Хутите предупредуваат земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен
Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места
1Хутите предупредуваат земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен
2Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места
3ЈО: Откриени извршители на серија тешки кражби во тетовско, предизвикана штета од околу 250 илјади евра
3„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
ЖивотЖена се обидела да ј отвори вратата од авионот за време на летЕдна жена се обидела да ја отвори вратата од авионот за време на летот.Јужнокорејската полиција уапси жена која се обидела да ја отвори вратата за итни случаи на авион додека била под дејство на дрога. Полицијата на меѓународниот аеродром во јужнокорејскиот град Инчеон приведе 26-годишна жена откако неуспешно се обидела насилно да ја отвори вратата за итни случаи на летот на „Korean Air“ од Њујорк до Инчеон, пренесува „Yonhap“. Наводно, осомничената покажувала знаци на вознемиреност по околу 10 часа лет, кога постојано се обидувала да ја отвори вратата, додека стјуардесите не ја задржале. При полициската истрага осомничената била позитивна на нелегална дрога. Јужнокорејската полиција соопшти дека осомничената девојка влегла во земјата откако поминал повеќе од шест месеци во Њујорк и немал досие за ментална болест.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХутите предупредуваат земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во ЈеменВисок функционер на бунтовниците Хути , поддржани од Иран, ги предупредува земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен.Висок функционер на бунтовниците Хути , поддржани од Иран, ги предупредува земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен, посочувајќи дека неговата група ја уверила администрацијата на трамп дека нема да нападне американски бродови во црвеното море,информираше Асошиејтед прес. Мохамед Ал-Бухаити, член на политичкото биро на Хутите, рече дека Вашингтон им се обратил на бунтовниците по нивното брзо напредување по западниот брег на Јемен до теснецот Баб Ел-Мандеб претходно овој месец. Трамп минатиот викенд изјави дека неговата администрација „имала разговори“ : „Хутите нè повикаа и не сакаат да се борат со нас“, рече тој. „Тие би претпочитале да не бидеме вклучени, а ги пуштаат повеќето бродови да поминат“. Асошиејтед прес објави дека оман бил домаќин на состанок меѓу претставници на САД и Хутите минатиот викенд, повикувајќи се на официјален претставник на Хутите . Со тоа завршија еднонеделните американски бомбардирања против бунтовниците, во замена за прекин на нападите врз американските бродови во Црвеното море. „Целта на нашите воени операции не е да се затвори теснецот Баб Ел-Мандеб, туку да се обезбеди слобода на пловидба низ него за сите, вклучително и за јемен“, рече претставникот на Хутите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни местаФилипче сакал плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места.Му пречат дата центри, му пречат рудници, му пречат нови инвестиции и проекти. На Филипче не му пречат единствено бизнисите со марихуана на Заев и не му пречат бизнисите со кои се добива нов автомобил или пак провизија при тендер од 20%. На Филипче денес му пречат инвестиции и нови работни места, но не му пречеа лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1. Со политичари како Филипче, луѓе кои лажат и манипулираат за се, Македонија нема да оди напред. Затоа ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина за граѓаните. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Откриени извршители на серија тешки кражби во тетовско, предизвикана штета од околу 250 илјади евраОсновното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против вкупно 4 лица за кои постои основано сомнение дека извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба.Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против вкупно 4 лица за кои постои основано сомнение дека извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 3 во врска со став 1 точка 2 и во врска со член 45 на Кривичниот законик. Четворицата подолг временски период – од април до септември годинава извршиле повеќе тешки кражби во села на подрачјето на Општина Боговиње, при што провалиле во над 10 куќи од каде одзеле пари, златен накит и разни видови огнено оружје кое сопствениците го поседувале со дозвола. При една од кражбите во селото Палчиште успеале од домот на оштетениот да извлечат сеф тежок околу 400 килограми. Вкупната вредност на украдените предмети до овој момент се проценува на приближно 15.000.000 денари. Јавниот обвинител интензивно постапува за обезбедување докази за сите настани. Во меѓувреме, по предлог на обвинителството, на двајца од осомничените им е определен краткотраен притвор од 48 часа до целосно обезбедување на доказите, додека по двајца се трага и ним притворот ќе им се смета од нивното пронаоѓање и лишување од слобода, стои во извештајот од Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook