Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
Власта уверува дека води проактивна економска политика, опозицијата обвинува за лошо економско менаџирање
1Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
2Власта уверува дека води проактивна економска политика, опозицијата обвинува за лошо економско менаџирање
ЖивотЖена плати половина милион долари за фустан на принцезата Дијана, па се расплака и падна на колена (ФОТО)Во луксузниот хотел „Пенисула“ во Беверли Хилс се одржа аукција, каде што беа понудени повеќе од 300 лични предмети на принцезата Дијана.Во атмосфера на кристални лустери, шампањ и интензивни емоции, фустанот познат како „Грижлив фустан“ привлече најголемо внимание. Највисоката понуда за него ја даде Рене Плант (53), по потекло од Австралија, сега жителка на Калифорнија. Кога чеканот на аукционерот падна на 400.000 долари (со хонорарите, вкупно 520.000 долари, околу 444.600 евра), Рене скокна, извика „О, Боже мој!“, заигра, а потоа падна на колена во солзи. Фустан со посебна приказна и првата средба со Дијана Фустанот, кој принцезата Дијана го носеше на бројни хуманитарни настани помеѓу 1988 и 1992 година, беше создаден од британската модна куќа „Белвил Сасун“. Весел, шарен и едноставен, овој фустан се смета за едно од нејзините најлични парчиња облека - олицетворение на топлината и непосредноста по кои беше позната. View this post on Instagram A post shared by The Princess Diana Museum ™ (@theprincessdianamuseum) За Рене Плант, фустанот има дополнително емоционално значење - бидејќи токму тогаш, како 18-годишна девојка, првпат ја запознала принцезата Дајана. Тоа било во Сиднеј во 1988 година, кога Дајана и тогашниот принц Чарлс (сега крал Чарлс III) биле во официјална посета на Австралија. „Мислев дека никогаш повеќе нема да го видам тој фустан. Дајана имаше огромно влијание врз мојот живот, а ова парче облека е непроценливо сеќавање за мене“, рече Плант. Фустанот чуван со децении сега е откриен за јавноста Како фустанот воопшто завршил на аукција? Мартин Џ. Нолан, ко-сопственик на аукциската куќа „Julien's Auctions“, открива дека со децении го чувала блиска пријателка на принцезата Дајана. „По нашата претходна аукција, таа нè контактираше и рече дека станала свесна за значењето на овој фустан и дека сака да го сподели со светот“, објасни Нолан. Се очекуваше фустанот да се продаде за максимум 300.000 долари пред аукцијата, но интересот ги надмина сите очекувања. View this post on Instagram A post shared by The Princess Diana Museum ™ (@theprincessdianamuseum) Повеќе од само фустан Рене Плант не е само колекционерка, таа е основач на „Музејот на принцезата Дијана“ и со љубов собира сè што е поврзано со Дијана од 2019 година. Досега, таа собрала повеќе од 2.700 предмети, од бебешки чевли до гламурозни вечерни фустани. На аукцијата во Беверли Хилс, покрај „Грижливиот фустан“, Рене купила и кремаст фустан со долги ракави од модната дизајнерка Кетрин Вокер, вреден 455.000 долари, црн фустан од тафт за 26.000 долари и шапка со пердуви во боја на праска за уште 26.000 долари. Кремастиот фустан од Кетрин Вокер е особено интересен, бидејќи е дизајниран во 1986 година за посетата на Дијана на земјите од Персискиот Залив. Наследство кое никогаш не бледнее Рене Плант вели дека не собира предмети за себе, туку сака да го зачува споменот на принцезата Дијана за идните генерации. „Таа го прави тоа за целиот свет“, рече Мартин Нолан. „Рене верува дека наследството на Дијана не смее да се заборави“. Синиот свилен фустан што го носеше Дијана, позната по нејзината хуманитарна работа и големо срце, сега има нов чувар, личност која, исто како и светот пред повеќе од три децении, беше длабоко трогната од изгледот на жената која, иако принцеза, остана блиска и вистинска.Тагови: принцезата Дијана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во МакедонијаТошковски оствари повеќе значајни средби.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изминатите денови престојуваше во работна посета на Флорида, Соединетите Американски Држави, каде што учествуваше на годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP) во Орландо, еден од најголемите светски собири на полициски професионалци, посветен на иднината на полициското работење и справувањето со современите безбедносни предизвици. Во рамки на конференцијата, министерот Тошковски оствари повеќе значајни средби, меѓу кои и со Николас Колура, директор на Дипломатската служба за безбедност при Стејт департментот на САД, како и со Рик Смит, основач и главен извршен директор на компанијата Axon, која развива современи технолошки решенија во областа на јавната безбедност. На средбата со Смит беа разгледани можностите Македонија да стане регионален демонстрациски центар за технологиите на Axon, каде што преку практична примена на современи решенија, вклучително и вештачката интелигенција, би се презентирале нови модели на полициско работење пред институциите од регионот. Ваквата иницијатива би придонела за зајакнување на регионалната соработка и размената на знаења, искуства и технолошки иновации. На покана на шерифот на округот Палм Бич, Рик Бредшо, министерот Тошковски учествуваше и на Global Innovation Summit, каде што акцентот беше ставен на практичната примена на вештачката интелигенција, беспилотните летала и антидронските системи во заштитата на јавните простори, критичната инфраструктура и безбедноста на населението. Во рамки на работната посета, министерот го посети и Полицискиот оддел во Мајами, каде што непосредно се запозна со современите оперативни модели на американската полиција, вклучително и користењето системи за видеонадзор, напредна аналитика и обработка на информации во реално време. Овие решенија овозможуваат навремено препознавање на безбедносните закани, подобра координација на полициските единици и побрза реакција при инциденти. Министерот Тошковски истакна дека размената на искуства со развиените полициски системи е значајна за понатамошната модернизација на македонската полиција и воведувањето конкретни технолошки решенија во секојдневното работење. „Нашата цел е искуствата и современите технологии да ги преточиме во практични решенија што ќе овозможат побрза помош за граѓаните во критични ситуации, поефикасно спречување на криминалот и поголема заштита на животот и имотот“, нагласи Тошковски. Работната посета на САД претставува можност за продлабочување на меѓународната полициска соработка, размена на добри практики и разгледување нови пристапи за технолошко унапредување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.дно секојдневие на секој граѓани. Целта е јасна – македонската полиција да биде чекор пред криминалот, побрза во реакцијата, поефикасна во заштитата и поблиску до граѓаните. Модернизацијата не е само вложување во нова опрема и технологии, туку во систем што навремено ги препознава заканите, спречува кривични дела и спасува човечки животи. Токму во таа насока Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да ги развива своите капацитети, со крајна цел – посилна полиција, поголема безбедност и држава во која секој граѓанин ќе се чувствува сигурно.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВласта уверува дека води проактивна економска политика, опозицијата обвинува за лошо економско менаџирање Македонија е држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација во регионот и тоа го потврдуваат и ЕК, ММФ и Светска банка, изјави премиерот Христијан Мицкоски.Македонија е држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација во регионот и тоа го потврдуваат и ЕК, ММФ и Светска банка, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан за извештајот на Светска банка кој нотира дека македонската економија годинава ќе порасне за 3,2%, а во вториот квартал од 2026 година остварила економски раст од 4,3 проценти. Според Мицкоски, власта води добра бизнис и економска политика, иако наследила катастрофална состојба во државата и стари долгови. Во следните две години Владата треба да презапише или да врати 5 милијарди евра заеми од минатото, вели Мицкоски. -Ако во минатото овие кои денеска се опозиција, а тогаш беа Влада, не убедуваа дека стапката на инфалција во Македонија е двојно поголема од европскиот просек поради тоа што е увезена, денеска гледаме дека имаме за 25 проценти пониска стапка на инфлација од она што е европскиот просек. А тоа е резултат на политиките на Владата. А во исто време кога имате стапка на инфлација помеѓу 2 – 2, 5 проценти, да генерирате раст од 4,3 проценти во вториот квартал од оваа година, навистина претставува проактивна економска политика и политика којашто носи резултати, изјави Мицкоски. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, од друга страна денеска обвини дека Буџетот е во катастрофална состојба, а вториот ребаланс кој во моментов е во Собранието според него е признание за лошото водење на економијата од Владата на Мицкоски. За само две и пол години, јавниот долг на државата е зголемен за четири милијарди евра нови долгови, вели Филипче, власта крати пари за образование, здравство и гасификација, а нема ниту денар за минималната плата. - Нема поголем доказ за лошо менаџирање на буџетот, финансиите и економијата од страна на Христијан Мицкоски и од овој втор ребаланс. кој не носи подобар стандард за граѓаните, нема пари за поголеми плати, нема фискална стабилизација, нема капитални инвестиции, напротив, тие се кратат, ова претставува ребаланс за да се направи задолжување за трошење, односно ребаланс со кој што ќе се пополнат дупките во буџетот, рече Филипче. Во Собранието денеска почна амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот, при што до собраниската Комисија за финансирање и буџет се доставени 124 амандмани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПотпишани анексите на договорите за соработка со центрите за развој на планските региониСо дополнителните средства, вкупната финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа за активностите на осумте центри во 2026 година изнесува 24,6 милиони денари, односно по 3.075.000 денари за секој центар.Министерот за локална самоуправа, г. Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со директорите на центрите за развој на планските региони, на која беа потпишани анексите на договорите за соработка за 2026 година, со кои се овозможува исплата на дополнителни 15 милиони денари, односно по 1.875.000 денари за секој центар. Со дополнителните средства, вкупната финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа за активностите на осумте центри во 2026 година изнесува 24,6 милиони денари, односно по 3.075.000 денари за секој центар. Средствата се наменети за реализација на активностите и задачите утврдени во член 30 од Законот за рамномерен регионален развој, во согласност со развојните приоритети на планските региони. Дополнителните 15 милиони денари се обезбедени со ребалансот на Буџетот на Македонија за 2026 година. За таа цел, Владата ја донесе Програмата за изменување на Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 232/26), со која се овозможува дополнителна исплата на финансиски средства за осумте центри.Тагови: Стоилковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter