Жената се пораѓа, а мажот ѝ прави кадрици- сите гледаат со неверување (ВИДЕО) - Канал 5

Жената се пораѓа, а мажот ѝ прави кадрици- сите гледаат со неверување (ВИДЕО)

Анабел Њуман, британска инфлуенсерка која живее во Дубаи, ги изненади луѓето со видео од породилиштето.

Жената се пораѓа, а мажот ѝ прави кадрици- сите гледаат со неверување (ВИДЕО)

Додека лежи во кревет, чекајќи го големиот момент, нејзиниот сопруг Џои Аквилин застана и ѝ ја витка косата, а пораката гласи: „Кога ќе му дадеш задача на сопругот пред да се породиш. Погрижете се да изгледате добро“, напиша таа.

@annabell_newman Hair will be in check even in labour 😂 he tried his best bless him haha! 👶🏽 Got to think of the after pictures with baby ha! #birth #labour #labourandbirth #imjustagirl #couplescomedy #pregnancy #couplegoals #عائلتي ♬ Just A Girl - No Doubt

Анабел тврди дека секогаш сака нејзината коса да изгледа убаво, без разлика каде е и што прави, пренесува The Sun.

„Косата ќе биде под контрола дури и за време на породувањето. Тој даде сѐ од себе“, додаде таа.

Но, тоа не е крајот. Инфлуенсерката се нашминкала бидејќи сакала да изгледа убаво на првите фотографии со новороденчето.

@annabell_newman My husband leaving the hospital with our newborn baby vs me after giving birth 😂👶🏽🤍 Ouch. #birth #labour #labouranddelivery #couplescomedy #hotdadwalk #postpartum #hospital #عائلتي ♬ original sound - Our Awesome World 🌎

Таа на свет донесе преслатко момче Оукли Реј, кое веќе стана ѕвезда на нејзините видеа.

Корисниците различно реагираа на видеото од породилиштето. Некои ја поддржаа Анабел, а други ја критикуваа.

„Да се ​​подготвував за породување, косата и шминката ќе ми беа последни на списокот“, „Сериозна ли си“, гласеа дел од пораките.

За кратко време видеото „собра“ повеќе од 1,9 милиони прегледи, а коментарите продолжуваат да се слеваат.

Многумина го пофалија Џои, опишувајќи го како „примерен сопруг“, а исто така ја сметаат приказната за косата „непотребна“.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Британската актерка и модел Елизабет Харли на специфичен начин одлучи да го прослави својот 60 роденден и влегувањето во седмата деценија од животот.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Популарната Лиз сподели фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола, славејќи го не само својот роденден, туку и бројни животни достигнувања и нова љубов со музичарот Били Реј Сајрус.

Познатата британска актерка Елизабет Харли одлучи да го прослави својот 60-ти роденден со стил, објавувајќи провокативна фотографија која ги остави нејзините обожаватели без здив.

Таа сподели уметничка фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола на ливада, носејќи само дискретен ѓердан. Со рацете стратешки завиткани околу колената и широка насмевка на лицето, Харли ја покажа својата завидна фигура, а со објавата хумористично напиша:

- Фотографијата е направена денес попладне... во мојата роденденска облека - се пошегува таа.

Атрактивната актерка и модел инаку никогаш немала проблем да објави свои фотографии во бикини. Најверојатно бидејќи знае дека има става на која и завидуваат и тројно помладите девојки.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, е победник на трката за Големата награда на Канада,од Формула 1 првенството која вечерва се одржа во Монтреал.За Британецот од тимот на Мерцедес ова е прв триумф сезонава во Ф1.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

На подиумот по Гран прито во Монтреал се искачија и актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и големото изнадување, клупскиот колега на победникот Расел, вториот пилот на Мерцедес, Кими Антонели.Ова е пвиот подиум во кариерата за Антонели.

Лидерот во Генералниот пласман, возачот на Мекларен , Оскар Пјастри стигна до четвртатата позиција со што ја зголеми својата предност на врвот на листата на возачи.

Трагичар на трката во Канада е возачот на Мекларен,Ландо Норис. При крајот на трката, тој во директен дуел со клупскиот другар Оскар Пјастри, погреши и се удри во ѕидот и заврши без поени.

Лидер во светскиот шампионат во Формила 1 е Оскар Пјастри со 198 бода, 22 повеќе од клупскиот другар Норис. Верстапен од Ред Бул е трет со 155 бода, а зад него е победникот на Голмата награда на Канада,, Расел, со 136 бода.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Провокативната инфлуенсерка и старлета Деми Роуз со провокативни фотки по подолг период се појави на социјалните мрежи.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Познатата ѕвезда на социјалните медиуми Деми Роуз со месеци не објавуваше ништо на Инстаграм и „отстранила“ од следење бројни контакти.

Обожавателите на Инстаграм на секој начин сакала да ја контактираат, дури ѝ оставале загржувачки пораки но Деми останала недостапна.

Сега британските медиуми пишуваат дека бујната Роуз сепак била активна но на друга социјална платформа, на уште еден популарен канал само за претплатници и на Снепчет.

Провокативната Деми сега ги изненадила фановите со неколку секси Инста строиња. На кои како и секогаш на радост на фановите во преден план се нејзините природни бујни облини во секси минијатурни бикини.

притисни ентер