ЖивотЖена „се дави“ во долгови поради ретко пореметување: Кога ќе заспијам, губам контролаКели Кнајпс (42) боледува од ретко пореметување кое со текот на времето ја доведе во долгови, а беше цел и на сајбер-измамници.Британката откри дека боледува од парасомнија која се карактеризира со „различни несакани активности со непредвидлив модел на појава за време на спиењето, или во транзициите помеѓу спиење и будност“. Како парасомнијата ја доведе Кели во долгови? Британката открива дека наместо да „брои овци“ купува предмети во онлајн продавниците. Таа досега потрошила повеќе од 3.500 евра, пишува Њујорк пост. „Навистина е вознемирувачки и фрустрирачки кога одите во кревет и мислите: „Не знам што ќе се случи вечерва“, рече таа. I shop in my sleep because of a rare disorder — I’ve racked up thousands in debt https://t.co/3x0PbijsTa pic.twitter.com/yNQBwQrjUH — New York Post (@nypost) May 29, 2024 Таа била дијагностицирана со парасомнија во 2018 година. „Кога страдате од ова нарушување, изгледате како да сте будни, одите, зборувате, јадете или правите други активности, но всушност не сте свесни, бидејќи мозокот е делумно буден“, објаснуваат експертите. Со текот на годините, Кели нарачувала секакви работи во сон, како пластично кошаркарско игралиште со реална големина! Пакети со боја, книги, како и садови, мебел, бела техника... „Насобрав долгови, а проблемите дополнително ескалираа кога им ги открив моите лични податоци на сајбер-измамниците преку СМС“, рече таа. Кога се разбудила сфатила дека на сметката ѝ недостасуваат 300 евра. „Морав неколку пати да ги откажам картичките, а многу луѓе се обидоа да земат пари од мојата сметка“, се жали Кели. I shop in my sleep because of a rare disorder - I've racked up £3,000 debt and even been scammed https://t.co/e5NhEPfwi5 pic.twitter.com/YOiDXQIbMo — Daily Mail US (@DailyMail) May 29, 2024 Како мајка на три деца со посебни потреби, Британката избегнува апчиња за спиење за да може да реагира на итни случаи во текот на ноќта. Нејзините проблеми започнале по раѓањето на првото дете, кога месечарела. Дури подоцна почнала неконтролирано да купува работи преку Интернет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаСДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во ГостиварУште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност. СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните. Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема. Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар. Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата. Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели? Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПанел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе преврте товарно возило на Битола-ПрилепОд 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени. Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.Тагови: Битола-Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook