Жена затрупана под урнатините се спасила со порака испратена на Твитер - Канал 5

Жена затрупана под урнатините се спасила со порака испратена на Твитер

Луѓето заробени во урнатините испраќаат пораки за спас на Твитер

Жена затрупана под урнатините се спасила со порака испратена на Твитер

Граѓаните на Турција, кои останаа заробени под урнатините во текот на ноќта по разорниот земјотрес, преку статуси и фотографии на социјалните мрежи бараат спасувачите да им помогнат.

Имено, во бројните објави кои кружат на Твитер, заробените луѓе велат „спаси ме, те молам“, додека другите корисници во своите коментари на секој начин се обидуваат да објаснат каде се наоѓаат објектите каде што се заробени.

Со порака испратена на Твитер жена затрупана под урнатините се спасила од сигруна смрт.

Инаку, спасувачките екипи се на терен и со часови се обидуваат да ги извлечат повредените, како и да ги извлечат телата на починатите од урнатините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Серафимовски во Белград: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката со Србија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски во Белград се сретна со својот српски колега, Драган Гламочиќ. 

Министерот Серафимовски во Белград: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката со Србија

Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во земјоделството, преработката, безбедноста на храната и ветеринарната заштита, како и создавањето нови развојни можности меѓу двете земји.

Министрите Серафимовски и Гламочиќ посочија дека географската близина, поврзаноста на пазарите и сличните предизвици со кои се соочуваат земјоделците претставуваат добра основа за поцврсто партнерство. Соработката меѓу двете земји, како што беше нагласено, треба да добие практична димензија преку размена на знаење и технологии, нови деловни врски и подобро поврзување на примарното производство со преработувачката индустрија.

Министерот Серафимовски нагласи дека македонското земјоделство влегува во нова развојна фаза во која институционалната поддршка се насочува кон поттикнување на поголемо и поквалитетно производство, модернизација и подобра пазарна позиција на домашните производи.

„Нашата задача е земјоделството да произведува повеќе и поквалитетно, да привлече нови инвестиции, да биде подготвено за климатските и пазарните промени и да понуди препознатливи производи со поголема додадена вредност, усогласени со европските стандарди. Регионалната соработка може да ја забрза таа промена и да отвори нови можности за земјоделците и сточарите“, истакна министерот Серафимовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, Драган Гламочиќ, оцени дека двете држави имаат добра основа за натамошно продлабочување на соработката, особено преку размена на искуства во модернизацијата на производството и усогласувањето со европските земјоделски политики. Тој посочи дека редовниот дијалог меѓу министерствата може побрзо да ги трансформира заедничките иницијативи во конкретни проекти.

„Со поголема поврзаност меѓу институциите, земјоделците и деловната заедница можеме да создадеме простор за нови инвестиции и посилен регионален пазар“, истакна министерот Гламочиќ, соопшти МЗШВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни

Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на граничниот премин Табановце. 

Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни

На граничниот премин Табановце, камерите на „Сејф сити“ конечно почнаа да ги санкционираат и странските возачи.

На излез од државата, оние кај кои се евидентирани прекршоци се известуваат за казните – пракса што се применува и во Европа, каде и странските возачи одговараат за направените сообраќајни прекршоци.

Најпогодени од новиот начин на санкционирање се туристите, пред сè оние од Србија кои се враќаат од годишен одмор. При излез од Македонија, на возачите кај кои системот евидентирал пречекорување на брзината им се врачуваат прекршочни платни налози за прекршоците направени при транзитот низ земјава.

Дел од анкетираните возачи велат дека доколку сториле прекршок, немаат проблем да ја платат казната. Но, се жалат дека претходно немале доволно информации каде и на кој начин треба да ја извршат уплатата.

Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, со воведувањето на овој механизам се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без разлика дали станува збор за домашни или странски возачи.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за забрзување на процедурите и намалување на задржувањата на Табановце.

Податоците на МВР покажуваат дека од 2 февруари до 31 мај 2026 година, системот „Безбеден град“ евидентирал над 33 илјади сообраќајни прекршоци сторени од возила со странски регистарски таблички.

Во првите месеци од функционирањето на системот биле регистрирани повеќе од 120 илјади сообраќајни прекршоци, од кои дури 95 проценти се однесувале на пречекорување на дозволената брзина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Околу 14.000 смртни случаи поврзани високите температури во Германија

Погодена како и остатокот од Западна Европа од невидена серија топлотни бранови, Германија го доживеа своето најсмртоносно лето досега со околу 14.000 смртни случаи поврзани со високите температури, покажуваат привремените бројки објавени денес.

Околу 14.000 смртни случаи поврзани високите температури во Германија

Податоците од Институтот Роберт Кох (RKI), здравствениот орган на Германија, содржат проценка на бројот на смртни случаи поврзани со топлотни бранови до 9 август, објавува АФП.

Климатските промени предизвикани од човекот ги направија топлотните бранови поинтензивни и почести, додаде агенцијата. Со уште еден месец лето до крајот, Германија, најнаселената земја во Европската Унија со 82 милиони жители, веќе го сруши претходниот рекорд поставен во 2018 година, кога беа регистрирани 8.900 смртни случаи поврзани со топлина.

Франција и Шпанија објавија привремени бројки за прекумерна смртност за време на високите температури оваа година вчера и денес. Париз пријави 7.300 смртни случаи, Мадрид 4.500.

Топлината ретко предизвикува директни смртни случаи

Како и во другите европски земји, луѓето на возраст од 75 години и повеќе се најтешко погодени во Германија, соопшти Институтот Роберт Кох во својот неделен извештај. Според институтот, 9.600 од 14.000 луѓе кои починале од топлина оваа година починале помеѓу 22 и 28 јуни, кога Германија била особено жешка.

Рекордни температури се забележани во тој период, при што на некои места надминале 41 степен Целзиусов. Пропорцијата на смртни случаи поврзани со топлината е моделирана со користење на статистички методи. Бројот на смртни случаи што се случиле во текот на летните недели со и без топлотни бранови е спореден.

Ова е неопходно бидејќи топлината не може да се наведе како причина за смрт во смртоносните изводи и затоа не се појавува во статистиката. Топлината ретко предизвикува директни смртни случаи, како што е случајот со топлотниот удар, на пример.

„Бројот на смртни случаи е потценет“

Во повеќето случаи, смртните случаи се предизвикани од комбинација на високи температури и претходно постоечки состојби, како што се кардиоваскуларни, белодробни или бубрежни заболувања. Затоа зборуваме за смртни случаи поврзани со топлината. Во интервју за германскиот дневен весник „Рајнише пост“, поранешниот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека бројот на смртни случаи поврзани со топлината е „потценет“.

Тој нагласи дека Институтот Роберт Кох применил „прилично претпазлива методологија“. Сепак, го бранеше пристапот на РКИ како „целосно оправдан бидејќи сè уште овозможува добро одразување на релативните варијации“.

„Ефикасната заштита од топлина чини пари“

Социјалдемократот Лаутербах се согласи со членовите на неговата партија кои минатата недела предложија заштитата на природата и адаптацијата кон климатските промени да бидат вклучени во германскиот устав како „заедничка мисија“ на германските власти.

„Ефикасната заштита од топлина чини пари“, додаде Лаутербах, нарекувајќи го предлогот „оправдан“ од неговите колеги во СПД, малцинскиот партнер во владата на конзервативниот канцелар Фридрих Мерц. Лаутербах ги повика моментално колебливите партии ЦДУ и ЦСУ да се здружат и да го поддржат предлогот, за кој е потребно двотретинско мнозинство во германскиот парламент.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер