Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотЖената која избега од граѓанска војна и стана милионерка!Во деведесеттите години од минатиот век, во пресрет на граѓанската војна во Алжир меѓу секуларната влада и различни исламистички групи, Даниел Хенкел почувствувала дека мора да замине бидејќи безбедноста на нејзините деца е загрозена. - Исламистите почнаа да напаѓаат девојчиња на улица ....Морав да мислам на безбедноста на своите ќерки и заминавме во Канада - вели Хенкел. Таа е родум од Мароко. Нејзината мајка била од Мароко, а татко и Германец. Пораснала во Алжир каде стапила во договорен брак со Ахмад. На почетокот не сакала да го прифати бракот но потоа го засакала сопругот. Живееле убаво со нивните четири деца - таа работела како политички и економски советник во американскиот конзулат во градот Оран а нејзиниот сопруг бил инжинер - пишува Би Би Си. Но поради граѓанската војна, решиле се да напуштат. Даниел тогаш имала 34 години. Кога стигнале во Монтреал немале ни скршена пара. Сопругот Ахмад не можел да најде работа по струка, а Даниел не избирала работа и работела цели седум години различни работи за кои заработувала 25 % од сумата која ја заработувала во Алжир. Се чувствувала „отфрлена и безвредна“. Се до 1997 кога решила да почне свој бизнис за производи за убавина и здравје. Направила вистински чекор - денеска благодарение на приватниот бизнис таа е милионерка. Има 60 години и е една од најпочитуваните жени во бизнисот во провинцијата Квебек. Поради проблемите и кризниот период по преселбата во Канада, таа и сопругот се развеле. Останала сама со 4 деца и од огромна важност било бизнисот да успее. Нејзината идеја била да продава ракавици за отстранување на мртвите клетки на кожата, какви што имало во Алжир и Мароко, но не и во Канада. Била упорна, иако на почетокот сите се чуделе на нејзината замисла. - Ние овде користиме ракавици за студ, не з акожа - и велеле, се сеќава Даниел. Но, производот толку им с едопаднал на луѓето што почнале порачки. За 20 години продала милиони ракавици, а сега има своја козметичка линија со други производи и е многу успешна. Еве што сфатила Даниел од својата сопствена борба: - Сфатив дека бизнисот е машка работа. Но искуството ме научи и дека секогаш имаме избор. Дури и кога нешто лошо ќе се случи, имаме избор како да реагираме - вели Даниел Хенкел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00