Жена во Данска почина откако примила вакцина на АстраЗенека, запрена вакцинацијата - Канал 5

Жена во Данска почина откако примила вакцина на АстраЗенека, запрена вакцинацијата

Данска, Норвешка и Исланд престанаа да ја користат вакцината на Оксфорд / АстраЗенека како „претпазливост“ откако 60-годишна жена во Данска по вакцинирањето починала од нарушување на коагулацијата на крвта.

Жена во Данска почина откако примила вакцина на АстраЗенека, запрена вакцинацијата

Жената ја примила истата серија вакцини што ја прими и 49-годишна медицинска сестра од Австрија, која по вакцинирањето починала од згрутчување на крвта.

Европската агенција за лекови (ЕМА) на својата веб-страница денеска објави нови случаи со тромбоемболија.

„ЕМА е свесна дека данската здравствена администрација престана да вакцинира со вакцината на АстраЗенека. Ова беше одлучено како претпазливост додека трае целосната истрага за извештаите за згрутчување на крвта кај луѓето кои ја примиле вакцината, вклучително и еден случај во Данска кога едно лице почина“, објави денеска ЕМА на својата веб-страница.

Тие забележуваат дека во моментов нема докази дека вакцината предизвикала здравствени проблеми и дека тромбозата не е наведена како потенцијален несакан ефект. Во соопштението се наведува и дека серијата со ознака ABV5300 содржи еден милион дози и е доставена до 17 земји од Европската унија.

"Позицијата на Комитетот за проценка на ризикот на ЕМА (ПРАК) е дека придобивките од вакцината продолжуваат да ги надминуваат нејзините ризици и дека вакцината може да продолжи да се користи при истражување на тромбоемболични случаи. ПРАК веќе ги разгледува сите случаи на тромбоемболизам и други поврзани состојби на згрутчување на крвта, кои беа пријавени по вакцинирањето со AstraZeneca “, објави ЕМА.

ЕМА забележува дека процентот на луѓе кои добиле тромбоза и емболија по вакцинирањето не е поголем отколку кај општата популација.

„Од 10 март 2021 година, пријавени се 30 случаи на тромбоемболични случаи кај 5 милиони луѓе вакцинирани со вакцината на АстраЗенека во ЕУ“, соопшти ЕМА.

Регулаторите на Европската унија ја одобрија вакцината кон крајот на јануари, велејќи дека е ефикасна и безбедна за употреба, додека Светската здравствена организација ја стави на списокот за итни случаи кон средината на февруари.

Несаканите ефекти забележани во испитувањата главно траеле кратко и не биле пријавени проблеми со згрутчување на крвта.

Проценката на безбедност спроведена од германскиот регулатор за вакцини меѓу повеќе од 360.000 луѓе кои ја примиле вакцина на AstraZeneca минатиот месец заклучил дека несаканите ефекти се во согласност со безбедносниот профил опишан во клиничките испитувања.

Британската влада исто така ја процени вакцината како безбедна и ефикасна.

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон изјави: „Бевме јасни дека вакцината е безбедна и ефикасна и кога ќе се побара од луѓето да се јават и да се вакцинираат, треба да го сторат тоа со доверба“.

Рандруп Томсен, професор по вирусологија на Универзитетот во Копенхаген, рече дека е „тешко да се поверува дека има вистински проблем, со оглед на бројот на вакцинирани лица, но важно е да се спроведе потемелна студија“.

Во Данска, која има 5,8 милиони жители, 13,4 проценти од населението досега биле вакцинирани со најмалку една доза на вакцина против ковид-19. Една четвртина била вакцинирана со вакцината на AstraZenecа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантно враќање на Александра Пријовиќ: Тотална трансформација по породувањето

Една од најголемите млади музички ѕвезди на Балканот, пејачката Александра Пријовиќ  по породувањето и паузата ја изненади јавноста со нов изглед.

Шокантно враќање на Александра Пријовиќ: Тотална трансформација по породувањето

Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ денес ги воодушеви своите бројни обожаватели и официјално го издаде својот долгоочекуван албум „Bol i alkohol“ со 9 нови песни, придружени со интересни видеа.

Со овој потег, пејачката означи големо враќање на сцената по пауза, а во видеото за песната „Rugoba“ направи впечатлива трансформација - се појавува со кратка црна коса и шишки.

Александра Пријовиќ работеше напорно и снимаше нови песни дури и додека беше бремена. А во својата блажена состојба, таа одлучи да не прави пауза, туку да продолжи да создава нови хитови.

Покрај новите музички ритми, сите 9 песни добија и свои визуелни приказни, а јавноста веќе зуи за изгледот на пејачката.

Особено внимание привлече видеото за песната „Ругоба“, во кое Пријовиќ направи целосна трансформација.

YouTube video

Кратката црна коса, шишките и тесниот корсет го истакнаа нејзиниот гламурозен, но и провокативен стил.

Сите видеа за новите песни привлекоа големо внимание од јавноста, а фановите на социјалните мрежи не престануваат да коментираат за нејзиниот изглед и новиот музички правец.

Со овој албум, Александра Пријовиќ официјално се врати на музичката сцена со стил по пауза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ниту жешката Ивана не можеше да им помогне на Хрватите против Англија

Најпознатата хрватска фудбалска навивачка, атрактивната Ивана Кнол  очекувано го привлече целото внимание во Далас пред за време и по дуелот Хрвстака - Англија.

Фото: Ниту жешката Ивана не можеше да им помогне на Хрватите против Англија

Корсет во боите на Хрватска, тексас шорцеви, а градите речиси ѝ испаѓаат!!

Каде и да се појави хрватската навивачка Ивана Кнол, вниманието на јавноста и фотографите е речиси загарантирано.

Атрактивната бринета, која стекна светска популарност за време на големите фудбалски натпреварувања, повторно беше една од главните ѕвезди на трибините на стадионот во Далас, каде што се собраа хрватските и англиските навивачи пред големиот судир на нивните репрезентации на Светското првенство.

Уште пред почетокот на натпреварот, Ивана поведе група хрватски навивачи по улиците на американскиот град, фотографирајќи се со навивачите и учествувајќи во навивачките настани што го одбележаа денот пред натпреварот.

Нејзиното појавување предизвика голем интерес кај минувачите, медиумите и фудбалските фанови, па љубопитните навивачи постојано се собираа околу неа, желни да се фотографираат заедно.

Но сексапилната Ивана и покрај огромната популарност не успеа да им помогне на своите соиграчи од репрезентацијата да стигнат до добар резулат во дуелот со фаворизираната Англија.

Со текот на годините, Ивана стана многу повеќе од само навивачка. Од Светското првенство во Русија во 2018 година, преку Катар во 2022 година, па сè до тековното Светско првенство во Соединетите Американски Држави, нејзиното доаѓање на натпреварите редовно го привлекува вниманието на медиумите ширум светот.

Благодарение на впечатливите навивачки комбинации и големата популарност на социјалните мрежи, таа изгради препознатлив бренд и стана една од најпознатите навивачки фигури во модерниот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тухел до ФИФА по мечот со Хрватска: Променете го правилото, нашиот посебен момент беше уништен

Селекторот на Англија, Германецот , Томас Тухел ја започна својата кампања на Светското првенство со победа од 4-2 над Хрватска, но германскиот менаџер е незадоволен од сцените што се случија пред натпреварот.

Тухел до ФИФА по  мечот со Хрватска: Променете го правилото, нашиот посебен момент беше уништен

Тој упати невообичаен повик до ФИФА да ги преиспита протоколите на стадионот откако, како што вели, фотографите „го уништија нашиот посебен момент“,објави „Гол“.

Тухел ја повика ФИФА итно да ги промени протоколите за натпреварите, тврдејќи дека огромниот број фотографи уништиле „многу посебен момент“.

Селекторот на Англија беше бесен дури и пред првиот свиреж кога се најде опкружен со сниматели за време на националните химни. Тухел, кој не ја пееше „Бог го чува кралот“, туку стоеше во тишина, беше бесен што не може да ги види своите играчи наредени на теренот. Снимките од стадионот го покажаа Германецот видливо фрустриран од близината на камерите, за кои сметаше дека му го попречуваат погледот кон неговиот тим на почетокот од нивното патување 23 Светски шампионат.

По победата, Тухел рече: „Морам да кажам нешто. Ја молам ФИФА да ја смени позицијата на фотографите за време на пеењето на националните химни бидејќи не можев да го видам мојот тим“, им рече тој на новинарите.

Тренерот јасно ја почувствува важноста на пригодата и беше повреден што немаше јасен поглед

. „Го чекав овој момент. Беше навистина посебен момент, а стоев пред ѕид од 50 фотографи, на половина метар од мене, и не можев да видам ниту еден играч. Тоа малку го расипа искуството. Беше многу емотивно. Кога бев млад и почнував да се занимавам со тренерска работа, не се осмелував да сонувам за ваква можност“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер