Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
БалканЖена од Солун до смрт ја искасале кучињата на соседот: Почина во прегратка на синотПотресно сведоштво на поранешниот сопруг на педесетгодишната жена, која кучиња ја растргнаа во Неохоруда, Солун.Тој претходно изјави дека несреќната жена починала во прегратките на нејзиниот најстар син Димитрис, пренесува „Прототема“. „Децата беа дома и не разбраа што се случи. Им се јавив, ги известив и излегоа“, рече Стергиос Куцувалоглу, додавајќи дека „најстариот син ја држел во раце, а рацете му биле облеани во крв.“. Кучувалоглу, исто така, рече дека никој не можел да има поим за нејзината смрт, отфрлајќи го тврдењето на адвокатот на сопственикот дека кучињата биле мирни. „Сите се плашеа од нив, сите знаеја. Питомите кучиња не напаѓаат“, рече тој. Во Неохоруда, Солун продолжува жалоста за несреќната 50-годишна жена која вчера попладне го загуби животот во напад на три кучиња. Роднините и пријателите ја опишуваат несреќната жена, мајка на две момчиња (18 и 17 години) како многу активна личност која преку социјалните мрежи учествувала во многу доброволни акции за поддршка на лица со финансиски проблеми. Нејзината пријателка Софија Аргиропуло изјавила дека несреќната Елизабета секогаш се плашела од овие кучиња. "Не требаше да замине... Елизабета е родена за да им дава на соседите. А сите овие луѓе на кои им помогна сега плачат", рекла таа меѓу другото. Шокантни се наодите од вештачењето на телото на 50-годишна жена која починала вчера попладне, откако ја нападнале три кучиња, во дворот од нејзината куќа, во солунската населба Неохоруда. Според protothema.gr, резултатите од обдукцијата покажуваат дека жената претрпела десетици каснувања по целото тело. Карактеристично е што само на едната рака се чини дека добила повеќе од десет каснувања од трите кучиња. Потсетуваме, 37-годишниот сопственик на три кучиња е уапсен за незамисливиот случај и обвинителот против него поднесе кривична пријава за убиство од небрежност со можна умисла, поради тоа што не ги презел сите неопходни мерки за обезбедување на кучињата во дворот. „Не можев да предвидам дека кучињата ќе отворат дупка и ќе излезат од дворот“, тврдел пред обвинителот 37-годишниот сопственик на трите кучиња. „Оградата беше во ред, освен што кучињата отворија дупка до точка што не можев да ја видам“, рече тој. 37-годишникот тврди дека „кучињата биле дресирани и немале агресивно однесување. Според бранителот на 37-годишниот Христос Патуна, неговиот клиент е уништен од трагичниот инцидент и изразува длабока тага поради загубата на жената. Хоророт се случил вчера околу 14 часот и 30 минути. Трите кучиња, за кои се вели дека се питбули, побегнале од својот сопственик, дошле во дворот на куќата и ја нападнале несреќната жена, искасувајќи ја до смрт. На местото на настанот била повикана брза помош која констатирала смрт, а по инцидентот полицијата го уапсила сопственикот на кучето и започнала истрага.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter