Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани
1Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани
ЖивотЖена му го пресекла пенисот на својот маж и потоа пенисот го закачила на балониЖена од Тајланд е обвинета дека го дрогирала својот маж и потоа му го отсекла пенисот кој потоа го врзала за балони и го пуштила да одлета на небото.47 годишниот Прајун Екланг е хоспитализиран откако неуспешно се обидувал да ја фати својата жена , која според сведочењето на очевидци побегнала со неговиот исечен пенис , изјави еден полициски капетан од Банкок. Прајун испил две таблети за спиење кои му ги дала неговата сопруга мислејќи дека се лекови за алергија. Кога подоцна се разбудил поради силни болови во пределот на препоните ја видел својата жена со неговиот пенис во една рака а во другата имала нож. Според полицијата зашеметениот маж не очекувал ниту помислувал дека неговата сопруга ќе му го пресече пенисот. Локалните медиуми пренесуваат дека жената исечениот пенис го закачила за балони кои ги пуштила да одлетаат на небото. Инаку на Тајланд не е реткост лутите жени со сечење на пенисот да ги казнуваат неверните мажи. Поради тоа тајландските доктори измислиле неколку различни техники за повторно спојување на отсечениот орган.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓаниГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Црвениот крст, подели социјални пакети со прехранбени производи на 50 пензионери со минимални пензии.„Солидарноста и грижата за повозрасните граѓани треба да бидат наша секојдневна обврска. Во време кога изостанува потребната социјална грижа од државата, ние како локална самоуправа сме тука да помогнеме. Годинава ја зголемивме еднократната финансиска помош за пензионерите на 5.000 денари, како што и ветивме. Со овие пакети сакаме да им дадеме дополнителна поддршка на нашите пензионери, особено во пресрет на новогодишните празници. Ова е дел од низата хуманитарни активности што ги подготвуваме во овој период“, порача Герасимовски. Со оваа акција Општина Центар ја потврдува посветеноста на социјална поддршка за најранливите категории граѓани. Преку соработката со Црвениот крст, општината продолжува да ја поттикнува солидарноста и хуманоста, затоа што и малата помош може да значи многу за оние на кои им е најпотребна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЗдравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратенНајголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година. Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови. Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени. Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек. Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.Тагови: здравко чолиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМајка во грција продала дете за 3.500 евра Две жени во Грција се под истрага и се соочуваат со обвиненија за незаконско посвојување, откако полициските проверки откриле сомнение дека новороденче било продадено од неговата мајка на друга жена во замена за пари.Според информациите објавени од грчката државна телевизија ЕРТ, 40-годишната мајка се сомничи дека на почетокот на оваа година го предала своето новородено бебе на 32-годишна жена од Аспропиргос, населено место западно од Атина. За продавањето на детето, наводно, добила 3.500 евра, а сомнежите се дека парите ги искористила за да купи автомобил.Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter