ЖивотЖена нашла 5.500 евра во кеш, а кога заминала во банка, веднаш ја вратиле поради неверојатна причинаВо САД, замената на оштетени пари може да биде долготраен и комплициран процес – што од прва рака го почувствувала една 66-годишна жена од Сакраменто.Имено, жена додека расчистувала старо двориште полно со кутии и заборавени предмети, случајно пронашла речиси 6.000 долари во готовина (околу 5.500 евра), за кои целосно заборавила дека ги имала сокриено таму пред неколку години. Иако се надеваше дека парите ќе ѝ помогнат да ги подмири нагомиланите долгови и да си го олесни животот од скромната пензија, доживеа непријатно изненадување. Кога отишла во „Bank of America“ за да ги положи банкнотите, вработените ги одбиле – бидејќи биле прекумерно оштетени и неупотребливи. Како што пренесуваат американските медиуми, влагата и текот на времето сериозно го нарушиле состојбата на банкнотите, па банкарскиот систем не можел да ги прифати како важечко средство за плаќање. Во САД, вакви ситуации ги решава Бирото за гравирање и печатење (BEP), кое им овозможува на граѓаните замена на уништени или оштетени банкноти. Сепак, постапката е сè освен брза – целиот процес може да трае од шест месеци до дури три години. За разлика од Италија и некои европски земји каде ваквата замена е побрза и поедноставна, во Америка тоа е долг и бирократски предизвик. Тоа значи дека жената, и покрај среќното откритие, ќе мора да чека и понатаму да бара решение за своите долгови, пренесува Биз портал. Како што самата изјавила за локалните медиуми: „Помислив дека конечно ми се насмевна среќата, а сега не можам ништо да направам со тие пари. Разочарана сум и уморна.“Тагови: банката Евро САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПадна Владата на УкраинаУкраинскиот парламент, Врховната рада, денес ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко.Целата украинска влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерката, а 258 пратеници гласаа за нејзино усвојување, објавува Укринформ. Свириденко претходно им се заблагодари на пратениците во своето обраќање пред парламентот за нивната заедничка работа во текот на целата година и на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја покажаа, објавува агенцијата. Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, вчера објави на Фејсбук дека оставката на премиерката Јулија Свириденко стигнала до украинскиот парламент. „Благодарен сум на Јулија Анатолиевна за нејзината работа на чело на владата во исклучително тежок период за земјата, нејзиниот придонес во зајакнувањето на економијата, поддршката на граѓаните и напредокот на нашата земја на патот кон Европската унија. Ѝ посакувам успех во понатамошната работа“, додаде претседателот на украинскиот парламент. Зеленски претходно најави реорганизација на Кабинетот на министри како дел од спроведувањето на нова политичка стратегија и промената на раководителите на безбедносните и судските институции. На 17 јули 2025 година, Врховната Рада го поддржа назначувањето на Јулија Свириденко за премиер на Украина. Според извори на „Укринформ“, гласањето во парламентот за назначување на нова влада се очекува да се одржи на 16 јули. Дотогаш, првиот заменик-премиер, поранешниот премиер Денис Шмигал, привремено ќе ја извршува функцијата шеф на владата. Фото: ВИТагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа. Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година? Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие. Бране Петрушевски ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПротоколарна средба на претседателот на Собранието со британскиот амбасадор Метју ЛосонГаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. Денеска во Собранието се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Беа констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика. Претседателот Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. Го истакна значењето на проектната помош за Собранието што се одвива преку Весминстер фондацијата за демократија и со која се зајакнуваат функциите на Собранието и Службата. Амбасадорот Лосон изрази задоволство за потврдата на продолжување на веќе воспоставената соработка. Претседателот Гаши го информираше амбасадорот за процесот на дигитализација на Собранието, за зајакнувањето на надзорната улога на Собранието, како и за подигнувањето на нивото на политичката култура во Собранието и подобрувањето на перцепцијата на законодавниот дом во јавноста. Двајцата соговорници разменија мислења околу претстојните активности на Собранието, можностите и модалитетите во рамките на веќе утврдената соработка, но и за потенцијалите на друг вид на соработка од взаемен интерес. Беше изразена посебна благодарност до Обединетото Кралство за водечката улога и поддршка во развитокот и во клучните историски моменти на нашата земја како независна европска демократија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55