Жена со неверојатна убавина: Таа и на 50 години го одзема здивот со својот став и изглед (фото)

Почна уште една модна недела, а на ревијата на Том Форд во Њујорк, славната Синди Крафорд беше во центарот на вниманието.

Неговата ревија собра голем број јавни личност, а меѓу главните гости беа Карли Клос, Наоми Кембел, Џулиен Мур, Том Хенкс, Џон Хем и незаменливата кралица на убавината и гламурот Синди Крафорд.

Легендарната манекенка Синди има 50 години, тело како божица и неверојатна убавина.

foto: Getty

Меѓутоа, најмногу му должи на својот став. Не отстапува од своите дамски принципи, знае на вистински начин да ја изнесе својата модна комбинација. И во фармерки и во патики изгледа како жена од милион долари.

На синоќешната ревија носеше долг бел фустан со гол грб, кој лежерно ја пратеше линијата на нејзиното тело, и откри дека и понатаму има импресивна фигура.

foto: Getty

„Навистина го обожавам фустанот од вчера, се чувствував како да сум во бела маица. Многу беше удобна! Ги сакам сите модни правци, но дали ќе биде фустанот совршен не зависи само од него. Треба да се чувствуваш добро во него, да бидеш свој, дури и да не размислуваш за облеката“ – изјави манекенката во интервју за „wmagazine.com”.

Оваа бринета висока 175 сантиметри не сокрива детали од својот здрав начин на исхрана, а и покрај бројните обврски, не пропушта тренинг и вежба три пати неделно.

Во Аеродром симболично засадени 15 садници во чест на 15 загинати работници на работното место

Во чест на 15-те загинати работници на своето работно место во текот на 2023 година, а со цел подигнување на свеста за ова прашање, денеска симболично засадивме 15 садници во рамки на новиот парк во Аеродром.

Во чест на 15-те загинати работници на своето работно место во текот на 2023 година, а со цел подигнување на свеста за ова прашање, денеска симболично засадивме 15 садници во рамки на новиот парк во Аеродром, соопшти градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски на својот фејсбук-профил.

Тој посочи дека оваа иницијативата е на Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија која се реализира со поддршка на општината.

- Општина Аеродром како партнер во оваа иницијатива ќе вложи напори за хортикултурно уредување на овој простор. Паралелно реализираме и набавка на сертифицирана опрема, изработена според потребните стандарди, преземаме конкретни мерки за подигнување на безбедноста при работа, на лицата кои се вработени во општината и комуналното претпријатие, рече Муцунски.

Бах: Повеќе од десет држави кандидати за организација на ОИ 2036

Шефот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах (ИОК) е убеден дека иднината на олимпиското движење никогаш не била посветла, бидејќи кандидатура за организација на Олимписките игри во 2036 година поднеле двоцифрен број држави.

Наспроти заканите предизвикани од климатските промени, допингот со помош на вештачка интелигенција или е-спорт натпреварувањата, шефот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах (ИОК) е убеден дека иднината на олимпиското движење никогаш не била посветла, бидејќи кандидатура за организација на Олимписките игри во 2036 година поднеле двоцифрен број држави.

Бах, 70-годишен поранешен германски олимписки мечувалец, го предводи МОК од 2013 година, кога интересот за организација на Олимписките игри беше на историски најниско ниво поради честите скандали околу трошоците и корупцијата.

Намалената привлечност на Игрите беше очигледна за време на кандидатурите за Летните игри 2024 и 2028 година, кога имаше само двајца кандидати, Париз и Лос Анџелес.

Игрите во 2032 година оттогаш се доделени на австралискиот град Бризбејн, а Бах во изјава за француските медиуми обелодени дека двоцифрен број земји се натпреваруваат за Игрите во 2036 година.

Според медиумите, меѓу земјите кандидати се и Саудиска Арабија и Катар, но Бах не сакаше да ги коментира амбициите на двете спортски сили од Персискиот залив.

„До овие игри има само 12 години, па рано е да се коментираат какви било интереси“, рече Бах.

Лукаревска: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно

Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно.

“Прогресивните граѓани знаат дека со СДСМ има слобода, има демократија и сигурна иднина, и токму тие граѓани се и наши најдобронамерни критичари, затоа што се демократи и затоа што имаат изградено граѓанска свест, за да биде подобро. Но во суштина тоа сме НИЕ, истите тие, што ја сакаме државата слободна, демократска, отворена, модерна, развиена. Исти вредности споделуваме, тие вредности секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно. Да не го потцениме моментот, сега е најважно. Важно е на 8 мај да покажеме дека сме обединети и дека заедно и подобро ќе продолжиме да работиме”, рече Сања Лукаревска, носителка во третата изборна единица.

СДСМ е одговорна партија. Ние не манипулираме, не продаваме бесперспективни илузии кои ја разградуваат државата од внатре, и и ја ослабуваат позицијата надвор. Тоа нема да го дозволиме и затоа ја бараме вашата поддршка на 8 мај, рече Лукаревска.

“Да не дозволиме она што го изградивме заедно, да се урне за само еден ден, да се вратиме назад - на поделбите на наши и ваши, на привилегирани и на казнети, на поттикнати внатрешни конфликти, а всушност сите изманипулирани, зашто тој концепт не нуди иднина. Се е јасно, се е веќе видено и чуено и тоа ни дава уште поголема верба дека сме на исправниот пат. И затоа не се откажуваме, веруваме во социјалдемократските вредности, веруваме во погресивните граѓани и веруваме дека на 8 мај можеме да продолжиме заедно”.

притисни ентер