Жена на арапски милионер покажа колку пари сопругот троши на неа за една недела, снимката е хит - Канал 5

Жена на арапски милионер покажа колку пари сопругот троши на неа за една недела, снимката е хит

Сопругата на арапскиот милионер Џамал ​​Бин Надак, инфлуенсерката Сауди по потекло од Британија, редовно објавува видеа на TikTok во кои се фали со својот луксузен начин на живот.

Жена на арапски милионер покажа колку пари сопругот троши на неа за една недела, снимката е хит

Во неодамнешната објава таа се пофали со луксузот што ѝ го овозможува нејзиниот богат сопруг и откри колку троши на неа за една недела.

Таа се пофали дека испила кафе од 186 евра во луксузен ресторан со позлатени чинии и чаши, а потоа ги покажа дизајнерските чанти и објави дека нејзиниот сопруг потрошил 50.000 долари (околу 46.000 евра) за нејзиниот луксузен шопинг.

Патувањето во Европа чинело половина милион долари (465.000 евра), луксузната вечера 1.500 долари (скоро 1.400 евра), а за маникир во салонот оставила 1.200 долари или 1.100 евра. Така, арапскиот милионер таа недела на сопругата потрошил околу 513.000 евра.

„Секогаш претерувам во Дубаи“, напишала таа покрај објавата, која собра повеќе од 3,7 милиони прегледи.

@soudiofarabia I always over spend in Dubai✨ #millionaire #fyp #dubai #ksa ♬ Habibi (Albanian Remix) - Ricky Rich & Dardan

„Не ти верувам“, „Денес имав хамбургер за ручек“ и „Каков маникир чини 1200 долари?“ се само дел од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии во Ормускиот Теснец

Танкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни.

Експлозии во Ормускиот Теснец

Танкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни и дека не е пријавена штета врз животната средина.

UKMTO во известувањето наведе дека инцидентот се случил на околу девет наутички милји (16,7 километри) југоисточно од градот Кумзар во Оман и дека извештајот за инцидентот бил доставен со задоцнување, пренесува Ројтерс.

Според центарот, командантот на танкерот пријавил дека слушнал две експлозии додека минувал низ Ормускиот Теснец.

Инцидентот се случи во период на зголемени тензии во областа на Ормускиот Теснец, по неодамнешните воени судири меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Големи изненадувања во Монтреал!

Шок по шок во Монтреал! Големи изненадувања го одбележаа второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал.

Големи изненадувања во Монтреал!

Мастерсот во Монтреал уште во второто кола остана без првиот и четвртиот ностле.

Првиот и четвртиот носител, Александар Зверев и Данил Медведев, се елиминирани од холандски тенисери, а натпреварувањето го заврши и Тејлор Фриц.

Третиот тенисер во светот, Александар Зверев, го одигра својот прв меч по поразот од Јаник Синер во финалето на Вимблдон, но веднаш го заврши своето учество во Канада. Германецот беше поразен од Талон Грикспор со резултат 6:7 (3:7), 6:2, 6:4.

Холанѓанецот, кој моментално е 69-ти на АТП-листата, пристигна во Канада со само една победа од претходните осум меча на АТП-турнејата, но успеа да ја забележи својата трета победа во кариерата против Зверев.

Престојот во Канада заврши и за четвртиот носител, Данил Медведев.

Рускиот тенисер во 2 коло загуби од Ботик ван де Зандшулп со 6:3, 7:6 (7:5), со што Холанѓанецот ја оствари својата прва победа во нивните меѓусебни дуели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски повеќе не може да се брани со лаги - сега праќа тепачи

Мицкоски повеќе не може да ги скрие неуспесите.

СДСМ: Мицкоски повеќе не може да се брани со лаги - сега праќа тепачи

Не му помагаат ниту 40% од Орбановите медиуми, ниту фармите на тролови, ниту бот-платформите наследени од сестринската СНС.

Народот ги прочита.

Катастрофалната економија, постојаното задолжување и труењето на цела Македонија повеќе не се кријат зад пропаганда.

Затоа сега ја увезува и медиумска машинерија на Вучиќ - Ало групацијата (вклучувајќи го озлогласениот Информeр и други).

Се увезува лиценца за Еуроњуз што треба да ја води Ивона Талевска.

Целата мрежа под команда на „Началникот“ Латас - човек поврзан со српските служби. Треба да почнат во септември.

Целта е јасна: медиумски мрак по модел на Вучиќ.

А додека мрежата уште не е целосно активирана, веќе ја презеде и техниката на Вучиќ на напад и тепање на неистомисленици кои сакаат да се слушне нивниот глас.

Во Србија удираат по неистомисленици, повеќе од една година.

Кај нас почна од вчера вечерта.

Синоќа во Ново Село беа нападнати млади активисти на СДСМ.

Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена.

Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе.

Еден од нив е возачот градоначалникот на Струмица, извесен Наско Димитриев.

Ова не смее да остане неказнето.

Мицкоски ја премина секоја граница.

Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат.

Уште денеска да ги идентификуваат напаѓачите и да ги лишат од слобода.

Сите до еден.

Нема да дозволиме и ова да помине неказнето.

Фашистички методи нема да дозволиме. Доволно е што Латас спроведува Гебелсови техники во медиумите, нема да дозволиме тоа да се случува и на улица.

Младите не се плашат.

Народот е буден.

А стравот веќе не им е сојузник!

Скопје, 06.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер