог“ освен што има око за модерна облека, има око и за добар пар.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер