Жена низ солзи раскажува за ужасот што го преживеала како заробеничка на Епштајн: Две години ме силуваа - Канал 5

Жена низ солзи раскажува за ужасот што го преживеала како заробеничка на Епштајн: Две години ме силуваа

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Оваа сторија содржи вознемирувачки сведоштва за сексуален напад.

Жена низ солзи раскажува за ужасот што го преживеала како заробеничка на Епштајн: Две години ме силуваа

Џулиет Брајант, која го преживеала Џефри Епштајн, се расплака за време на едно морничаво интервју додека ги опишувала моментите за кои верувала дека можеле да ѝ го чинат животот - додека била сексуално нападната во приватниот авион на осудениот педофил.

Таа рекла дека Епштајн почнал „насилно да ја допира меѓу нозете“ само неколку секунди откако неговиот озлогласен авион, познат како „Лолита Експрес“, полетал. Боингот 727-100 превезувал и жени кои работеле за финансиерот, за кои таа рекла дека биле сведоци на нападот и се смееле додека се одвивало злоставувањето.

Во емотивно интервју за Скај њуз, Џулиет рекла дека во еден момент сфатила во каква опасност се наоѓа:

„Едноставно успеав да помислам - овие луѓе би можеле да ме убијат. Потоа сфатив дека морам да бидам љубезна и пријателска, бидејќи бев во сериозна опасност“, рекла таа низ солзи.

Потсетувајќи се на својата прва средба со Епштајн, таа рекла дека тој ја поканил да седне до него, што за тогаш 20-годишната студентка и амбициозна манекенка била исклучително збунувачка и застрашувачка ситуација.

Таа првпат се сретнала со Епштајн во Кејптаун во септември 2002 година, кога тој бил во посета на Јужна Африка во друштво на поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Само три недели подоцна, таа била префрлена од Јужна Африка во Њујорк, убедена дека нејзините соништа се остваруваат откако тој ѝ понудил да ѝ помогне да започне кариера како манекенка.

Кратко по слетувањето во Њујорк, таа била однесена на аеродромот Тетерборо во Њу Џерси, каде што ѝ било кажано дека патува до приватниот остров на Епштајн на Карибите. Таму, тврди таа, нејзиниот пасош ѝ бил одземен, а во следните две години била држена во заробеништво и постојано силувана од Епштајн. Таа рекла дека не била принудена да има секс со други мажи.

За време на престојот, таа успеала да најде фотоапарат за еднократна употреба со кој фотографирала местата каде што била злоставувана, вклучувајќи го и ранчот на Епштајн во Ново Мексико.

Таа тврди дека Епштајн ѝ понудил 2.000 долари за да регрутира други девојки за него, како и 4.000 долари месечно за да остане со него - што таа го одбила затоа што, како што вели, „не сакала да биде во негова близина“.

Нејзините неизменети е-пораки со Епштајн се дел од најновата серија документи објавени од Министерството за правда на САД, кои покажуваат дека тие останале во контакт до 2017 година. Џулиет тврди дека му праќала пораки кога била пијана или во состојба на ментален слом.

„Се чувствував како да ме гледа. Затоа му пишав. Најдобриот начин да се опише тоа дека сум врзана со невидливи синџири - како да сум во лисици и никој не може да ги види“, рече таа.

Во меѓувреме, нови информации фрлија дополнителна светлина врз рутите на приватниот авион што Епштајн го користел за превоз на жени и девојки низ целиот свет, вклучувајќи чести летови до Велика Британија. Анализата на новооткриените информации идентификуваше патници на десетици таканаречени летови „Лолита експрес“ до и од Велика Британија во период од две децении.

Според достапните манифести, се евидентирани околу 90 летови до аеродромите во Велика Британија, за кои постои сомневање дека превезуваат жртви на трговија со луѓе. Поранешниот британски премиер Гордон Браун ја повикал Метрополитенската полиција да испита дали во Велика Британија се случиле кривични дела поврзани со трговија со луѓе.

Авионот, со сериски број N908JE, првенствено се користел за транспорт на млади жртви помеѓу луксузните имоти на Епштајн во Њујорк, Американските Девствени Острови и Палм Бич, Флорида, но исто така направил неколку застанувања на помали британски аеродроми во близина на кралските резиденции во Англија и Шкотска.

Иако летовите формално биле извршени како деловни летови, жртвите наводно биле принудени да извршат сексуални дејствија во луксузниот авион.

Епштајн се изјасни за виновен во 2008 година за проституција на малолетник, а почина во 2019 година во затвор во Њујорк, каде што чекаше судење по обвинението за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина.

Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар.

Потоа натпреварот беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.

Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.

YouTube video

Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.

Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти.

Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер