Трамп објави „енергетски“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина, Москва не го потврди постигнувањето на договорот
Тешки навреди кон новинарот Видиновски –Осудени лица, партиски членови и пробугарски профили во вербален напад! (ФОТО)
1Трамп објави „енергетски“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина, Москва не го потврди постигнувањето на договорот
2Тешки навреди кон новинарот Видиновски –Осудени лица, партиски членови и пробугарски профили во вербален напад! (ФОТО)
ЖивотЖена наеднаш пропадна во дупка длабока 7,5 метри, ја спасуваат пожарникари (ВИДЕО)Драматична снимка е снимена во градот Фонтана (Калифорнија), по извештаите дека жена излегла од приколката и паднала во дупка.Останува нејасно како се случило тоа, а се вели дека дупката „едноставно се појавила“. Пожарникарите биле повикани од вознемирените членови на семејството откако слушнале лелек што доаѓал од темната бездна. Спасувачите пристигнале на местото на настанот вчера, околу 9:45 часот, а жената била при свест и молела да биде извлечена на површината, јавува Yahoo.News. Локалните медиуми во живо ја пренесуваа акцијата за спасување, како и моментот кога еден од пожарникарите бил спуштен во дупката длабока 7,5 метри. Тој успеал да ја спаси жената, која била извлечена на безбедно со помош на јажиња. Веднаш била пренесена во болница каде ѝ биле констатирани повреди на ногата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп објави „енергетски“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина, Москва не го потврди постигнувањето на договоротАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави енергетски прекин на огнот меѓу Русија и Украина, кој, според него, стапува на сила веднаш.Украинскиот претседател Зеленски побара дополнителни детали, но порача дека Украина го поддржува договорот.Сепак, тој соопшти дека руските сили нападнале повеќе украински електрани, вклучувајќи објекти во Киев и во Харков. Нападите предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија. Москва засега не го потврди постигнувањето на договорот. Русија од почетокот на инвазијата систематски ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура. Киев, пак, возвраќа со напади врз руските рафинерии за нафта. Прекинот на огнот доби поддршка од Велика Британија, Франција, Канада и Европската комисија. Во меѓувреме, европските сојузници го критикуваа привременото олеснување на американските санкции за рускиот дизел. Зеленски го оцени потегот како слаба одлука, предупредувајќи дека може да ја охрабри Москва.Тој изјави дека Украина е подготвена да организира избори доколку Русија прифати 60-дневен целосен прекин на огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТешки навреди кон новинарот Видиновски –Осудени лица, партиски членови и пробугарски профили во вербален напад! (ФОТО)„Политички гамад“, „Српска геноцидна фашистичка стапица“, „Уништувач на патриотизмот“ – ова се дел од навредите и клеветите кои вчера, најверојатно синхронизирано, ги објавија и споделуваа повеќе фејсбук-профили.„Политички гамад“, „Српска геноцидна фашистичка стапица“, „Уништувач на патриотизмот“ – ова се дел од навредите и клеветите кои вчера, најверојатно синхронизирано, ги објавија и споделуваа повеќе фејсбук-профили на луѓе кои се членови на помали политички партии, дел се осудени лица, а дел се пробугарски профили кои редовно пласираат антимакедонска содржина. Сите овие споделуваа текст од извесен Блаже Аризанов, активист во партијата „Македонски концепт“, кој, поради негативните коментари кон него и поддршката за Видиновски, го ограничи пристапот до својата објава. Во исчекување на реакции од новинарските здруженија, според информациите, ќе се поведе и правна постапка против сите оние кои го навредуваат новинарот и уредник на Канал 5 Телевизија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во РијадЕдно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија., пренесува Би-Би-Си.Загинатиот е државјанин на Пакистан, соопштија саудиските власти. 🔴 Exclusive footage obtained by Al Arabiya English shows Umrah pilgrims preparing to board their flights as the Houthi attack struck Riyadh’s King Khalid International Airport. https://t.co/Ws92NujHKd — Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) October 11, 2026 Проектил погодил една од патничките сали, по што избувнал пожар.одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути.Тие соопштија дека користеле ракети и беспилотни летала. 🇺🇸🇸🇦 The FAA is now warning American airlines that flying over Saudi Arabia could be dangerous at any altitude. The warning follows Houthi strikes on Riyadh's international airport that killed 13 people and wounded more than 300. The FAA is also concerned about interference with aircraft navigation systems, and Riyadh's airport remains closed. What's particularly worrying is that Saudi Arabia's main international gateway is now facing the kind of aviation risks the kingdom has spent years trying to contain. Delta is supposed to launch direct Atlanta-Riyadh flights on October 23. That decision just became considerably more complicated. Source: Reuters / Writer: Oliver — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 12, 2026 Хутите тврдат дека нападнале и нафтени постројки и аеродромот во Дамам.Во претходниот напад врз аеродромот во Ријад загинаа 13 лица, а 308 беа повредени. Саудиската коалиција најави одговор на нападите. Трамп најави брза одлука за можни воени дејствија против Хутите. И Велика Британија најави можност за дополнителна поддршка на Саудиска Арабија. Македонската амбасада упати апел до македонските државјани во Саудиска Арабија да ги следат безбедносните препораки и да постапуваат според упатствата на локалните власти, дежурен телефон. +971 56 441 7532.Поради влошената безбедносна состојба, се препорачува избегнување патувања во ризичните области.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00