Жена од Балканот била казнета во Германија за сушење алишта на балконот, платила 50 евра - Канал 5

Жена од Балканот била казнета во Германија за сушење алишта на балконот, платила 50 евра

Жена која живее во Германија и очигледно е од балканско потекло предизвика огромна дебата на социјалните мрежи откако откри дека била казнета - затоа што сушела алишта на нејзиниот балкон.

Жена од Балканот била казнета во Германија за сушење алишта на балконот, платила 50 евра

Таа ја сподели својата приказна во Фејсбук групата „Балканци во Германија“, наведувајќи дека била шокирана кога добила казна од 50 евра за „непочитување на куќните правила“, објави Индекс.

„Криминалец за гаќи“

„Луѓе мои, не знам дали веќе ми е дозволено да правам нешто во оваа земја! Сушев алишта на балконот, сончев ден, сè мириса, кога соседката над мене вика дека „изгледа грдо кога гледа надолу“.

Таа додаде дека во објаснувањето било наведено дека „во зградата не е дозволено да се гледаат алиштата однадвор“.

„Еј луѓе, каде да ги сушам? Во фрижидер? Сега секој пат кога перам, се молам да нема ветер, да не ја дува чорапата до нејзината тераса. Дали некој од вас имал нешто вакво? Или јас сум единствениот „криминалец за гаќи“ во Германија?“, се пошегува таа.

Реакциите на луѓето се поделени

Објавата набрзо стана вирална, а коментарите се менуваа со смеа, воодушевување и совети.

„Планирав да направам колење свињи на балконот кога ќе стане ладно, а сега ме изненадуваш со твојот пост“, се пошегува еден корисник.

Имаше и такви кои веруваа дека казната е оправдана. „Сè е напишано во куќниот ред во зградата! Само мора да го прочиташ“, „Ако во договорот или во куќниот ред пишува дека не е дозволено, тогаш не е дозволено. Веројатно имате сушара во подрумот и таму е дозволено“.

Но, многумина реагираа со допир на иронија и носталгија за порелаксираниот живот на Балканот. „Можеме да вртиме јагне во нашата селендра ако сакаме... да живее селото, каде и да сме“, „Ни се наежила затоа што алиштата ѝ мирисаа премногу силно“, „О Боже, како ме насмеа!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Територијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата.

Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранети

Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.

Девет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранети

Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови.

Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти.

„Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер