Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот, спречување на кражби и справување со кризни ситуации
2Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот, спречување на кражби и справување со кризни ситуации
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
3Мојсов одржа предавање на МАНУ на тема „GLP-1: од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина
СудбинаЖена излегла од автомобил и пропаднала во отворена шахта среде Менхетн- ѝ немало спас (ВИДЕО)56-годишна жена која го паркирала својот автомобил до непокриена шахта што не ја забележала, паднала во дупката и загинала, соопшти полицијата во Њујорк.Во соопштението се вели дека несреќната жена го паркирала своето возило веднаш до шахтата, во близина на аголот на Петтата авенија на Менхетен, во понеделник вечерта, и паднала внатре штом излегла од автомобилот, пишува Гардијан. Градската полиција соопшти дека полицајците ја пронашле жената во несвест на дното од шахтата и дека била прогласена за мртва во локалната болница. Комуналната компанија „Кон Едисон“ соопшти дека ја истражува несреќата, но не наведуваат зошто шахтата била откриена. Се очекува канцеларијата на главниот медицински иследник во градот формално да ја утврди причината за смртта, се вели во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени. До крајот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот, спречување на кражби и справување со кризни ситуацииа подрачје на општина Чашка пак, денеска беше реализирана превентивна активност за заштита од кражби.Денеска (28.09.2026) во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци беше реализирана показна вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, односно симулација на пожар, во рамки на која полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со екипи од Територијалната противпожарна единица, ОО на Црвен Крст и Итна медицинска помош Кавадарци, ги презентираа мерките за заштита и спасување и начинот на постапување на службите на терен при евентуално настанат пожар. Целта е учениците да се запознаат со начините и протоколите за однесување во кризни ситуации, односно начинот на евакуација и брза интервенција при пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање во претпоставена ситуација. Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес реализираа превентивна активност „Вози технички исправно возило“, со цел подигање на степенот на сообраќајна култура, при што на возачите им беше нагласена обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. На подрачје на општина Чашка пак, денеска беше реализирана превентивна активност за заштита од кражби, со цел да им се појаснат на граѓаните начините како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Полициски службеници од полициските станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, Свети Николе и Кочани во основни општински училишта на нивно подрачје реализираа едукативни предавања на учениците со цел запознавање со основните правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама над Балтикот: НАТО шест пати крена борбени авиониСите руски авиони летале без планови за лет и со исклучени транспондери.Борбени авиони кои учествуваат во мисијата на НАТО за воздушно патролирање над балтичките земји беа кренати во воздух шест пати минатата недела за да идентификуваат и да спроведат руски воени авиони кои ги прекршиле правилата за летање, соопшти денеска Министерството за одбрана на Литванија. Министерството наведе дека на 21 септември, ловци на НАТО полетале за да пресретнат руски извидувачки авион „Ил-20“, објави Литванското национално радио и телевизија. Истиот ден, ловците патролирале и во воздушниот простор во близина на летонско-белоруската граница, а на 22 септември биле кренати во воздух за да идентификуваат два авиона „Су-30“. Еден ден подоцна, ловците пресретнале три авиона „МиГ-31“, еден патнички авион „Ту-134“, еден повеќенаменски ловец „Су-30СМ“ и три авиона „Су-30М2“. Авионите на НАТО исто така идентификувале еден „Су-35“, два „Су-30М2“ и руски извидувачки авион „Ил-20“. Беше соопштено дека на 26 септември ловците пресретнале бомбардер „Су-24“. Сите руски авиони летале без планови за лет и со исклучени транспондери. Мисијата на НАТО за воздушно патролирање над балтичките земји се спроведува од воздухопловни бази во Литванија и Естонија. Извор: Б92Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07